Skip to main content

Автор: инфодеск

Охридски староградски средби

Kонкурс за фестивалот „Охридски староградски средби“

Post Views: 50 Националната Установа Центар за култура „Григор Прличев“- Охрид е организатор на фестивалот ОХРИДСКИ СТАРОГРАДСКИ СРЕДБИ. Фестивалот се оддржува во првата половина од месец септември 2024 година. Сите заинтересирани ансамбли, хорови, групи и поединци што ги негуваат староградските фолклорни традиции можат да аплицираат, да достават пријава за учество на фестивалот на маил адресата од Центарот за култура: centarzakultura_ohrid@yahoo.com / или по пошта на следнава адреса: НУ Центар за култура “Григор Прличев” – Охрид, ул. “Македонски Просветители” бр. 4, 6000...

Продолжи со читање

Сѐ е подготвено за уште едно успешно издание на фестивалот „Охридско лето“

Post Views: 40 Џулијан Рахлин, еден од водечките светски виолинисти на денешницата заедно со Македонската филхармонија вечерва од 21 часот на Античкиот театар свечено ќе го отвори 64. издание на фестивалот „Охридско лето“.Рахлин е музички раководител на Симфонискиот оркестар на Ерусалим, шеф диригент на симфонискиот оркестар во Кристиансанд и прв гостин диригент на филхармонискиот оркестар во Турку. Повеќе од три децении, неговата кариера го носи на сите светски меридијани како диригент, солист, камерен музичар, педагог и уметнички раководител. Снимките кои критиката ги...

Продолжи со читање

Портокалова фаза

Поради екстремно високите температури Македонија од денес во портокалова фаза

Post Views: 42 Согласно добиените информации од метео-алармот на Управата за хидрометеоролошки работи, од денес територијата на целата држава ќе биде зафатена со високи температури од портокалова фаза, со максимални температури од 34 до 42 степени.Во Охрид денес сончево и многу топло со мала до умерена локална облечност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Максималната температура ќе достигне 35 степени, а УВ индексот ќе биде 9.

Продолжи со читање

Сцената на Антички театар подготвена за претстави

Post Views: 40 Завршена е припремата на летната сцена, односно извршено е санирање на оштетените делови од дрвената сцена која е изложена на надворешни влијанија. Имено, НУ Завод и Музеј Охрид со помош на граѓани дарители и јавните претпријатија од Општина Охрид ја средија околината на Антички театар и на горните слоеви на бината кои беа најоштетени со голем процент на влага и не беа за употреба. Се констатира дека е потребна нивна итна промена, особено на југозападниот дел од сцената каде оштетувањата беа најголеми. Извршена е промена на подлогота од песок кој беше причинител...

Продолжи со читање

Петровден

Денес се слават Светите првоврховни апостоли Петар и Павле – Петровден

Post Views: 53 Денес Македонската православна црква и верниците го одбележуваат Денот на светите апостоли Петар и Павле. Со Петровден завршува еден од четирите повеќедневни пости во годината, кој е врзан за празникот на Апостолите.Апостолот Петар се прославува како образец на цврстата и искрена вера, а Павле како оној кој најмогу се потрудил во проповедањето на распнатиот и воскреснат Исус Христос. Инаку тие, како и сите останати апостоли, имаат свои посебни празници во текот на богослужбеното годишно време.Светиот апостол Петар „Син Јонин, брат на Андреј...

Продолжи со читање

Театарска претстава „Разгалениот принц“ за најмалата публика во Охрид

Post Views: 49 Во рамките на проектот – „Културата расте со децата“, утревечер со почеток во 20:00 часот на бината кај ТЦ Амам ќе се одржи театарската претстава за деца „РАЗГАЛЕНИОТ ПРИНЦ“.Претставата е детска комедија, со многу едукативни и педагошки елементи кои се од особено значење за децата. Продукцијата е на Театар Хит од Скопје, а играат актерите Магдалена Ризова – Черних, Сашо Ристовски и Бранко Атанасов.Настанот е дел од Програмата за деца на Општина Охрид.

Продолжи со читање

Во понеделник Света Архиерејска литургија во „Пресвета Богородица Заумска“

Post Views: 142 Македонската православна црква – Охридска архиепископија односно Дебарско – кичевската епархија Охрид, ги известува своите православни верници дека на ден 15. Јули 2024 година (понеделник), ќе има Света Архиерејска литургија во манастирскиот храм „Пресвета Богородица Заумска“ – Заум – Трпејца, по повод празникот „Полагање на риза на Пресвета Богородица во Влахерна.7:30 утрена богослужба08:45 Света Архиерејска литургија на која ќе чиноначалствува Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Дебарско – кичевски, Плаошко-струшки и Администратор Австралиско...

Продолжи со читање

Претседателката Силјановска-Давкова во посета на Центарот за обука на вода во Охрид

Post Views: 65 Посакувам во сите области, во владеењето на правото, во развојот на демократијата, во независното судство, во образованието да се достигнат стандардите што ги поседуваат специјалните единици на Армијата. Ова го истакна Претседателката на државата и врховен командант на Армијата, Гордана Сиљановска Давкова откако ги согледа способностите на припадниците на најелитната армиска единица, Баталјонот на специјални сили, презентирани преку показни вежби за операции на вода и приказ на боречки вештини.„Ова беше како акционен филм на суперлуѓе. Сега ми е јасно...

Продолжи со читање