Skip to main content

Автор: инфодеск

УЈП најавува контроли кај таксистите и превозниците

Post Views: 181 Управата за јавни приходи ги информира сите вршители на авто-такси превоз на патници дека во наредниот период ќе се спроведуваат засилени контроли со посебен акцент на издавањето фискални сметки и почитувањето на одредбите од Законот за регистрирање на готовински плаќања.Во нивното соопштение се додава дека контролите ќе се спроведуваат во соработка со други надлежни институции низ целата држава, посебно во туристичките региони, каде што во летниот период е зголемена фреквенцијата на патници и активноста на авто-такси превозниците.-Даночните обврзници...

Продолжи со читање

Охридско лето: Прекрасна вечер на Бах со германскиот виолончелист Даниел Милер-Шот

Post Views: 125 Еден од најбараните виолончелисти на денешницата, Даниел Милер-Шот од Германија, вчеравечер беше дел од концертната програма на фестивалот Охридско лето“ изведувајќи дела од композиторот Јохан Себастијан Бах.Тој е присутен на сите големи концертни подиуми и веќе неколку децении ја одушевува публиката како голем амбасадор на современата музика преку неговите идеи за обединување на музиката, литературата и визуелната уметност.-Настапот на „Охридско лето“ значи многу за мене. Првпат сум во Охрид, вторпат во Македонија. Во Охрид преубава е природата, но и...

Продолжи со читање

Од денес охриѓани ќе уживаат гледајќи филмови под ѕвездите, започнува 8. издание на Beach Film Festival

Post Views: 166 Од денес до 27 јули, недела, Охрид повторно ќе стане живо гледалиште на новиот европски филм. Осмото издание на „Beach Film Festival“ ќе се одржи на четири внимателно избрани локации: главното отворено кино на плажата Славија, култната плажа Сараиште, Брод Армада и Младинскиот центар во Охрид. Фестивалот годинава носи повеќе од 60 филма од современата европска кинематографија – внимателно селектирани, со свежи авторски гласови, најавуваат од „Beach Film Festival“.Свеченото отворање на Beach Film Festival започнува во 20:30 на плажата Славија, со проекциите на...

Продолжи со читање

Пренос на чесната риза на Господ Исус Христос во Москва

Post Views: 100 Во времето на страдањето на Господ Исус за човечкиот род, во одредот на римската војска во Јерусалим се наоѓаше и еден Грузиец Елиоз од градот Мцхет. Мајка му имаше слушнато за Христа и во срцето веруваше во Него. Кога го испрати сина си во војска во Палестина, го посоветува да не прави ништо против Христос. Кога беше Господ закован со клинци на крстот, звукот на чеканот на Голгота дојде до ушите на Елиозовата мајка во Мцхет. Штом го чу овој звук, таа возвикна: „Тешко мене што не умрев пред ова време, смртта ќе ме избавеше од овој страшен звук!“ Го рече тоа и...

Продолжи со читање

Продолжува екстремно топлото време

Post Views: 92 Денес во Охрид сончево и многу топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец.Температурите ќе се движат во интервал од 16 до 35 степени Целзиусови.

Продолжи со читање

Утре започнува 8. Beach Film Festival

Post Views: 113 Од 23 до 27 јули, Охрид повторно ќе стане живо гледалиште на новиот европски филм. Осмото издание на „Beach Film Festival“ ќе се одржи на четири внимателно избрани локации: главното отворено кино на плажата Славија, култната плажа Сараиште, Брод Армада и Младинскиот центар во Охрид. Фестивалот годинава носи повеќе од 60 филма од современата европска кинематографија – внимателно селектирани, со свежи авторски гласови, најавуваат од „Beach Film Festival“.-Beach Film Festival не е само платформа за филмови, туку и за идеи – за поврзување преку култура. Во...

Продолжи со читање

Второ место за охриѓанецот Гоце Гавриловски на престижен меѓународен натпревар во САД

Post Views: 281 Познатиот охридски композитор Гоце Гавриловски повторно се врати со награда од меѓународен натпревар, овој пат од International Youth Music Festival кој во јуни се одржа во Атланта, САД.Во конкуренција на композитори од повеќе од 25 земји, Гавриловски ја освои втората награда за своето дело „Ремикс” за симфониски оркестар. Овој успех ќе биде свечено прославен на 31 август во Њујорк, каде ќе се доделат наградите од претходниот натпревар. На тој натпревар, Гавриловски ја освои втората награда за хорската композиција „Бум та ка бум” и првата награда со почести...

