Skip to main content

Автор: инфодеск

Пуштена во употреба реконструираната улица „7-ми Ноември“

Post Views: 62 Како дел од денешните теренските активности, градоначалникот Кирил Пецаков и премиерот Христијан Мицкоски ја пуштија во употреба реконструираната улица „7-ми Ноември“. Оваа важна сообраќајница е изведена по сите современи стандарди и во голема мера ќе ги подобри условите за учесниците во сообраќајот.Во рамки на проектот за реконструкција извршено е постaвување на нов асфалт на коловозната лента. Изведени се нови тротоарски површини, извршена е изградба на нова велосипедска патека и нова атмосферска канализација во должина од 700м. Поставена е...

Продолжи со читање

Седмо издание на Beach Film Festival во Охрид

Post Views: 64 На 17-ти јули (среда) започнува седемото издание на Beach Film Festival во Охрид. До 21 јули Фестивалот нуди богата програма со филмски проекции и музички перформанси на 4 локации во Охрид, и тоа на Плажа Славија, Плажа Сараиште, Брод Армада и Младинскиот културен центар. Ќе бидат прикажани филмови за сите возрасти, вклучувајќи ги и најмалите. Селекцијата на филмови смело ја опишува моменталната состојба на светот, современите проблеми, миграциите, правата на децата, семејствата и врските, велат организаторите.Овогодинешното издание на фестивалот ќе биде...

Продолжи со читање

Ќе се избира нова фирма за до го доизгради затворениот базен во Охрид

Post Views: 52 Ќе се раскине договорот со фирмата која цели 9 години го гради затворениот базен во Охрид. Министерот за спорт, Борко Ристовски најави нов проект за спортскиот комлекс и отпочнување на доградбата на овој значаен објект. Планот е на есен да се избере фирма која ќе има задача во најбрз можен рок да го догради затворениот базен, проект кој долги години го очекуваат охриѓани и спортските клубови.„ Ситуациите кои беа тогаш и ситуациите кои што се денеска не се исти мора да се направи нов проект нова процена колку ке чини завршувањето на базенот во Охрид. Она што...

Продолжи со читање

Завршена е санацијата на спортскиот полигон во село Оровник

Post Views: 66 Заврши санацијата на спортскиот полигон во село Оровник, Извршена е санација на заштитните огради од сите страни, поставено е ново рефлекторско осветлување, а ќе бидат набавени и две кошаркарски табли, со обрачи, велат од општина Дебрца.Средствата се обезбедени од Буџетот на општината за 2024 година.

Продолжи со читање

Од денеска се воведува целосна забрана за движење во шумите

Post Views: 49 Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство по барање на ЈП „Национални шуми“, даде согласност за воведување на целосна забрана за движење во шумите и шумското земјиште.Ваквата согласност се дава согласно членот 57, став 3 од Законот за шумите, поради зголемена опасност и превенирање од појава на шумски пожари на отворен простор.Целосната забрана за движење во шумите и шумското земјиште се воведува на територијата со која стопанисува ЈП „Национални шуми“, и истата започнува од 15.07.2024 година во терминот од 06:00 до 20:00 часот и ќе трае се...

Продолжи со читање

Утревечер хуманитарен концерт на Сараиште во спомен и чест на Андреј Лаброски

Post Views: 55 Утре со почеток во 19:00 часот на плажата Сараиште ќе се одржи концерт во спомен и чест на Андреј Лаброски.Влезот е слободен, но ќе биде поставена кутија за донации и целата сума на пари ќе биде донирана за децата од ранливите категории, велат од Вокално инструменталниот состав Билјана.Од ВИС Билјана додаваат сите посетители да си понесат перниче, пешкир или столче за седење бидејќи концертот ќе се одржи на плажа.

Продолжи со читање

Општина Струга

Општина Струга: Сите кои поставиле урбана опрема без одобрение да платат за користење на јавниот простор

Post Views: 87 Од Општина Струга ги известуваат сите физички и правни лица што поставиле урбана опрема без Oдобрение или Pешение издадено од Општината, да ги измират обврските према надлежниот орган за користење на јавниот простор. Ова известување е направено врз основа на Програмата за поставување на урбанта опрема на територијата на Општина Струга со бр. 08-5371/11 од 29.12.2023, посочуваат од општината.Додаваат дека на сите лица што нема да постапат во согласност со ова Известување, ќе им биде изречена парична Глоба врз основа на член 161-a и 161-б од Законот за...

Продолжи со читање

Словенечкиот народен театар од Марибор вчеравечер ја изведе монодрамата „Безгрешна“

Post Views: 48 Словенечкиот народен театар од Марибор вчеравечер во предворјето на црквата „Света Софија“ за публиката на фестивалот „Охридско лето“ ја донесе монодрамата „Безгрешна“. Претставата е адаптција на романот на Колм Тоибин за Словенечкиот национален театар од Марибор, сплетувајќи четиринаесет мисловни пејзажи, олтар на љубовта, на загубата, на осаменоста, на потрагата по смисла во раните кои никогаш не исцелуваат. Фестивалската публика уживаше во извонредната актерска игра на Наташа Матјашец Рошкер која ја толкуваше улогата на Марија, мајката на Исус.-Оваа...

Продолжи со читање