Автор: инфодеск
Post Views: 67 Објектот „Билјана“ на охридската градинка доби детско игралиште на иницијатива на родители на дечиња кои ја посетуваат градинката и со обезбедна донација, информираат од ЈОУДГ „Јасна Ристеска„ Охрид.– Нашиот родител Атанас Поп-Стефанија и останатите родители од објект Билјана во соработка со Славеј А.Д- Центар за ортотика и протетика ни го обезбедија ова игралиште во кое ќе уживаат многу идни генерации на дечиња, велат од ЈОУДГ „Јасна Ристеска„ упатувајќи јавна благодарност.
Британска вечер на Охридско лето
Post Views: 49 Британската вечер што фестивалот „Охридско лето“ ја одржува со поддршка на Амбасадата на Велика Британија во Македонија вечерва ќе донесе концерт на пијанистот Бери Даглас.Концертот ќе се одржи во црквата „Света Софија“ со почеток во 21 часот.Како музичар со рецитали и камерен музичар Бери Даглас настапува низ целиот свет, во престижни сали како Ројал Алберт Хол, Барбикан и Вигмор Хол во Лондон, на фестивалот во Вербие, во Забранетиот град и во концертната сала во Пекинг, во Големиот театар во Шангај како и во други градови во...
Денес за најмладите балетската претстава „Барби“
Post Views: 54 Во рамки на програмата на Општина Охрид наменета за најмладите, под мотото „Културата расте со децата“ денес, петок, со почеток во 21.00 часот на сцената кај ТЦ „Амам“ ќе се одржи детската балетска претстава „Барби“ во изведба на охридско детско балетско студио „Наталис студио“.
Денес сончево и многу топло со умерена облачност
Post Views: 36 Денес сончево и многу топло со мала до умерена облачност. Во попладневните и вечерните часови наместа ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи, локално во форма на невреме со интензивен пороен дожд, силен ветер и појава на град. UV индексот ќе биде 9.До средината на следната седмица во попладневните и вечерните часови ќе има локална нестабилност со пороен дожд, грмежи, засилен ветер и услови за невреме со интензивен пороен дожд, силен ветер и појава на град. Температурата ќе биде во постепено опаѓање, велат од УХМР.Во Охрид минималната температура 19...
Санкционирани 70 мотоциклисти поради непочитување на правилата и законите
Post Views: 95 Полициската станица за безбедност во патниот сообраќај Охрид, од почетокот на јули, реализира 70 акциски контроли кон возачите на мотори и мотоцикли и по разни основи од Законот за безбедност во патниот сообраќај, санкционира 70 мотоциклисти. Санкциите се изречени поради констатирано управување на мотоцикли без заштитен шлем односно кацига, управување нерегистрирани мотоцикли или пред стекнување со соодветна дозвола, управување мотор без соодветна категорија, управување со поголема брзина од пропишаната како и брзото ноќно возење кое предизвикува зголемена бучава...
Превентивни кампањи за заштита од пожари за туристите кои патуваат преку Галичица
Post Views: 66 Со цел подигнување на јавната свест за потребата од заштита на шумите од пожари, полициски службеници од Полициската станица за гранични проверки „Св.Наум” и претставници на Јавната установа „Национален парк Галичица”, деновиве спроведуваат превентивно-едукативна кампања.Имено, тимови од полициски службеници и претставници на Националниот парк, кај кракот што од регионалниот пат Охрид – Св.Наум води кон туристичката населба Отешево, на граѓаните им делат летоци со едукативна содржина и, притоа, низ непосредни разговори со нив, ги потсетуваат на...
Австриска вечер со виенскиот квартет „Арпеџо“
Post Views: 52 Фестивалот „Охридско лето“ со поддршка на Австриската амбасада во земјава вечерва ја организира традиционалната Австриска вечер на која ќе настапи музичкиот состав „Арпеџо“ од Виена. Концертот на класична музика ќе се одржи во црквата „Света Софија“ со почеток во 21 часот, а на репертоарот ќе бидат дела за виолина, виола, виолончело и харфа. Ќе настапат Леонард Фурда, прва виолина, докажан виолинист и член на Виенскиот камерен оркестар.Втората виолина е Јохана Лакроа, слободен уметник која настапува како солист, но и со Камерната...
Вечерва на „Охридско лето“ изложба под наслов „Калиопе“
Post Views: 48 Фестивалот „Охридско лето“ и Австриската амбасада во земјава денеска организираат изложба со наслов „Калиопе- Жените во општеството, културата и науката“.Изложбата ќе биде отворена во малиот изложбен салон на Центарот за култура „Григор Прличев“ во Охрид со почеток во 19 часот и 30 минути.Австриското Сојузно Министерство за европски и меѓународни работи и Женскиот музеј во австриското гратче Хитисау во покраината Форарлберг ја промовираат работата и достигнувањата на жените од Австрија на секаде во светот. Оваа изложба е потсетник на...







