Skip to main content

Автор: инфодеск

Утре продолжува прекинатата 15-та седница

Post Views: 251 Прекинатата 15-та седница на Советот на Општина Охрид продолжува утре, информираат од Локалната Самоуправа.Седницата ќе се одржи во Големата сала на Општина Охрид, со почеток во 9 часот.На дневен ред на седницата беа 104 точки. Откако советниците со мнозинство гласови усвоија вкупно 94 точки од предложениот дневен ред, претседателот на советот, Сашо Донев ја прекина седницата, со најава дека нејзиното продолжение ќе биде закажано во текот на наредните денови.

Продолжи со читање

Пецаков на средба со делегација на Приједор

Post Views: 220 Делегација на Општина Приједор од Босна и Херцеговина предводена од Претседателот на  градскиот Совет, Мирсад Дуратовиќ и раководителот на општинскиот сектор за култура, Монја Касаловиќ, денеска беше на прием кај градоначалникот Кирил Пецаков.На работната средба се разгледуваа можностите за зајакнување на соработката меѓу Охрид и Приједор во повеќе општествени сфери, пред се туризам, култура и образование.Заеднички беше заклучено дека само со посредство на туристички оператор може да се донесат поголем број на босански туристи на охридската ривиера кои...

Продолжи со читање

Одличен концерт на Симон Трпчески во Збажди

Post Views: 677 Викендов за првпат маестро Симон Трпчески одржа концерт во родното село на неговиот татко. Малесија повторно оживеа низ песната и музиката на маестро Симон Трпчески и неговите соработници Хидан Мамудов, Александар Краповски, Александер Сомов и Влатко Нусев.Секоја чест за организаторите на настанот. Беспрекорна организација се подредено како што треба обезбеден пристап и паркинг за сите возила, ангажирани волонтери од Црвениот крст обезбеден санитарен чвор, обележани и поставени места за седење, поделени преку 7. 000 сендвичи, ѓомлезе и разни пијалоци од...

Продолжи со читање

Марко испиша уште еден историски успех

Post Views: 425 Шестнаесетгодишниот, Марко Пејчиновски од Охрид е пливачки херој, кој испиша уште еден историски усех. Викендов, по речиси 22 часа пливање успеа да мине неверојатни 64 километри во Охридското езеро пливајќи вдолж и попреку на релација Охрид-Струга-Свети Наум-Охрид.Тој започна со пливање саботата, нешто пред 12 часот напладне, а неделата пред 10 часот пристигна на охридското пристаниште.Аплаузите и повиците од насобраните граѓани го кренаа од водата и успеа со кренати раце да ги отпоздрави. Овој негов подвиг Марко го посвети на неговата прерано почината...

Продолжи со читање

Завршија 61-те Струшки вечери на поезијата

Post Views: 335 Заврши 61-то издание на меѓународниот поетски фестивал „Струшки вечери на поезијата“. Годинешниот лауреат, јапонскиот поет Шунтаро Таникава, поради поодмината возраст не присуствуваше на фестивалот, а признанието во негово име го прими неговиот син, истакнатиот јапонски композитор и пијанист Кенсаку Таникава.Наградата „Браќа Миладиновци“ за 2022 година за најдобра поетска книга меѓу две фестивалски изданија му беше врачена на македонскиот поет и книжевен преведувач Зоран Анчевски за збирката „Збунети компаси“.Признанието „Мостови на Струга“ што УНЕСКО и...

Продолжи со читање

Автобус со туристи падна од карпа во Турција

Post Views: 372 Најмалку пет луѓе загинаа, а 38 се повредени откако автобус паднал од карпа во Бурса на северозападот од Турција.Како што пишуваат тамошните медиуми, автобусот патувал од Кутахја до областа Мудања во Бурса, превезувајќи група туристи до крајбрежниот град.Меѓу загинатите се возачот и четворица патници. Истражните органи покренаа истрага за причините за несреќата.Bus Accident Kills Five, Injures 38 In Turkey https://t.co/jmn7jKoIYU— AllNews Nigeria (@allnewsngr) August 28, 2022Ова е втора поголема несреќа на патиштата во Турција откако...

