Skip to main content

Автор: инфодеск

Денес се празнува Свети Наум Охридски – Чудотворец

Post Views: 65 Денес се слави Свети Наум Чудотворец. Голем број верници присуствуваат на празничната богослужба, која традиционално се одржува во манастирскиот комплекс на брегот на Охридското Езеро.Свети Наум Охридски Чудотворец бил средновековен научник, писател, учител и еден од основоположниците на словенската и македонската писменост и просвета. Основач на манастирот на Светите Архангели, денешен Свети Наум. Роден е во првата половина на IX век.Наум беше еден од основачите на Преславската книжевна школа и од 886 до 893 беше за учител таму. Беше еден од даровитите...

Продолжи со читање

Јубилејни награди за вработените во ЈЗУ Охрид

Post Views: 46 Вчера беа доделени јубилејни награди на 15 вработени здравствени работници и соработници во ЈЗУ Општа болница Охрид, по повод 40, 30, 20 и 10 години работен стаж во болницата.Со секој изминат миг, ЈЗУ Општа болница Охрид ја гради својата историја со посветеност и одданост кон здравствената заедница на Охриѓани и сите посетители, се вели во соопштението од ЈЗУ.-Денес беа доделени јубилејни награди на здравствени работници и соработници кои дале огромен придонес со својата професионална и чесна работа како за болницата така и за целиот регион. Ова е...

Продолжи со читање

Во Охрид денес променливо облачно и посвежо време

Post Views: 37 Во Охрид денес променливо облачно и посвежо, претпладне со локален краткотраен дожд и ретки грмежи, јавува УХМР.Максималната температура ќе достигне до 26 степени, а UV индексот ќе биде 7.

Продолжи со читање

Не паркирај

Поради градежни активности ќе се воведе времен режим на сообраќај на улица „7ми Ноември“

Post Views: 62 Поради изведување на градежни работи на улицата „7-ми Ноември“ во деновите 04.07.2024 година (четврток), 05.07.2024 (петок), 06.07.2024 (сабота) ќе се воведе времен режим на сообраќај со затворање на улицата во три фази.-Прва фаза од кружен тек пред ОЕМУЦ „Свети Наум Охридски“ до крстосница со улица „Питу Гули“ (Бензинска пумпа).-Втора фаза од крстосница со улица „Питу Гули“ до крстосница со улица „Васил Главинов“.-Трета фаза од крстосница со улица „Васил Главинов“ до крстосница со улица „Егејска“.За време на затворањето на...

Продолжи со читање

Изложбата „Антологија 4“ во петок во Куќата на Робевци

Post Views: 37 Во петок 5 јули, во 20 часот во Куќата на Робевци ќе биде отворена изложбата Антологија 4. Оваа четврта едиција на изложбата Антологија е посветена на наивното сликарство и воедно претставува избор од најзначајните автори на овој правец, содржани во збирката на современа уметност во НУ.Завод и Музеј -Охрид, информираат од Завод за заштита на спомениците на културата и Музеј-ОхридНа изложбата ќе бидат претставени дела од Иван Генералиќ, Вангел Наумовски, Јан Књазовиц, Иван Лацковиќ и Андреј Вењарски. Куратор на изложбата e м-р Сашо Блажески.

Продолжи со читање

Свр охрид

СВР Охрид: Пожар во месноста „Тумба“, приведен охриѓанец кој се барал за издржување затворска казна

Post Views: 42 Вчера во 15.31 часот, било пријавено дека на нива со нискостеблеста вегетација во месноста „Тумба”, помеѓу улицата „Стив Наумов” и булеварот „Железничка” во Охрид, настанал пожар. Повредени лица нема, а интервенирала Територијалната противпожарна единица од Охрид, информира портпаролот на СВР Охрид Стефан Димоски.Вчера во 14.20 часот, полициски службеници од СВР Охрид приведоа 30 годишно лице од Охрид. Тој е лишен од слобода по писмена наредба од Основниот суд во Охрид со која се бара за издржување затворска казна од шест години за сторено...

Продолжи со читање

Сообраќајна несреќа

Четири лица од Струга повредени во сообраќајна несреќа кај Мешеишта

Post Views: 43 Вчера во 19.10 часот во СВР Охрид било пријавено дека на магистралниот пат Охрид–Кичево, кај с.Мешеишта, охридско, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „ауди”, управувано од 22 годишно лице од Струга и патничко возило „бмв”, управувано од 34 годишно лице од с.Ливада, струшко, двете со струшки регистарски ознаки. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил 49 годишен сопатникот од возилото „ауди”, констатирани во Специјалната болница „Св.Еразмо” во Охрид, а со телесни повреди се здобиле двајцата возачи и 28 годишната...

Продолжи со читање

7мо издание под отворено небо на Beach Film Festival во Охрид

Post Views: 43 И оваа година охриѓани ќе можат да уживаат во проекциите на Beach Film Festival. Фестивалот, кој се одржува од 17-ти до 21-ви јули, ќе ги прикажува филмовите на најразлични локации и тоа: плажите Сараиште и Славија, и бродот Армада.Од 3-ти до 7ми јули ќе се одржи и Beach Film Festival Warm-u, чија програма нуди 5 филмски проекции, а сите ќе се одржат на плажата Сараиште.Во препрограмата во фокус ќе бидат шпанските филмови: EL BOLA, LUCIA Y EL SEXO, INTEMPERIE, CAMPEONES и MAR ADENTRO. Фестивалот се одржува со поддршка на шпанската амбасада.Сите...

Продолжи со читање