Skip to main content

Автор: инфодеск

Хајндл: Договор мора да има пред летните одмори

Post Views: 145 Германскиот пратеник Јоханес Хајндл на поединечни средби ги слушна позициите на потписниците на Договорот од Пржино. СДСМ инсистира на прецизирање конкретни чекори за исполнување на условите за предвремени избори. Лидерот на опозицијата Зоран Заев посочил дека во следните денови е можен договор за избирачкиот список и за медиумите.Во ВМРО ДПМНЕ, Хајндл не беше пречекан од Никола Груевски туку од партиска делегација. За владеачката партија изборите се прифатливо, посакувано и единствено решение за надминување на кризата, но тоа треба да биде без неосновано лицитирање...

Продолжи со читање

Во Барселона хаос

Post Views: 183 „Се случува нешто што беше незамисливо на почетокот на сезоната, кога се чинеше дека на клубот му цветаат рози. Тогаш со доаѓањето на најголемиот талент на планетата, Нејмар, во клубот завладеа апсолутна самодоверба. Управата вети дека ќе ги врати сите долгови на претходникот…Само шест месеци подоцна, колата тргна надолу“, се вели во авторскиот текст на шпанска Марка. Како што се нагласува, каталонскиот клуб сега е потполно конфузен и над се неспособен да разбере кои се причините кои доведоа до кризата, а уште помалку начините кои би ја разрешиле кризата. Според...

Продолжи со читање

Експлозија на автомобил бомба во Турција

Post Views: 159 Три лица загинаа, а над 40 се ранети во експлозија на автомобил бомба крај полициска станица во источната турска провинција Ван, на самата граница со Иран, јави CNN, цитирајќи ја изјавата на гувернерот на провинцијата за турската државна телевизија TRT.Премиерот Бинали Јилдерим во живо на телевизијата изјави дека имало напад врз полициска станица во Ван, но не даде повеќе детали за инцидентот. Се уште никој не ја презеде одговорноста за овој терористички напад, но курдските екстремисти често пати напаѓаат полициски станици и други објекти на безбедносните сили со...

Продолжи со читање

Посредникот Хајндл повторно во Скопје

Post Views: 155 Посредникот за решавање на политичката криза во Македонија, германскиот амбасадор во Австрија, Јоханес Ханјдл, денеска треба да пристигне во Скопје и да се сретне со лидерите на политичките партии, потписнички на Договорот од Пржино. „Надоврзувајќи се на неговите претходни посети од минатите недели, Амбасадорот Хајндл одново ќе разговара со партиите- потписнички на Пржинскиот договор како и со претставници на меѓународната заедница“, пишува во соопштението од амбасадата. Хајндл во Скопје ќе престојува два дена. При неговата последна посета на 8 јуни, Хајндл рече...

Продолжи со читање

Најголемиот тренер се враќа во НБА?

Post Views: 176 Спрема извештаите на ESPN, легендарниот кошаркарски тренер Фил Џексон е спремен за враќање во НБА лигата. Џексон како тренер освоил дури 11 наслови НБА првак, шест со Чикаго и пет со Лејкерси. Последен пат работеше во сезоната 2010/2011, а оттогаш се одмараше и ги решаваше здравствените проблеми. Сега е потполно здрав, тврди ESPN, и спремен за враќање на работа, било како тренер, било во канцелариите на некој клуб. Канцелариската работа би му била прв избор, но не би имал ништо против да се врати и како тренер. Џексон веќе имаше прилика да седне на клупата на Њујорк...

Продолжи со читање

Pokemon Go влегува и во политиката

Post Views: 157 Ако се за верување анкетите, а во случајот на Исланд се покажале точни, Пиратската партија на следните ибори ќе формира влада. Многумина од аналитичарите се сложуваат дека партијата која се залага, помеѓу другото, за легализација на дрогата и давање азил на Едвард Сноуден кој го откри шпијунирањето на американските граѓани, ќе освои помеѓу 18 и 20 места во парламентот на изборите во октомври. Спрема анкетите, тие се прва партија во државата со повеќе од 28% поддршка од граѓаните, а потоа следи конзервативната партија за независнот. Невообичаен предлог на партијата...

