Автор: инфодеск
Views: 150 Пожар избувна утрово на депонијата „Буково“, на дел од просторот кој подолг период не се користи и на кој во изминатиот период не е депониран отпад, информираат од ЈП „Охридски Комуналец“ .Екипи на ЈП заедно со припадници на Територијалната противпожарна единица Охрид, веднаш излегле на терен и работат на локализирање на пожарот. Како што информираат од ЈП „Охридски Комуналец“ се врши пресек и создавање заштитна линија со цел да се спречи понатамошното ширење на огнот.Од ЈП „Охридски Комуналец“ посочуваат дека во текот на 2026 година на депонијата „Буково“ досега се...
Бои кои ќе ја одбележат есента 2026
Views: 283 Есента 2026 носи палета на топли, пригушени и елегантни нијанси кои лесно се вклопуваат во секоја гардероба. Од млечно бела до чоколадно кафеава, ова се боите кои ќе доминираат и ќе помогнат и наједноставната комбинација да изгледа модерно.Млечно бела – понежна алтернатива на класичната белаМлечно белата е одличен избор за есен бидејќи делува потопло и понежно од чисто белата, а лесно се комбинира со потемни нијанси.Може да ја носите преку џемпери, кошули, панталони, капути и плетени фустани. Одлично изгледа со чоколадно кафеава и темносина, додека во комбинација со...
Полска вечер на „Охридско лето“ со уметничките од „Глам квартетот“ и пијанистот Стен Брекенриџ
Views: 226 Музичката програма на „Охридско лето“ вечерва продолжува со Полската вечер, во чии рамки во црквата „Света Софија“ ќе настапат уметничките од „Глам квартетот“ од Полска и американскиот пијанист и автор Стен Брекенриџ.Членките на квартетот „Глам“ се реномирани полски инструменталистки кои редовно настапуваат соло, како камерни музичари или како музичари во симфониските оркестри во Полска и надвор од неа. Нивните индивидуални биографии говорат за нивната стилска разновидност и можност да комбинираат повеќе музички стилови од класична музика преку поп, рок, хаус, џез, па сè до...
Православните христијани денес го празнуваат Преображение Господово
Views: 162 Празникот Преображение на Господ Исус Христос се слави секоја година на 19 август, односно 6 август според Јулијанскиот календар. На овој ден се прославува преображението на Христос на планината Тавор, кога Господ се појавил во сета Негова слава пред апостолите Петар, Јаков и Јован.Народни верувања и обичаиПреображение Господово е еден од оние осум големи Христови празници, кога, според народното предание, во зора почнуваат да се преобразуваат и гора и вода, најавувајќи ја идната есен. На Преображение се преобразува и листот и гората и каменот во водата, листовите...
Сончево и топло до 33 степени Целзиусови
Views: 177 Сончево и топло со мала до умерена локална облачност. Попладне во планинските региони ќе има зголемена облачност и услови за краткотраен дожд и појава на ретки грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец.Денес во Охрид температурите во интервал од 15 до 33 степени Целзиусови.Од УХМР информираат дека од утре, четврток, следува период на претежно стабилно и многу топло време. Во сабота наместа ќе има нестабилност проследена со засилен ветер, пороен дожд и грмежи. Во деновите од викендот дневната температура наместа се очекува да надмине 40 степени.
Денот на Армијата одбележан со свеченост во Охрид
Views: 164 Во кампот за обука на вода во Охрид денеска свечено беше одбележан 18 Август – Денот на Армијата. На централната свеченост присуствуваше највисокиот државен и воен врв, меѓу кои претседателката и врховен командант на вооружените сили Гордана Сиљановска-Давкова, премиерот Христијан Мицкоски, министерот за одбрана Владо Мисајловски, претседателот на Собранието Африм Гаши и началникот на Генералштабот, генерал-мајор Сашко Лафчиски.Во обраќањата беа упатени честитки до припадниците на Армијата, при што беше истакната нивната посветеност и професионализам. Во рамки на...
Денеска во Охрид почнува турнирот „Крсте Андоновски“, ГРК Охрид го брани трофејот
Views: 336 Од денеска до 22 август, во спортската сала „Билјанини извори“ во Охрид ќе се одржува петтото издание на меѓународниот ракометен турнир „Крсте Андоновски“.На турнирот ќе настапат осум екипи, поделени во две групи. Македонија има два претставника, домаќинот Охрид и Вардар. ГРК Охрид ќе го брани трофејот освоен на минатогодишното издание.Во групата А се Охрид, репрезентацијата на Египет до 20 години, Војводина и Загреб.Во групата Б ќе се натпреваруваат Вардар, Олимпијакос, Нексе и Тимо Требње.Групната фаза ќе се игра од 18 до 21 август според следниот...
Советот распредели дополнителни средства за реконструкција и унапредување на условите во ООУ „Григор Прличев“ и ООУ „Христо Узунов“
Views: 177 Советот на Општина Охрид на денешната 13. седница, со една точка на Дневен ред, донесе одлука за пренамена на средства за реконструкција и унапредување на условите во две основни училишта. Станува збор за ООУ „Григор Прличев“ – стара зграда, каде веќе се започнати градежните работи, и ООУ „Христо Узунов“ во Охрид.За реконструкцијата на ООУ „Григор Прличев“ се пренаменуваат дополнителни 327.803 денари, кои ќе бидат искористени за поставување нова електрична инсталација на приземјето, во училниците и ходникот, демонтажа и монтажа на нова дограма на приземјето, како и...









