Skip to main content

Автор: инфодеск

Поради лошите временски услови свеченото отворање на Балканскиот фестивал ќе се одржи утре

Post Views: 42 Поради најавата за лошите временски услови свеченото отворање на Балканскиот фестивал, во среда 03.07.2024 година ќе се оддржи на алтернативната сцена во големата сала на НУЦК “Григор Прличев” – Охрид со почеток во 20.30 часот, информираат организаторите.

Продолжи со читање

Несовесни граѓани формираат депонии и крадат од шумата во атарот на с. Вишни

Post Views: 74 Во рубриката Ти Си Твојот Град на ТВМ пристигна реакција од граѓани кои престојуваат во убавото село Вишни. Реакцијата се однесува на нередовно подигнување на комуналниот отпад, но и за сомнежи за нелегална сеча на дрва.-Три дена по ред се јавувам во Комунално Струга, известен е шефот, ама 12 дена откако сме ние тука не се пројдени. Пред тоа сигурно уште месец. А каква убавина, горе планина долу езеро, невиден потенцијал. Пупе компани од време на време истовара странци точно пред контејнеров. Цело време поминуваат камиони полни со дрвја што се сечат по...

Продолжи со читање

Градскиот базен “Атина Бојаџи” е отворен за користење

Post Views: 164 Од денеска, 1 јули, градскиот базен “Атина Бојаџи” е отворен за користење.ЈП “Билјанини Извори” ја известува јавноста дека рекреативното користење на базените е од 13 – 19 голем базен и 13 – 17:30 мал базен. Утринските часови и дел на попладневните часови во големиот и малиот базен се резервирани за пливачките школи.Дневниот билет за рекреативно користење, согласно правилникот за цени на претпријатието, е 100 денари.

Продолжи со читање

Балкански фестивал

Утре започнува 63. издание на Балканскиот фестивал на народни песни и игри

Post Views: 77 Утре започнува 63. издание на Балканскиот фестивал на народни песни и игри во организација на Центарот за култура „Григор Прличев“.Програмата започнува со изложбата насловена „Моменти“ од авторот Антонио Стојчески која ќе биде отворена на 2 јули.Свеченото отворање на Фестивалот ќе биде со целовечерен концерт на националниот ансамбл „Танец“ со почеток во 20:30 часот на сцената на „Долни Сарај“. Пред почетокот на концертот, ансамблите традиционално ќе продефилираат низ охридската чаршија. Дефилето на учесниците ќе започне од пред Центарот за култура...

Продолжи со читање

Заврши 39тата уметничката колонија „Дебрца 2024“

Post Views: 49 После десетдневно, активно ликовно создавање, заврши 39-та, по ред, Интернационална уметничка колонија „Дебрца 2024 “.Годинава, на најстарата ваква манифестација кај нас, учествуваа 11 ликовни уметници, од Mакедонија, потоа, Леетив Намдаг Жанчивин – мистер Ли (монголскиот конзул), како, и, тројца учесници, од Србија и двајца учесници од Црна Гора.-Интернационалната уметничка колонија „Дебрца“ располагаше со најбогат фонд уметнички дела во земјава, над 700 ликовни дела од врвни уметници од Македонија и светот што претставува,...

Продолжи со читање

Свикана 43тата седница на советот на општина Охрид во петок

Post Views: 54 Советот на општина Охрид на ден 05.07.2024 година ( петок ) со почеток во 09:00 часот ќе ја одржи четириесет и третата седница на општина Охрид. Седницата ќе се одржи во зградата на општина Охрид. За седницата предложен е следниот Дневен ред:Усвојување на Записникот од 41-та седница и Записникот од 42-та седницаПредлог-одлука за давање согласност за измена на Годишниот план за вработување за 2024 година во ООУ „Ванчо Николески“ – с.Лескоец.Предлог-одлука за давање согласност на годишниот план за вработување во ООМУ „Методи Патче“- Охрид за...

Продолжи со читање

Во летниот период Центарот за јавно здравје ќе работи секој работен ден од 06:30 до 15:00 часот

Post Views: 66 Од Центарот за јавно здравје информираат дека почнувајќи од денес, 01.07.2024 г. па се до 31.08.2024 г. микробиолошките услуги и услугите за здравствено хигиенски прегледи (санитарни книшки) ќе бидат достапни секој работен ден од 6:30 ч. до 15:00 ч. Во сабота, центарот ќе работи од 8 до 12 часот.-Дозволете да Ве потсетиме дека, со цел намалување на ризиците и спречување на штетните ефекти од надворешните топлотни влијанија предизвикани од високите температури врз здравјето на луѓето, во летниот период, за сите ранливи категории на граѓани: стари лица,...

Продолжи со читање

Градски стадион

Се подготвува фудбалскиот терен за натпреварот од квалификациите за Лигата на шампиони

Post Views: 31 Од ЈП Билјанини Извори информираат дека на 3 јули стартуваат активностите на градскиот фудбалски терен “Билјанини Извори” како последни подготовки пред одигрувањето на натпреварот од првото коло од квалификациите за Лигата на шампиони во фудбал. Тимот на Струга Трим Љум ќе игра во квалификациите за Лигата на шампиони во фудбал со тимот на Слован Братислава од Словачка.-Ние како претпријатие во соработка со македонскиот фудбалски шампион максимално сме посветени во подготовка на фудбалскиот терен за претстојниот натпревар како би овозможиле на...

Продолжи со читање