Продолжи со читање

Европската комисија ги крати ИПА-фондовите за Македонија

Post Views: 158 Европска комисија одлучила да скрати 27,1 милион евра од ИПА-фондовите за Македонија, јавува „Алсат М“. Европска комисија ја известила македонската Влада, а според информациите на овој медиум планирано е кратење и на останатите 50 милиони евра од ИПА-фондовите. Европската канцеларија што е надлежна за истраги поврзани со измами при Европската комисија, ОЛАФ, потврди дека води истрага за злоупотреба на средствата од ИПА-фондовите во Македонија. Отаму додаваат дека додека трае истрагата, не можат да говорат за детални информации за тоа, за колкави суми се води истрага. Вчера,...

Продолжи со читање

Цените летаат до небо

Post Views: 157 Пред две години како слободен играч преминал од Манчестер Јунајтед во Јувентус каде многу брзо се потврди дека Погба (20) е еден од најталентираните играчи за врска во светот. На него фрлија око многу клубови кои имаат повеќе пари од старата дама така што челниците на Јувентус во тек на летото би можеле да дојдат во искушение. Gazzeta dello Sport  пишува дека претседателот на Јувентус Андреа Ањели бил во Париз каде се состанал со првиот човек на ПСЖ, Насер Ал Келафи. Арапскиот тајкун при средбата понудил за Погба дури 70 милиони евра отштета. Меѓутоа, како што пишува...

Продолжи со читање

“Brexit” би можел да биде одложен

Post Views: 167 Владата на британската премиерка Тереза Меј известила дека има намера да се повика на членот 50 од Лисабонскиот договор на почетокот на 2017 година. Примената на членот отвора период од преговори од две години по што одредена членка ја напушта унијата. Ако членот се примени на почетокот на 2017 година нејзиното излегување од ЕУ ќе биде на почетокот на 2019 година, појаснува АFP. Но, Sunday Times пишува дека британските министри ги предупредиле официјалните лица од финансискиот сектор City дека примената на членот 50 може да се отствари дури кон крајот на 2017 година...

Продолжи со читање

Германскиот посредник Хајндл во среда во Скопје

Post Views: 158 Германскиот посредник за решавање на политичката криза во Македонија, германскиот амбасадор во Австрија, Јоханес Ханјдл, в среда ќе допатува во Скопје, потврдија од Амбасадата на Германија во Скопје. Засега не се откриваат детали од посетата на Хајндл. Се шпекулира дека и заменикот државен секретар на САД, Викторија Нуланд, ќе ја посети Македонија, но во моментов нема потврда за нејзиното доаѓање. Во опција се два термина, 6 јули, што се совпаѓа со посетата на Хајндл, и 10 јули, односно по завршувањето на самитот на НАТО во Варшава. Не се знае дали Хајндл ќе се...

Продолжи со читање

Ердоган издаде потерница по фудбалската легенда на Турција

Post Views: 153 Турција издаде потерница по поранешната фудбалска ѕвезда Хакан Шукур во рамките на истрагата за обидот за државен удар, објавија странските медиуми. Турските власти го поврзуваат Хакан Шукур со Фејтулах Ѓулен кој се наоѓа во егзил во САД, а Турција го бара бидејќи го смета за одговорен за неуспешниот пуч на 15 јули. Шукур (44), екс меѓународната фудбалска ѕвезда и икона во својата земја е обвинет дека е член на “вооружена терористичка група”, а притоа се мисли, вели агенцијата AFP, на организацијата на Ѓулен. Медиумите додаваат дека потерницата е издадена и по...

Продолжи со читање

Од 1 јули поскапуваат цигарите

Post Views: 213 Почнувајќи од петок сите пушачи ќе плаќаат три денари плус за кутија поради поскапената акциза на тутунот.Последниот пат цигарите поскапеа во февруари, кога пушачите беа принудени да плаќаат пет денари повеќе за кутија.За годинава ова ќе биде последен раст на цената на цигарите, но веќе од следната година цената ќе поскапува драстично со што за осум години кутијата цигари која денес чини 120 денари, тогаш ќе чини 154 денари.Од наредниот 1 јули, цигарите секоја година ќе поскапуваат по четири денари за кутија.

Продолжи со читање