Продолжи со читање

Започнаа уписите на охридските факултети

Post Views: 241 На Факултетот за туризам и угостителство оваа академска година може да се запишат 347 студенти. Тие може избираат меѓу следниве студиски програми:– туризам, 80 слободни места,– осигурување 63,– царина и шпедиција 68,– менаџмент во услужен сектор со четири профили (финансиски, промотивен менаџмент, менаџмент во култура и логистички менаџмент) 48 места,– гастрономија 24 и–  хотелско-ресторански менаџмет 32 слободни места.И оваа година, активни ќе бидат студиските програми на англиски јазик, на...

Продолжи со читање

Успешно издание на Охрид трчаТ Акватлон

Post Views: 502 Се одржа првата спортска манифестација „Охрид трчаТ Акватлон“.Ги доделив медалите за најуспешните поединечно во категории, кои имаа најбрзо време во целокупното завршување на рутата – информира градоначалникот Пецаков.На првото издание на манифестацијата беа пријавени 130 учесници во шест категории, мастерс, сениори, јуниори, кадети, деца1 и деца2.Честитки до организаторите атлетски клуб „Охрид трчаТ“ и до сите учесници – напиша Пецаков.

Продолжи со читање

До среда нестабилно време со дожд

Post Views: 373 Нестабилно време со пороен дожд и грмежи до среда, а во четврток и петок ќе има изолирана појава на нестабилност.Локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со пообилен дожд, силен ветер, електрични празнења и појава на град, соопшти УХМР.Денеска попладне на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално ќе има поинтензивни процеси во форма на невреме со пообилен дожд за кратко време, силен ветер и појава на град.Максималната температура ќе се движи од 26 до 34 степени. Попладне ќе биде нестабилно со...

Продолжи со читање

Почнува исплатата на августовската пензија

Post Views: 270 Владата неодамна им препорача на деловните банки преку филијалите и експозитурите на банките да обезбедат готовинска исплата на августовската пензија за клиентите кои не користат картички, во четири групи според следниот распоред составен според висината на пензијата:За пензии со висина до 11.000 денари, исплатата да се изврши на 30.08.2022 година (вторник); За пензии со висина 11.001-14.000 денари, исплатата да се изврши на 31.08.2022 година (среда); За пензии со висина 14.001-18.000 денари, исплатата да се изврши на 01.09.2022 година (четврток ), и За...

Продолжи со читање

Поскапуваат горивата

Post Views: 296 Регулаторната комисија за енергетика на денешната седница донесе нова одлука за цените на горивата во малопродажба со која се врши нивно зголемување.Најголемо поскапување ќе има кај дизелот за 3 денари и ќе се продава по цена од 101,5 денари за литар.Поскапување ќе има и кај бензините, за 0,5 денари за литар. Со оваа измена Еуросупер БС 95 од ноќеска на полноќ ќе чини 89,5 денари за литар, додека Еуросупер БС 98 ќе се продава по цена од 92 денари.Ова е првпат дизелот да биде поскап од бензинот за 12 денари по литар.

Продолжи со читање

Заврши Вевчанско лето

Post Views: 377 Со хорот од базелската катедрала беше затворено „Вевчанско лето 2022“ во организација на Здружението за афирмација на туризмот, културата и културното наследство – Вевчани Турист Инфо, а под покровителство на Општина Вевчани.Од 15-ти јули до 27-ми август, Вевчани дишеше во ритамот на културата, спортот, уметноста. Вевчани беше мегдан на богати музички, културни и спортски збиднувања.Важноста од култура и културни настани за нашава населба ја препознаа членовите и основачи на здружението „Вевчани Турист Инфо“ кое е формирано и основано уште во...

Продолжи со читање