Продолжи со читање

Сообраќајка меѓу автомобил и мотор на Партизанска

Post Views: 132 Вчера, 21.07.2025 во 23.10 часот, на улицата „Партизанска“ во Охрид се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „пежо“ со охридски регистарски ознаки, управувано од 32 годишен жител од с.Куратица, охридско и мопед „дерби“ со охридски регистарски ознаки, управуван од 22 годишен жител од Охрид.Од СВР Охрид информираат дека во несреќата со тешки телесни повреди се здобил мотоциклистот, констатирани во Специјалната болница „Св.Еразмо“ Охрид. По наредба на Јавен обвинител извршен е увид од увидна екипа на СВР Охрид.

Продолжи со читање

Се асфалтира крак од „Дејан Војвода“, на „Александар Турунџев“ подготвителни активности за асфалтирање

Post Views: 110 Градоначалникот на Охрид, Кирил Пецаков, информира дека во тек се активности за асфалтирање и подготвителни активности за асфалтирање на неколку улици и краци од улици на територија на Општина Охрид.-На крак од улицата „Дејан Војвода“ во моментов се врши асфалтирање, додека на улицата „Александар Турунџев“ се одвиваат подготвителни активности за асфалтирање. За првата улица средствата се обезбедени директно од буџетот на Општин Охрид, додека за другата се обезбедени преку Светска банка. Продолжуваме со активности за подобра инфраструктура во Охрид, вели...

Продолжи со читање

Полските уметници Лукаш Длугош на флејта и Анжеј Јунгиевич на пијано вечерва на „Охридско лето“

Post Views: 135 Фестивалската програма на 65. „Охридско лето“ вечерва продолжува со концерт на полските уметници Лукаш Длугош и Анжеј Јунгиевич.Лукаш Длугош – флејтаЛукаш Длугош е најнаградуваниот флејтист во полската музичка историја. Списанието „Пицикато“ во оценката за неговиот албум „Приказни на флејтата“, издаден за Верго/Дојче Грамофон, го квалификува Длугош како „еден од најдобрите флејтисти во светот“.Длугош студира соло флејта на Високата школа за музика и театар во Минхен,  а магистерските студии ги продолжува на Конзерваториумот во Париз, како и...

Продолжи со читање

Сашко Кедев со историски успех: стана првиот македонец кој ги искачи сите 14 врвови во светот високи над 8.000 метри

Post Views: 249 Познатиот македонски кардиолог и некогашен политичар, Сашко Кедев стигна до историски успех откако стана првиот Македонец кој ги освил сите 14 врвови во светот високи над 8.000 метри. Тој вчера го освои Гашербрум во Пакистан, врв висок 8080 метри.Достигнувањето на д-р Кедев го сместува меѓу најелитните алпинисти во светот. Тој сега ги искачил сите 14 осумилјадници: Еверест, К2, Канченџунга, Лхоце, Макалу, Чо Оју, Дхаулагири, Манаслу, Нанга Парбат, Анапурна, Шишапангма, Брод Пик, Гашербрум II, а сега и Гашербрум I.Сите 14 врвови се наоѓаат на планинските...

Продолжи со читање

Нетфликс ја создаде првата серија со вештачка интелигенција

Post Views: 291 Аргентинската научнофантастична серија „Вечниот патник“ („The Eternaut“) е првата серија од продукцијата на Нетфликс која вклучува користење снимки создадени со помош на генеративна вештачка интелигенција.Еден од извршните директори на Нетфликс, Тед Сарандос, изјави дека во серијата која го прикажува преживувањето од брзи и разурнувачки токсични снежни врнежи, учествувале „Нетфликс“ и уметници за изработка на визуелни ефекти кои користеле вештачка интелигенција за прикажување на рушењето на зграда во Буенос Аирес.-Таа секвенца со визуелни ефекти беше...

Продолжи со читање