Автор: инфодеск
Post Views: 622 Низ изложба на фотографии овековечени животот, културата и традицијата на селата во струшка Малесија. Некогаш живи села со над 1000 жители, денес целосно раселени и напуштени.Фотографиите стари повеќе еден век сведочат за селскиот живот, славите, дружбите, чешмите, изворите, печалбарството, живописната природа. Седумте села на Караорман: Присовјани, Збажди, Ржаново, Локов, Буринец, Селци и Глобочица имаат долга и богата историја и етнологија.Малесија ги преживува најтешките денови досега. Областа почна да се празни после Втората Светска војна. После...
Спречен шверц на охридска белвица
Post Views: 764 На 22.8.2022 во 13:00 часот на граничниот премин Св. Наум, при преглед врз патничко моторно возило „мерцедес“ со албански регистарски ознаки, управувано од Н.К.(66) од Албанија, во делот наменет за резервно тркало, биле пронајдени 14 кг (160 парчиња) риба – охридска белвица без соодветна документација.Тој бил приведен во Полициската станица за Граничен премин и граничен надзор Св. Наум и предаден на полициски службеници за понатамошна постапка.
Бритиш ервејс откажа 10 000 зимски летови
Post Views: 362 Британскиот национален авиопревозник „Бритиш ервејс“ откажа повеќе од 10 000 летови од својот зимски распоред, отстранувајќи од продажба речиси два милиони места.Откажувањето на летовите на кратки релации, од крајот на октомври до крајот на март, има за цел да се минимизираат прекините во сообраќајот во текот на зимата.Авиокомпанијата, исто така, ги откажува летовите на долги релации до Кина и Бангкок, повикувајќи се на ограничувања за Ковид-19. Портпаролот на компанијата истакна дека продолжувањето на летовите за Хонг Конг ќе биде одложено до декември,...
Пронајдена дрога во Охрид
Post Views: 918 На 22.08.2022 окоу 11:20 часот во Охрид, полициски службеници од Отсекот за недозволена трговија со дрога и оружје при СВР Охрид ги лишиле од слобода Б.Ф.(50) од с.Пирок, општина Боговиње и С.Ц.(49) од Скопје.При преглед во возилото „мерцедес“ со тетовски регистарски ознаки, кое го управувал Б.Ф., во багажот на С.Ц. била пронајдена една кеса со девет пакувања со бела прашкаста материја. Б.Ф. и С.Ц. биле приведени во полициска станица.По целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.
Левица : Стоп за продажба на Мауцкер
Post Views: 323 На следната седница на Советот на Општина Охрид, закажана за петок, една од точките на дневен ред е Предлог-програмата за управување со градежно земјиште во сопственост на општината.Дел од оваа програма е оттуѓување на градежното земјиште кај „Мауцкер“ по цена од едно евро по квадрат, информираат од охридскиот огранок на Левица.Со вакви одлуки се поддржуваат локални моќници и нивните бизниси, кои често се финансиери на владејачките партии. Повикуваме градоначалникот Пецаков да излезе пред јавноста и да ги запознае граѓаните за целите и мотивите на оваа...
Стружани повредени во сообраќајка во Албанија
Post Views: 320 Во сообраќајна несреќа што се случила вчера во близина на граничниот премин Ќафасан, на албанско–македонската граница, повредени се двајца жители на Струга.Несреќата се случила на патниот правец Ќафасан-Поградец, кај селото Пискупат. Во сообраќајната несреќа учествувале автомобил марка „мерцедес“ управувано од В.А.(48) жител на Струга, Македонија и автомобил „голф“ управувано од албанскиот државјанин Д.С.(22). Притоа, со повреди се здобиле двајцата возачи и С.А.(46), жителка на Струга, сопатник во возилото „мерцедес“ – јави агенцијата Балкан веб. ...
Се санираат штетите од поплавите
Post Views: 351 Во прилепското село Лажани вчеравечер биле поплавени 50 куќи, а дел од населението било евакуирано по обилните дождови кои наврнаа во областа Пелагонија.Градоначалникот на општина Долнени, на која и припаѓа селото Лажани, Урим Ибески изјави дека нема повредени, но има евакуирани жители.Причина е излевањето на реката, која поради невремето, како и несовесното градење и отпадот, поплави голем број куќи – рече Ибески.Покрај Лажани во општина Долнени, поплавени биле уште неколку села, а Центарот за управување со кризи (ЦУК) соопшти дека водата во...
Претставата Енергични луѓе пред охриѓани
Post Views: 536 Со претставата „Енергични луѓе” според авторот Василиј Шукшин, а во режија на Александар Ивановски, Народниот театар Охрид ја започнува новата сезона.Претставата ќе биде изведена во вторник (30.08.2022) со почеток во 20 часот во центарот за култура „Григор Прличев“.Во претставата игра добро познатата актерска екипа, Горан Стојаноски, Никола Тодороски, Биљана Билаловиќ Вељаноска, Стрезо Стаматовски, Павел Маслов и Адријана Билаловиќ Тодороска.Сценографијата и графичкиот дизајн е потпис на Филип Коруновски, а костимите на Невенка Тасева...
Македонија 29-та во светот по извоз на вино
Post Views: 662 Во текот на изминатата 2021 година македонските винарии извезле вино во вредност од 61,4 милиони долари, што е зголемување од 19,1% во споредба со претходната 2020 година.Виното е еден од ретките извозни производи со кои Македонија како извозник котира повисоко на светските извозни ранг листи.Така според последното рангирање на Worldtopexports, Македонија лани била 29-ти најголем извозник на вина во светот.Во регионот, пак, Македонија е еден од лидерите според вредноста на извезеното вино, односно втор најголем извозник после Грција. Грција со извоз...
33 товарни бродови ја напуштија Украина
Post Views: 293 Вкупно 33 товарни бродови со повеќе од 720.000 тони прехранбени производи ја напуштија Украина според договорот меѓу Киев и Москва, кој со посредство на Обединетите нации и Турција ги деблокираше украинските поморски пристаништа, соопшти денеска украинското Министерство за земјоделство.Според Заедничкиот координативен центар во Турција, кој го следи спроведувањето на договорот, од трите украински пристаништа на Црното Море се извезени вкупно 721.449 тони жито и прехранбени производи од постигнувањето на договорот, пренесува Ројтерс.Во Истанбул, со...
Јахта потона во близина на Италија
Post Views: 412 Јахта долга 40 метри потона во Средоземното Море. Овој немил настан се случил во Италија на околу 15 километри од градот Катанзаро.На социјалните мрежи кружат видеа на кои се гледа моментот кога јахтата потонува во морето.На јахтата имало девет лица, пет членови на екипажот и четворица патници. Овој брод патувал од Галиполи до Милаца кога потонал.За среќа, италијанската крајбрежна стража ги спаси сите девет лица.Засега не е позната причината за потонувањето.
Земјотрес утрово во охридско
Post Views: 327 Земјотрес со епицентар меѓу охридските села Куратица и Опеница е регистриран утринава.Станува збор за послаб потрес со јачина од 2,6 степени според рихтеровата скала, како што покажуваат податоците на веб-страницата на Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар (ЕМСЦ).Епицентарот бил на длабочина од пет километри.