Автор: инфодеск
Post Views: 41 Програмата на фестивалот „Охридско лето“ вечерва продолжува со стенд-ап „Шоу биз“ на српскиот актер Никола Ѓуричко што ќе се одржи на сцената „Долни Сарај“ со почеток во 21 часот. Три години по многу успешниот стенд-ап на Ѓуричко „Сè што сакавте да знаете за Џони, но никогаш не смеевте да го прашате“, тој креира ново шоу со наслов „Шоу биз“ кое како претходниот стенд-ап го пишува сам.Овој перформанс доаѓа по речиси три години отсуство од сцената, како негова потреба повторно да биде со луѓе и пред публика.„Шоу биз“ на хумористичен начин раскажува...
Активно портокаловото ниво за опасност од високи температури
Post Views: 72 Продолжува периодот на сончево и многу топло време со максимална дневна температура која насекаде ќе биде над 30°C, а наместа ќе надминува 40°C поради што до крајот на работнава седмица ќе биде активно портокаловото ниво за опасност од високи температури.Во Охрид температури од 18 до 36 степени, со УВ индекс 10.Промена на временската состојба ќе има во петок кога во попладневните часови ќе има локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер.
Амбасадорот на Словенија Прескер во посета на Општина Охрид
Post Views: 42 Амбасадорот на Р. Словенија Н. Е. Грегор Прескер во придружба на Почесниот словенечки конзул со седиште во Охрид, Шенол Ислам беше во прва официјална посета на Општина Охрид.На работната средба се разгледуваа можностите, проекти на локалната власт од областа на екологијата, животната средина и водоснабдувањето да бидат поддржани од словенечката влада со аплицирање на меѓународни тендери.Двете страни изразија согласност за воведување дирекни авионски линии Охрид – Љубљана особено во летниот период од...
Mинистерката за енергетика Божиновска на средба со градоначалникот Пецаков
Post Views: 38 Градоначалникот на Охрид, Кирил Пецаков денеска ја прими министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска која беше во прва официјална посета на Општина Охрид.На работниот состанок, градоначалникот Пецаков и министерката Божиновска потпишаа меморандум за соработка.Страните потписнички меѓусебно ќе соработуваат и взаемно ќе укажуваат помош и поддршка со цел размена на информации, податоци, искуства, знаења, едукација и обука како и остварување на други видови на соработка согласно законски утврдената надлежност на дветре...
Претседателката Сиљановска Давкова ги награди најдобрите студенти – дипломци на техничките факултети
Post Views: 96 На свечена церемонија на платото пред црквата „Свети Климент и Пантелејмон“- Плаошник, вчера попладне традиционално беа доделени признанијата Инжинерски прстен. Претседателката Гордана Сиљановска Давкова, како покровител ги награди најуспешните студенти кои дипломирале на македонските факултети што негуваат инженерски дисциплини.Во своето обраќање на церемонијата на доделување, Сиљановска Давкова, упатувајќи честитки до добитниците на ова престижно признание, ја нагласи исклучителната важност на инженерството во градењето на нашата држава и нејзиното...
Во вторник општина Дебрца ќе спроведе теристичка (од земја) дезинсекција против комарци
Post Views: 64 Согласно Законот за заштита на населението од заразни болести ( Сл. весник на РМ 66/2004, 139/2008 и 99/2009, 149/2014 ,150/2015 и 37/2016), а врз основа на одлуката на Советот на Општина Дебрца за спроведување на превентивна систематска дезинсекција на територијата на општина Дебрца како општа противепидемиска мерка , Општина Дебрца го издава следното соопштение:Се известуваат граѓаните кои одгледуваат пчели на подрачјето на општина Дебрца дека на ден 16.07.2024 год. (вторник) ќе спроведе теристичка (од земја) дезинсекција со цел уништување на возрасни...
Црвен крст Охрид организираше работилница на тема „Младите и науката“
Post Views: 43 На 10.07.2024 г. во просториите на Црвен крст Охрид, по повод 168 годишнината од раѓањето на големиот визионер и научник, Никола Тесла (род. 10.07.1856), се организираше инспиративна, едукативна, онлајн работилница на тема МЛАДИТЕ И НАУКАТА, а со наслов „НИКОЛА ТЕСЛА: НЕГОВИОТ ЖИВОТ, ПРОНАЈДОЦИ И НАСЛЕДСТВО“ во организација на Црвен крст Охрид во партнерство и соработка со организацијата Canadians For Children At Health Risk, од Торонто, Канада, се вели во објавата на Црвен крст Охрид.На онлајн работилницата, младите волонтери од Клубот на млади од Црвен...
Театарска претстава „Разгалениот принц“ денес за најмалата публика во Охрид
Post Views: 66 Во рамките на проектот – „Културата расте со децата“, денес со почеток во 20:00 часот на бината кај ТЦ Амам ќе се одржи театарската претстава за деца „РАЗГАЛЕНИОТ ПРИНЦ“.Претставата е детска комедија, со многу едукативни и педагошки елементи кои се од особено значење за децата. Продукцијата е на Театар Хит од Скопје, а играат актерите Магдалена Ризова – Черних, Сашо Ристовски и Бранко Атанасов.Настанот е дел од Програмата за деца на Општина Охрид.







