Автор: инфодеск
Post Views: 43 СВР Охрид поднесе кривична пријава против 28 годишно лице од струшкото село Велешта, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „производство и дистрибуција на детска порнографија”.-Тој, користејќи апликации за комуникација, на повеќе социјални мрежи се зачленувал во групи, во кои ширел содржина со детска порнографија. Потоа, истите ги споделувал во други групни и лични профили со кои разменувале линкови од групи со таква и слична содржина, информира портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски.
Д-р Асен Шајн поднел оставка, директорското место во Општа болница го напушта на средина од мандатот со обезбедување вредна донација за установата
Post Views: 54 ЈЗУ Општа болница Охрид доби донација вредна шест милиони денари од Агенцијата за катастар на недвижности Скопје, информираат од установата. Станува збор за најголема донација досега, која ќе биде искористена за купување на современа медицинска опрема, што значително ќе го подобри квалитетот на здравствените услуги кои ги нуди установата, посочува директорот на болницата д-р Асен Шајн, кој воедно информира дека поднел оставка на функцијата за што писмено го известил Министерот за здравство. Во оставката посочува дека директорското место го напушта од лични...
Градскиот хор Vox Lychnidos доби Повелба за негување и унапредување на македонската хорска музика
Post Views: 53 Повелба за негување и унапредување на македонската хорска музика доби градскиот хор Vox Lychnidos од 29-то издание на еден од најпрестижните хорски фестивали со натпреварувачки карактер во регионот „Блистави гласови”, што изминатиот викенд се одржа на летната сцена во Нишката тврдина во Србија.Моќно и емотивно звучеа композициите Ubi caritas, Bum ta ka bum од охридскиот композитор Гоце Гавриловски, Konj и Besame mucho, а публиката со овации аплаудираше по секоја изведба.Членовите на стручното жири како и организациониот одбор на...
Денес Баталјонот за специјални сили на Армијата ќе реализира вежбовни активности
Post Views: 43 Денеска (10.07.2024) од 10.30 до 16.30 часот, на подрачјето околу плажата „Бафало бич” во Охрид, припадници на Баталјонот за специјални сили на Армијата на РСМ ќе реализираат вежбовни активности со употреба на атрифиции, средства за звучни ефекти и друга опрема. Активностите се во рамки на финалната подготовка за утрешната тактичко-техничка показна вежба на Баталјонот за специјални сили на Армијата – препад на пловен објект и командно место, што ќе се реализира во 09 часот, на истата локација. Во вежбата ќе биде вклучен и хеликоптер на воздухопловниот...
Денес староградска вечер во Лапидариум
Post Views: 52 Културолошката иницијатива 5 до 12 денес организира староградска вечер на културата во Музејско-културниот центар „Лапидариум” каде посетителите ќе можат да уживаат во еден моќен спој на уметности кои ќе говорат за Охрид и традицијата. На настанот посетителите ќе можат да уживаат во изложбата на фотографии „Староградска пловидба низ годините“ и во поетското читање „Имам нешто да ти кажам“, а ќе биде прикажана и премиера на краткометражен документарец „Бело платно“.„БЕЛО ПЛАТНО” е краток аудиовизуелен пејсаж на манифестација на Петровден...
СВР билтен: опожарен автомобил, охриѓанец приведен за физички напад
Post Views: 49 На 08.07.2024 година во 13.40 часот во СВР Охрид е пријавено дека настанал пожар во патничко моторно возило „БМВ” со тетовски регистарски ознаки, додека се движело на кружната крстосница на плоштадот „Св.Климент Охридски” во Охрид, управувано од А.Р.(31) од Тетово. Повредени лица нема, а интервенирала Територијалната противпожарна единица од Охрид.На 08.07.2024 година во 17.20 часот, на плажа на брегот на Охридското Езеро, приведен е 32 годишен охриѓанец, кој претходно физички ги нападнал 28 годишно лице од Охрид и малолетничка од Македонски...
Портокалов аларм до средината на наредната недела
Post Views: 66 Под влијание на многу топла воздушна маса од југ, продолжува периодот на сончево и многу топло време, освен во недела кога во попладневните часови ќе има услови за изолирана нестабилност со пороен дожд и грмежи, соопшти УХМР.Дневната температура насекаде ќе биде над 30°C, а наместа ќе надминува 40°C. Особено топло ќе биде од четврток до средината на следната седмица кога на повеќе места ќе биде активирано портокалово ниво за опасност од високи температури.
Секое трето дете во земјава се соочува со дебелина
Post Views: 46 Дебелината кај децата – глобална епидемија и голем предизвик за јавното здравје. Едно од три деца на возраст од 7 до 9 години, во земјава се соочува со прекумерена тежина, покажа истражувањето на УНИЦЕФ.Главните причини се зголемен внес на енергетски заситена храна богата со масти и шеќери, но и намален степен на физичка активност. Воедно, нездравата храна е многу подостапна во близина на училиштата. „Статистиката покажува дека едно од три деца се соочува со дебелина во целиот регион, вкучувајќи ја и С. Македонија. Проблемот е тоа што децата не...






