Автор: инфодеск
Post Views: 383 Двајца полицајци загинаа во Бугарија во обид да запрат автобус со мигранти кои илегално влегле во земјата, соопшти бугарското МВР.Инцидентот се случил изутрината во 5 часот во градот Бургас. Во автобусот со турски регистарски таблички се превезувале 47 мигранти чија националност не е потврдена.Возачот на автобусот прво не застанал на два последователни контролни пункта на граничната полиција, а потоа влегол во населено место. Полицајците се обиделе да му го попречат патот со автомобил, но тој не застанал, удрил во автомобилот, а потоа удрил во...
Концерт на Златно Славејче
Post Views: 578 Во рамките на манифестацијата Вевчанско лето 2022, вчера се одржа концерт на Златно Славејче.Уште еден во низата настани на овогодинешното „Вевчанско Лето 2022” за најмалите и најмилите вевчанчиња пееја ЗЛАТНИТЕ СЛАВЕЈЧИЊА. Ова лето успеавме со голем број настани да го збогатиме култуниот живот во општина Вевчани – вели градоначалникот Спасе Кочоски.Од настаните на Вевчанско лето 2022 останува уште „Вечер со хорот на Базелската катедра“, што ќе се одржи на 27-ми август во амфитеатарот на црквата „Света Богородица“ во Вевчани.
Градоначалникот Пецаков во посета на Стрмец
Post Views: 276 Градоначалник на Општина Охрид Кирил Пецаков беше во посета на клубот ,,Стрмец”.Го посетив кајак кану клубот „Стрмец”, кој преку средства од Општина Охрид и преку донации купи 10 нови кајаци. Само преку континуирано вложување и константна поддршка на спортот и спортската инфраструктура ќе бележиме резултати – истакна градоначалникот Пецаков.Водените спортови се одличје на Охрид и мора да ги подобриме условите како би добиле подобри резултати.
Книга за светите браќа Кирил и Методиј
Post Views: 250 Како дел од програмата на 55. Летна школа на Меѓународниот семинар за Македонски јазик, литература и култура при универзитетот „Свети Кирил и Методиј“, во Конгресниот центар се одржа промоција на книгите „Охридски раскажувачи“ и „Книга за светите браќа Кирил и Методиј“ од професорите Димитар Пандев и Славе Ѓорго –Димоски, во издание на Општина Охрид.Во име на Локалната самоуправа, свое обраќање на промоцијата имаше советникот во Советот на Општина Охрид, Перчо Божиноски.Како македонист, како охриѓанец и пред се како македонец, чувствувам посебна...
Србин со пиштол убил црногорец
Post Views: 376 Утринава едно лице загина во Хрватска, откако било застрелано на една од плажите покрај популарниот Зрче, по што полицијата ги објави деталите.Државјанинот на Србија со огнено оружје го погодил државјанинот на Црна Гора, кој потоа починал на пат кон болница, пренесуваат медиумите.Запознаен сум со инцидентот, но засега не можам да откривам други детали. Кога ќе дознаеме повеќе од истрагата, ќе ја известиме јавноста – соопшти началникот Шиме Глигор.Очевидци наведуваат дека не се знае причината за конфликтот меѓу србинот и црногорецот во...
Невреме ја погоди Грција
Post Views: 363 Кратки, но интензивни грмотевици зафатија делови од Грција. Невремето предизвика поплави на главните улици во Атина и Солун, а силниот ветар корнеше дрва во регионот на северна Грција.Засега нема извештаи за повредени. Драматична снимка доаѓа од островот Андрос, каде улиците се целосно поплавени.Грмежи и град се забележани во Солун. И покрај краткото невреме, патиштата кои водат кон Солун беа поплавени. Противпожарната бригада црпела вода од подрумските простории и ги отстранувала дрвјата од коловозите. Слична состојба со невремето е регистрирана и на...
Ученици од ОЕМУЦ во посета на Меѓународниот семинар за македонски јазик
Post Views: 437 Во рамките на своите воннаставни активности, ученици од ОЕМУЦ „Св. Наум Охридски“ – Охрид со Ирена Ралева-Најдевска, лектор и професор по македонски јазик и литература, денеска беа во посета на 55-тиот Меѓународен семинар за македонски јазик, литература и култура.Учениците: Дарко Крлески од I-2, Дамјан Коцаревски од I-5, Наум Радески од I-5, Емилија Костоска од I-C и Андријана Огненоска од I-C заедно со професорката ги посетија студентите од странство кои се на летна школа во Охрид и го изучуваат македонскиот јазик како странски.Учениците и...
Поскапуваат горивата
Post Views: 297 Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Република Македонија донесе Одлука со која се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,31% во однос на одлуката од 22.08.2022 година.Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат зголемување кај бензините во просек за 0,719%, кај дизелот зголемување во просек за 3,631%, кај екстра лесното масло зголемување во просек за 3,658% и кај мазутот зголемување во просек за околу 0,553%.Малопродажните цени на бензините...
Симон Трпчески со концерт во родното Збажди
Post Views: 918 Истакнатиот македонски пијанист за прв пат ќе одржи концерт во родното село на неговиот татко, струшко Збажди во Малесија.МАКЕДОНИСИМО – МАКЕДОНСКА ПРЕТПРЕМИЕРА! 27.08.2022 (сабота), 17:30 часот село Збажди, родното место на мојот татко, во револуционерна Малесија, на планината Караорман. Ве очекуваме на претстојниот македонски музички „огномет“ – напиша Трпчески на својот профил.
381 нов случај на ковид
Post Views: 282 Согласно податоците од Институтот за јавно здравје, Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа направени се 1.131 тестови, а регистрирани се 381 нов случај на ковид 19.Скопје – 173, Битола – 36, Прилеп – 24, Кавадарци – 16, Куманово и Гевгелија – по 15, Кочани – 10, Велес и Охрид – по 9, Струмица – 8, Гостивар и Штип – по 7, Радовиш и Делчево – 6, Кичево, Неготино и Берово – по 5, Тетово и Валандово – по 4, Свети Николе – 3, Ресен, Крива Паланка, Дебар, Крушево и Демир Капија – по 2, Струга, Виница, Македонска Каменица и Пехчево – по...
Дислоцирање на свеченото отворање на СВП
Post Views: 337 Поради исклучително неповолната метеоролошка прогноза што предвидува поројни дождови во попладневните часови во Струга, во среда на 24.08.2022, во термин кога на отворен простор, пред платото на Центарот за култура беше предвидено да се поставува масивна опрема за осветлување и озвучување и која може да претрпи оштетувања во услови на дожд, покрај веќе поставената сценографија, а исто така и прогноза за поројни дождови во четврток попладне 25.08.2022, на неколку часа пред терминот за одржување на свеченото отворање предвидено на вообичаената локација, платото...
Тепачка на ул. Сирма Војвода
Post Views: 595 На 23.08.2022 во Охрид, полициски службеници од СВР Охрид го лишиле од слобода Н.Д. од Охрид.Тој околу 9 часот на ул. „Сирма Војвода” физички ги нападнал Т.К.(30) и Е.К.(52) од Охрид. По документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок – се вели во соопштението на СВР Охрид.