Автор: инфодеск
Post Views: 80 Вчеравечер на плажата „Славија“ во Охрид свечено беше отворено седмото издание на Фестивалот на европски филм BEACH FILM FESTIVAL.Во името на градоначалникот Кирил Пецаков, пред присутните се обрати советничката во Советот на Општина Охрид, Александра Настоска Николоска.– Неописливо е чувството на радост и задоволство, оваа прекрасна јулска вечер, да се биде овде, покрај Охридското Езеро и да се доживее оваа уникатна атмосфера, која ни ја приредува седмото издание на Фестивалот на нов европски филм – BEACH FILM FESTIVAL. Оваа манифестација, од...
Ранохристијанската базилика на локалитетот „Манчевци“ повторно во полн сјај достапна за пошироката јавност
Post Views: 58 НУ Завод и Музеј Охрид со своите стручни лица ги отвори мозаиците на базиликата. Од установата изразуваат благодарност на Проф. д-р Зоран Тунтев за пригодната илуминација на локалитетот, која во вечерните часови претставува нова туристичка атракција во градот во летниов период.Локалитет “Манчевци” е делумно истражен во текот на 2007 година при што се отстранети два објекти. По извршените археолошки ископувања на овој археолошки локалитет во старото градско јадро на Охрид, констатирана е ранохристијанска базилика од која се откриени делови од северниот и...
Привршуваат работите на конзерваторскиот тим од НУ Завод и Музеј Охрид за колекцијата слики од Вангел Наумовски
Post Views: 117 Привршуваат работите на конзерваторскиот тим од НУ Завод и Музеј Охрид, околу конзервирањето и припремата за изложување на колекцијата слики од Вангел Наумовски сопственост на Св.Еразмо – Специјалната болница за ортопедија и трауматологија Охрид.Конзерваторскиот тим кој работеше две недели на овој проект изврши детална проверка на делата, отстранување на нечистотијата, китирање и поправка на оштетените делови на сликите и ретуширање на оштетените од човечки фактор покрај временски и атмосферски фактор сликарски површини. Во овој доста краток период се...
Вечерва на плажа Славија започнува седмото издание на Beach Film Festival
Post Views: 53 Со црногорски филм ЖИВИ И ЗДРАВИ вечерва во 20 ч. и 30 минути на Плажа Славија започнува седмиот Фестивал на нов европски филм BEACH FILM FESTIVAL- ОХРИД 2024.ЖИВИ И ЗДРАВИ е црногорски филм од 2023 година, во режија и сценарио на Иван Мариновиќ во кој како копродуценти се уште и С. Македонија, Хрватска , Србија , Словенија и Чешка.Премиерата на филмот се одржа на филмскиот фестивал во Талин во 2023 година, а беше прикажан и на 71. Пулски фестивал во една од натпреварувачките програми.Главните улоги во филмот ги толкуваат: Тихана Лазовиќ,Горан...
Расте интересот за едрење, но на Охрид му недостига наутичка инфраструктура
Post Views: 54 Голем е интересот за едрење и кај младите и кај возрасните, но услови за развој на едриличарството нема. На Охридското Езеро пловат околу 30 тина едрилици, а тоа се единствените зелени еколошки пловила кои не предизвикуваат загадување. Главен проблем е немањето на доволно сидришта и место за чување на едрилиците. Доколку Охрид има соодветно пристаниште за сидрење на еколошките пловила дополнително ќе се развиваат наутичките спортови. Охридското Езеро има голем и неискористен потенцијал за наутички туризам.„Најголем проблем за развој на едрењето...
Пожар на нива во Мешеишта и два физички напади во Охрид во најновиот билтен на СВР
Post Views: 87 На 15.07.2024 во 12.30 часот во СВР Охрид е пријавено дека на нива засадена со пченица и јаболка во селото Мешеишта, општина Дебрца, настанал пожар во кој нема повредени лица. Интервенирала Територијалната противпожарна единица од Охрид.На 16.07.2024 година во 12.40 часот на булеварот „АСНОМ” во Охрид, охриѓани на возраст од 62 и 64 години, физички нападнале 62 годишно лице од Охрид. Против напаѓачите, ќе биде поднесена соодветна пријава.На 16.07.2024 во 14 часот, полициски службеници од СВР Охрид привеле 36 годишно лице од Штип, кој претходно на улица...
Долги и стоечки овации за маестро Герхарт Рајхенбах
Post Views: 48 Еден од водечките германски класични гитаристи, Герхард Рајхенбах настапувајќи на програмата на 64. „Охридско лето“ уште еднаш ги потврди високите стандарди на неговото елитно музицирање.Љубителите на музиката од класичниот жанр во црквата вчеравечер во „Света Софија“ не останаа рамнодушни слушајќи одбрани дела од композиторите Јохан Каспар Мерц, Маури Џулијани, Јохан Себастијан Бах, Исак Албениц, Федерико Морено-Тороба и Жоакин Родриго.-Беше голема честа за мене што бев поканет да свирам, тука, на ова место, во оваа стара и светски позната црква „Св...
Во Охрид изработен првиот робот – хуманоид во регионот
Post Views: 117 Изработен првиот робот – хуманоид во регионот. Роботот кој е во димензии и наликува на човек ги инкорпорира сите функции на груба и фина роботика и лесно може да учи од однесувањето на човекот. Да се надградува и усовршува во професионален контекст.Тоа ќе биде првиот робот во земјава кој што ќе биде ставен во во оператива да работи во одреден сектор. Може да најде примена во хотелско угостителскиот сектор.„Сигурно ќе најде примена во многу области, прво е туризмот и угостителството знаеме дека човештв ото надмина 8 милјарди луѓе светска...







