Skip to main content

Автор: инфодеск

Изработена прва база на податоци за пештери во Национален парк Галичица

Post Views: 19 Изработена е база на податоци за пештери во Националниот парк Галичица која е прва од ваков вид во нашата држава.Изработката на базата на податоци се темели на научно-истражувачки активности реализирани преку соработката помеѓу Црвен крст Охрид, Истражувачкото друштво „Урсус спелеос“, Јавната установа Национален парк Галичица и Планинската спасителна служба при Црвен крст Охрид. Реализираните проектни активности резултираа со нови сознанија за пештерите на Галичица.На територијата на Националниот парк Галичица евидентирани се повеќе од 40 пештери....

Продолжи со читање

Стогодишнината од раѓањето на Шопов се чествуваше во Загреб и Љубљана

Post Views: 19 Стогодишнината од раѓањето на македонскиот класик Ацо Шопов се чествуваше и на филозофските факултети при државните универзитети во Загреб и во Љубљана, со учество на студенти од двата универзитета и на просветни работници, како и воопшто на проучувачи и почитувачи на македонската книжевност и култура од Хрватска и од Словенија.Настанот се одржа хибридно, во организација на Одделот за јужнословенски јазици и книжевности во Загреб под раководство на доц. д-р Ивица Баковиќ, во соработка со Катедрата за славистика во Љубљана, под раководство на проф. д-р Намита...

Продолжи со читање

Нема пари за изградба на стационар за бездомните животни во Југозападниот регион

Post Views: 16 Стагнира идејата за изградба на стационар за бездомните животни во Југозападниот регион во земјава. Иако уште во 2016 година  беше изработена физибилити студија и  комплетен проект, седум години подоцна нема најава за изградба, бидејќи  нема финансиски средства.Според планот требаше да се изградат два стационари за хуман третман на  бездомните  животни за кои се потребни околу еден  милион евра.„Врз основа на таа студија прелдожено бешедва стационари да се изградат едниот во Охрид другиот во Кичево. За тие два стационари ние...

Продолжи со читање

Промоција на филмoт „Охрид, Охрид убав мил“ на Илија Пиперкоски во чест на празникот Св. Климент Охридски

Post Views: 15 Во рамки на одбележување на празникот Св. Климент Охридски – Патрон на градот, во петок, на 8-ми декември ќе се одржи премиерата на документарниот филм „Охрид, Охрид убав мил“ на познатиот македонски и охридски режисер Илија Пиперкоски.Во филмот се раскажува приказната за настанувањето на култната песна „Охрид, Охрид убав мил“, која локалното население ја прифаќа безмалку како химна на градот. Поместени се изјавите на повеќе соговорници кои ги споделуваат сеќавањата на Сотир Димитроски- Ѕингл, еден од основачите на ансамбл „Билјана“ и песната која многумина...

Продолжи со читање

Микробиолошката лабораторија на Центар за јавно здравје Охрид ќе работи во сабота

Post Views: 16 За време на претстојниот празничен продолжен викенд, Микробиолошката лабораторија на Центар за јавно здравје Охрид ќе работи за прием на материјали и издавање резултати во сабота, 09.12.2023 г. од 8 до 12 часот, , информираат од Центарот.

Продолжи со читање

Утре градската библиотека симболично го отвора депото за редок библиотечен фонд

Post Views: 20 Утре, четврток, од 12 часот во НУ Библиотека „Григор Прличев“ во Охрид со пригодна свеченост  со наслов: „Св Климент во колективната меморија на Охрид “ ќе биде одбележан 8 Декември – Денот на Св. Климент Охридски – Патронот на градот.Оваа 2023 година со финансиска помош од 300 000 денари од страна на Министерството за култура на Република Северна Македонија , Библиотеката го реализира проектот за адаптација на простор и создавање услови за Депо за редок библиотечен фонд со примена на високи стандарди за негово чување.„Симболично со видео приказ ќе биде...

Продолжи со читање

Облачно со повремени врнежи од дожд

Post Views: 13 Денеска во Охрид ќе имаме облачно со повремени врнежи од дожд. Максималната дневна ќе се искачи до 9 степени целзјусови.До четврток, во Македонија, ќе се задржи облачно време со повремени врнежи од дожд, а на планините од снег. Поради спуштање на постудена воздушна маса од север во четврток врнежите ќе преминуваат во снег и на некои од повисоките места. Долж Повардарието ќе почне да дува засилен северен ветер кој ќе продолжи и во петок. Од петок времето ќе биде стабилно со пониски утрински температури.фото: Ѓоко Симјаноски

Продолжи со читање

Промовирана монографијата „Охрид и охридско 1918 -1929“ на проф. м-р Михаил Патчев

Post Views: 22 Со пригодна свеченост, денес во големата сала на Општина Охрид, беше промовирана монографијата „Охрид и охридско 1918 -1929“ на проф.м-р Михаил Патчев. Пред големиот број граѓани и ученици, од името на локалната самоуправа се обрати советникот Перчо Божиноски.„Живееме во време на извонредно брз технолошки развој, во кој како да постои само сегашноста, се претпоставува иднината, а минатото се чини како да се заборава или му се дава помала важност. Но, треба да се знае дека само минатото може да не научи како треба да се стремиме кон иднината. Затоа, ценам дека...

Продолжи со читање