Автор: инфодеск
Post Views: 62 Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Северна Македонија, на сеизмолошките станици инсталирани ширум нашата територија, одржувани од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, денес, 7.07.2024 година во 14 часот и 07 минути, регистрираше земјотрес чиj епицентар припаѓа на епицентралното подрачје Охрид, 125 km југозападно од Скопје, со Рихтерова локална магнитуда ML3.6, се вели во соопштението од Сеизмолошката опсерваторија.Земјотресот е почувствуван во Охрид и околината, со интензитет од IV-V степени според Европската...
Привршуваат градежните активности на улицата “7ми Ноември”
Post Views: 69 Привршуваат градежните активности на улицата “7ми Ноевмври”.Деновиве се поставува последниот слој асфалт по што ќе следува хоризонтално и вертикално обележување на улицата, објави на својот Фејсбук профил градоначалникот на Охрид, Кирил Пецаков.
Се одржа 43-тата седница на Советот на Општина Охрид
Post Views: 59 Со четириесет и пет точки на дневниот ред, денес се одржа четириесет и третата седница на Советот на Општина Охрид. Првите десет точки од дневниот ред се однесуваа на усвојување на годишните планови за вработување во основните училишта, а поголемиот дел од денешната работа на советниците помина во усвојување на измените во програмите за работа во сите сектори од општинската администрација.Во продолжение на работата, советниците ги усвоија измените и дополнувањата во општинскиот буџетот за 2024 година, а беа донесени и неколку одлуки од урбанистичката сфера,...
Во вторник ќе се спроведе теристичка дезинсекција против комарци, пчеларите да преземат соодветни мерки
Post Views: 33 Согласно Законот за заштита на населението од заразни болести ( Сл. весник на РМ 66/2004, 139/2008 и 99/2009, 149/2014, 150/2015 и 37/2016 ), а врз основа на одлуката на Советот на Општина Охрид за спроведување на превентивна систематска дезинсекција на територијата на општината како општа противепидемиска мерка, локалната самоуправа известува дека ќе се спроведе теристичка (од земја) дезинсекција против комарци. Запрашувањето ќе се врши во период од 19 часот во вторник до 06 часот во среда.Со дезинсекцијата ќе биде опфатено Охридското крајбрежјето на...
Сообраќајна несреќа на Стража
Post Views: 82 На 04.07.2024 година во 12.00 часот на магистралниот пат Гостивар-Кичево, на планинскиот превој „Стража”, патничко возило „опел корса”, со скопски регистарски ознаки, што го управувала 38 годишна охриѓанка, удрило во 22 годишен пешак од Скопје. Во несреќата пешакот се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Општата болница во Гостивар. Увид на местото на несреќата извршија полициски екипи, се вели во соопштението на СВР Охрид.
Скопјанец продавал марихуана во Охрид
Post Views: 32 СВР Охрид поднесе кривична пријава против 22 годишно лице од Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори”. При преглед извршен на булеварот „Туристичка” во Охрид, полициските службеници кај него пронајдоа и одзедоа марихуана, се вели во соопштението од СВР Охрид.
Денес за најмладите театарската претстава за деца „Црвенкапа“
Post Views: 41 Под мотото „Културата расте со децата“, денес – 05.07.2024г ., со почеток во 20:00 часот на бината кај ТЦ Амам ќе се одржи театарската претстава за деца „Црвенкапа“.Настанот е дел од Програмата за деца на Општина Охрид.
Денес ќе биде отворена изложбата „Антологија 4“ во Куќата на Робевци
Post Views: 68 Денес во 20 часот во Куќата на Робевци ќе биде отворена изложбата Антологија 4. Оваа четврта едиција на изложбата Антологија е посветена на наивното сликарство и воедно претставува избор од најзначајните автори на овој правец, содржани во збирката на современа уметност во НУ.Завод и Музеј -Охрид, информираат од Завод за заштита на спомениците на културата и Музеј-ОхридНа изложбата ќе бидат претставени дела од Иван Генералиќ, Вангел Наумовски, Јан Књазовиц, Иван Лацковиќ и Андреј Вењарски. Куратор на изложбата e м-р Сашо Блажески.







