Skip to main content

Автор: инфодеск

Џудо за сите нова инклузивна програма

Post Views: 531 „Инклузија на лица со интелектуална попреченост во џудо и пристапно џудо за сите“ е насловот на меѓународната програма која од септември ќе започне да се применува во охридско-струшкиот регион.Оваа тренинг програма е дел од поширок проект кој опфаќа џудо клубови од Србија и Романија. Истиот е поддржан од Европската Унија.„Со взаемна соработка со Порака Нова која работи со лица со интелектуална попреченост дојдовме до идеја да истите ги вклучлиме во џудо спорт. Преку тренинзи и програмата која што ја направивме ќе може да се примени и да ги вклопиме во...

Продолжи со читање

Пецаков на средба со младиот херој Марко

Post Views: 245 Градоначалникот на Охрид Кирил Пецаков денеска оствари средба со младиот пливачки херој Марко Пејчиновски, кој изминатиот викенд исплива 64 километри во водите на Охридското Езеро, на релација Охрид – Струга – Свети Наум – Охрид.Фасциниран сум од храброста и посветеност на овој исклучителен млад охриѓанец и не постојат доволни силни зборови со кои може да се упати најсоодветна честитка за неговите легендарни подвизи во пливањето, на кои се горди сите охриѓани.Како и до сега Општина Охрид ќе дава поддршка на младиот Марко со надеж дека и во иднина ќе...

Продолжи со читање

Доделени дипломите на матурантите од ОЕМУЦ

Post Views: 351 Со пригодна свеченост во Центарот за култура „Григор Прличев“ беа доделени дипломите на матурантите од ОЕМУЦ „Свети Наум Охридски“ од генерацијата 2021 – 2022 година.Во името на Локалната самоуправа пред присутните свое обраќање имаше секретарот на Општина Охрид, Александар Китески.Особено сум почестен што сум вечерва заедно со вас и што имам можност во мое лично име и во името на градоначалникот Кирил Пецаков, да ви упатам најсрдечни честитки и да ви посакам најубави желби по повод вашето матурирање.Има...

Продолжи со читање

Пронајдена марихуана кај охриѓанец

Post Views: 298 На 30.08.2022 во 01:55 часот на патот во с. Орман, охридско, полициски службеници од СВР Охрид го лишиле од слобода Н.Р.(26) од Охрид.При преглед во возилото „пежо” со охридски регистарски ознаки, кое го управувал, била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесен соодветен поднесок – информираат од СВР Охрид.

Продолжи со читање

На Сончев рид да се изгради отворен музеј

Post Views: 441 Помеѓу Охрид и Струга на Сончев рид треба да се изгради првиот отворен музеј во Европа. На туристите на едно место да може да им се претстави целото културно и археолошко наследство од регионот. Археолошките локалитети и пронајдоци од бакарното време па се до ден денес.Здружението „Енхелеус Лихнид” го има изработено овој прокт со кој се предвидува изградба на традиционална македонска куќа од далечното време, реставрирање на воена униформа, можност за посетителите да гаѓаат со стрели и одблизу да го доживеат минатото.Да бидат презентирани облеките од...

Продолжи со читање

Велгоштанец фатен со марихуана

Post Views: 315 На 29.08.2022 во 21:20 часот на бул. „Туристичка” во Охрид, полициски службеници од СВР Охрид го лишиле од слобода С.К.(25) од с.Велгошти, охридско.Кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесен соодветен поднесок – се вели во соопштението на СВР Охрид.

Продолжи со читање

Охриѓанец нападнат од две лица пред хотел

Post Views: 310 На 28.08.2022 во 14:00 часот во СВР Охрид, Г.У.(40) од Охрид пријавил дека пред хотел во Охрид бил физички нападнат од две лица, при што се здобил со повреди констатирани во Медицински центар Охрид.Се преземаат мерки за расчистување на случајот, по што ќе биде поднесена соодветна пријава – информираат од СВР Охрид.

Продолжи со читање

Охридски фестивал на виното

Post Views: 289 Од 8-ми до 10-ти септември на улица „Кеј Македонија“ наспроти хотелот „Палас“ ќе се одржи Охридски фестивал на виното.За добрата забава ќе бидат задолжени охридските бендови „Камелеон“ и „Бекдор бенд“, а свој настап ќе има и Ѓоко Танески. На фестивалот ќе настапат и Диџеј Винофест, Фолтин, Александар Јосифовски, Ареа, Наум Петрески, Нина Јанева и Суперхикс.Дополнително за доброто расположение на сите посетители на фестивалот ќе придонесат и македонските винарии кои убавите музички звуци ќе ги надополнат со квалитетно македонско вино.Охриѓани и...

Продолжи со читање

Заврши продолжението на 15-та седница

Post Views: 216 На продолжението на петнаесетата седница на Советот на Општина Охрид со мнозинство гласови советници ги усвоија предлог одлуките за извештаите за работа на Јавните претпријатија „Билјанини извори“, „Водовод“, „Градски гробишта“, „Градски пазар“ и „Нискоградба“ за периодот од 01.04 до 30.06.2022 година.Советниците дадоа зелено светло и за предлог одлуките за давање донација на ДПД „Ентузијаст“ Охрид- Дебрца, за партиципација и сопствено учество на општина Охрид во проектот „Развој на спортски туризам во општина Охрид – изградба на вежбалиште за голф“, за...

Продолжи со читање

Енергични луѓе вечерва пред охриѓани

Post Views: 200 Со претставата „Енергични луѓе“ според авторот Василиј Шукшин, а во режија на Александар Ивановски, Народниот театар Охрид вечерва во 20 часот ja започнува новата сезона.Во претставата игра добро познатата актерска екипа, Горан Стојаноски, Никола Тодороски, Биљана Билаловиќ Вељаноска, Стрезо Стаматовски, Павел Маслов и Адријана Билаловиќ Тодороска.Сценографијата и графичкиот дизајн е на Филип Коруновски, а костимите на Невенка Тасева Петровиќ.Претставата иако сместена во социјалистичките 70-ти од минатиот век е исклучително актуелна, со заплет кој...

Продолжи со читање

Загинаа над 1100 луѓе во Пакистан

Post Views: 325 Над 1100 лица загинаа, а третина од Пакистан е под вода по обилните монсунски дождови во земјата.Најголем дел од смртните случаи се пријавени во северозападната провинција Кибер Пахтунхва и јужната провинција Синд, кои беа најтешко погодени од поплавите.Повеќе од 3451 километар патишта, 149 мостови, 170 продавници и 949858 куќи беа оштетени низ Пакистан, кој е погоден од врнежи од средината на јуни.Министерот за планирање и развој Ахсан Икбал изјави дека на Пакистан ќе му требаат повеќе од 10 милијарди долари за санирање на штетите предизвикани од...

Продолжи со читање

Почна етапната исплата на августовските пензии

Post Views: 211 Од денеска до 2-ри септември етапно се исплатуваат августовските пензии во банките, за пензионерите кои не користат картички за банкомат. Исплатата се реализира во четири групи, според висината на пензијата.Денеска може да подигнат корисниците на пензии до 11.000 денари, утре ќе се исплаќаат пензиите во износ од 11.001 до 14.000 денари. Исплатата на пензиите од 14.001 до 18.000 денари ќе биде на 1-ви септември, а наредниот ден пензиите повисоки од 18.001 денари.Пензионерите кои користат платежна картичка, поврзана со сметката на која се префрлува...

Продолжи со читање