Автор: инфодеск
Post Views: 209 Црковниот одбор од с. Горно Лакочереј на ден 03.08.2025 од 08:00 часот ги поканува сите верници на осветувањето на храмот посветен на Св. Атанасиј Александриски.Во нивното соопштение додаваат дека осветувањето ќе го изврши Неговото Високо преосвештенство митрополит, Дебарско Кичевски Г. Георгиј заедно со свештенството на епархијата.
Италијанска вечер на „Охридско лето“ со Филхармоника Болоња
Post Views: 124 Програмата на годинешното издание на „Охридско лето“ повторно се враќа на музиката, овојпат со италијанската вечер и концертот на Филхаромонискиот оркестар на театарот во Болоња.Филхармонискиот оркестар на театарот во Болоња е основан во 2008 година од дел од музичарите на оперскиот оркестар. Нивната мисија е да ја промовираат класичната музика во Болоња, притоа гарантирајќи неприкосновен уметнички квалитет. Филхармонискиот оркестар на театарот во Болоња и истиот ваков оркестар кој дејствува во рамките на Миланската „Скала“, се единствени два ансамбли во...
Дефект на водоводната мрежа и во населбата Бејбунар
Post Views: 126 Поради интервенција на водоводната мрежа денес од 09:30 до 13:00 часот без вода ќе бидат корисниците на дел од новиот комплекс згради во населбата Бејбунар односно на дел од улиците: „АСНОМ“, „Јордан Мијалков“ и Бул.„Туристичка“ .
Бојан Мартиноски е нов претседател на Основен суд Охрид
Post Views: 152 Судскиот совет на Република Северна Македонија на вчерашната 526-та седница одлучи дека за претседател на Основен суд Охрид е избран Бојан Мартиноски, судија на Основен суд Охрид, кој досега ја обавуваше функцијата в.д претседател на Основен суд Охрид.
Прекин во водоснабдувањето на „Кеј Македонија“, „Партизанска“, „Славеј Планина“, „Димитар Влахов”, дел од Бул.„Туристичка“ и „Јане Сандански“
Post Views: 128 Поради настанат дефект на водоводната мрежа денес од 08:30 часот неколку часа без вода ќе бидат корисниците на улиците: „Кеј Македонија“ , „Партизанска“ со сите споредни улици , „Славеј Планина“, дел од Бул.„Туристичка“, дел од „Јане Сандански“, „ “Димитар Влахов” со сите споредни улици и долната зона од стариот дел на градот.Екипи на ЈП ВОДОВОД Охрид се на терен до целосно завршување со санацијата.
Спомен на чудото на великомаченичката Ефтимија со која се утврди Православието
Post Views: 111 Оваа светителка се празнува на 11 септември, на денот кога пострада. На ова место пак се спомнува чудотворноста на нејзините чесни мошти, пројавена на IV Вселенски Собор во Халкидон. Овој Собор беше свикан во времето на царот Маркијан и царицата Пулхерија во 451 година, по смртта на царот Теодосиј Помладиот. Повод за свикување на Четвртиот Собор беше ереста на Диоскор, патријарх Александриски, и на Евтихиј, архимандрит Цариградски. Тие го распростираа лажното учење дека во Христа да немало две природи, човечката и Божествената, туку само една, Божествената. На...
Времето денес сончево и многу топло
Post Views: 158 Во Охрид денес претежно сончево и многу топло. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец.Температурите ќе се движат во интервал од 17 до 36 степени Целзиусови.Од УХМР информираат дека во петок и во сабота ќе се задржи сончево и многу топло време со мала до умерена локална облачност и со температура која наместа ќе достигне и 43°C. Во недела ќе има локална појава на нестабилност со пороен дожд и грмежи, а температурата ќе биде во опаѓање.
Забранети уште 42 нови нелегални онлајн игри на среќа
Post Views: 217Министер за дигитална трансформација, Стефан Андоновски информираше дека го потпиша третиот налог за забрана на нови 42 нелегални онлајн игри на среќа.–Вкупно 268 нелегални страници за онлајн игри на среќа затворивме досега! И не запираме, ќе продолжиме и понатаму. Ова е наше ветување кое станува реалност! Ова е борба против пандемија на нелегални приредувачи на игри на среќа кои крадат од нашите граѓани, од најмладите, од незаштитените. Затоа, повторно ги повикувам нашите сограѓани да ги повлечат средствата кои ги имаат депонирано на вакви...
Кривична пријава за вршење јавен превоз без лиценца за лице кое управувало импровизиран „воз“ на кеј „Македонија“
Post Views: 173 СВР Охрид поднесе кривична пријава против 59-годишно лице од Охрид поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „вршење на јавен превоз без поседување лиценца“.– На 19-ти јуни 2025 година, полициските службеници констатирале дека тој на пешачка зона на кеј „Македонија“ неовластено управува импровизирано возило „воз“ со четири вагони во кои се превезувале повеќе малолетни лица, односно не поседувал извод од лиценца за конкретното импровизирано возило „воз“, согласно Законот за превоз во патниот сообраќај, информираат од СВР Охрид.
Дефект на водоводната мрежа, прекин во водоснабдувањето на дел од улиците „АСНОМ“, „Јордан Мијалков“ и Бул.„Туристичка“
Post Views: 138 Поради настанат дефект на водоводната мрежа денес од 14:00 часот неколку часа без вода ќе бидат корисниците на дел од новиот комплекс згради во населбата Бејбунар односно на дел од улиците: „АСНОМ“, „Јордан Мијалков“ и Бул.„Туристичка“ .Екипи на ЈП ВОДОВОД Охрид се на терен до целосно завршување со санацијата.
Црвен крст Охрид – Центар за Безбедност на Вода повторно ги обезбедува трките со Суп даски
Post Views: 162 Од Црвен крст Охрид информираат дека нивниот Центар за Безбедност на Вода и оваа година активно учествуваше во обезбедување на трките со Суп даски.-На терен беа распоредени 3 мобилни екипи со спасителни чамци, кои постојано го следеа движењето на натпреварувачите и се грижеа за нивната сигурност и безбедност во вода. Безбедноста секогаш на прво место!, велат во нивното соопштение.
Турскиот театар премиерно со театарската претстава „Амадеус“ вечерва на „Охридско лето“
Post Views: 115 Во рамки на драмскиот дел на „Охридско лето“ вечерва премиерно ќе биде изведена драмата „Амадеус“ на авторот Петер Шафер, режија на Андреј Цветановски, а во изведба на Националата установа „Турски театар“ од Скопје.Режисерот Цветановски за претставата вели дека талентот како категорија се оценува и проценува низ текот на историјата и претставува вредна особина на една личност. Иако тоа е категорија која е субјективна и лична, вистинскиот квалитет не може да се оспори, ако не веднаш, тогаш после времето на личноста која ги создава делата. Може да се каже дека...
