Skip to main content

Автор: инфодеск

Ногачески го посети откупниот центар за сливи

Post Views: 360 Градоначалникот на Општина Дебрца Зоран Ногачески, беше во посета на откупниот центар на фирмата „Али Фреш Фруит ДОО Ресен“ во село Требеништа, каде во моментов се врши откуп на сливи од сортите “чачанска”.Сопствениците ме информираа дека моментално само тие вршат откуп во општината и дека само во текот на вчерашниот ден се откупени околу 30 тони. Откупната цена е 12 денари за килограм и дека се должи на моменталната состојба на пазарот и нејзиниот пласман. За земјоделците цената не е задоволителна, особено ако се има во предвид драстичниот...

Продолжи со читање

Концерт во спомен на Александар Џамбазов

Post Views: 318 Концерт посветен на великанот на македонската современа музика Александар Џамбазов ќе се одржи вечерва на сцената Долни Сарај со почеток во 21 часот.Под диригентската палка на Љупчо Мирковски, солисти на вечерта ќе бидат пијанистот Бобан Мирковски, сопранот Наде Талевска и тенорот Ѓорѓи Цуцковски кои заедно со Ревискиот оркестар на Љупчо Мирковски ќе изведат познати композиции од маестро Џамбазов.Македонскиот композитор и диригент Александар Џамбазов почина на 25-ти јануари годинава, а зад себе остави богат творечки опус. Тој е автор на сценска и филмска...

Продолжи со читање

Марко ќе плива 64 км на Голема Богородица

Post Views: 396 Марко Пејчиновски на 28-ми август, за празникот Успение на Пресвета Богородица или Голема Богородица, ќе плива 64 километри на релација Охрид-Струга-Св. Наум-Охрид, со што ќе го исполни ветувањето од почетокот на летото, кога најави 10 препливувања и околу 250 километри.После 186 километри во 9 препливувања, тука сум да го најавам моето последно препливување: Охрид-Струга-Св. Наум-Охрид, или полни 64 километри. Пред 3 години, поради болка во ногата, го прекинав пливањето на оваа релација која остана мој неостварен предизвик. Тука сум, да си докажам колку сум...

Продолжи со читање

Преображение Господово

Post Views: 341 Празникот Преображение на Господ Исус Христос се слави секоја година на 19 август, односно 6 август според Јулијанскиот календар. На овој ден се прославува преображението на Христос на планината Тавор, кога Господ се појавил во сета Негова слава пред апостолите Петар, Јаков и Јован.Народни верувања и обичаиПреображение Господово е еден од оние осум големи Христови празници, кога, според народното предание, во зора почнуваат да се преобразуваат и гора и вода, најавувајќи ја идната есен. На Преображение се преобразува и листот и гората и каменот во...

Продолжи со читање

Измамена повозрасна жена од Охрид

Post Views: 290 На 18.08.2022 година, 74-годишна жителка на Охрид, во СВР Охрид пријави дека околу 13 часот, телефонски добила известување за сообраќајна несреќа во која, наводно, била тешко повредена нејзината ќерка и дека итно ѝ биле потребни пари за помош и исплата на оштета.Според пријавеното, на едно лице кое дошло пред нејзиниот дом, таа му дала околу 3000 евра. Истиот ден, во СВР Охрид е пријавено дека повозрасна жителка од охридско село била измамена од едно лице, кое ѝ побарало и добило 300 евра, поради наводен долг на нејзиниот син кој живее во странство –...

Продолжи со читање

Авантуризмот зема се поголем замав

Post Views: 322 Активниот туризам зема се поголем замав. Новите трендови на патувања не се веќе врзани само за сонце и плажа. Современите туристи денес сакаат необични доживувања, бараат авантура. Пандемијата рестрикциите и мерките ги зближија луѓето со природата.Веслање, параглајдинг, велосипедизам, планинарење, кајакарење, едрење, нуркање, се повеќе привлекуваат гости во охридско-струшкиот регион.Странските туристи оваа година најмногу се од Полска, Чешка, Словенија зборувам за странските гости. До минатата година значителен беше бројот на украински гости кои за жал...

Продолжи со читање

Утре започнува Поетска ноќ во Велестово

Post Views: 231 Утре започнува 34-тото издание на „Поетска ноќ во Велестово“. Манифестацијата влезе во една сериозна зрелост, а со тоа доаѓа и искачување со што „Поетска ноќ во Велестово“ го добива приматот на една од најзначајните манифестации во Македонија.Уште на почетоците се наметна со една оригиналност, од претставување на еден македонски поет и еден сликар низ 3 децении прерасна во еден вид антологија на македонската поезија и сликарство, истакна денеска на прес конференција Славе Ѓорѓо Димоски.Манифестацијата има двојна улога, едната е да си го заштитиме...

Продолжи со читање

Музичко филмски викенд во Касарна Охрид

Post Views: 327 Музичко-филмски викенд во комплексот Касарна Охрид за затворање на четвртото алтернативно културно забавно лето огранизирано од Културолошка иницијатаива 5 до 12.Кул револуција и рап еволуција е насловот на музичкиот, а отворено кино со автомобили е филмскиот раритетен настан што прв пат е организиран во 2020 година.„Отворено летно кино за луѓето беше многу интересно бидејќи никој не памти такво нешто, во Охрид прв пат во историјата се организира таков настан, во Скопје во 60ти, 70ти, неколку пати е организирано и затоа сакавме да го вратиме тој...

Продолжи со читање

Македонската армија прославува 30 години

Post Views: 289 Централната прослава на 30-годишнината на Армијата на Македонија се одржа денеска во касарната „Илинден“ во Скопје.По тој повод се одржа и дефиле на ешалони составени од припадници на сите команди и единици на АРМ и современите борбени возила со кои располагаат, а претседателот на Македонија и врховен командант Стево Пендаровски на првиот македонски министер за одбрана Трајан Гоцевски му додели Орден за воени заслуги, логистичка база во Армијата и Организација на резервни офицери.На свеченостите во касарната „Илинден“ присуствуваа и премиерот на...

Продолжи со читање

Маестрална изведба на Војна и мир

Post Views: 247 Едно од највлијателните дела во светската книжевност „Војна и мир“ од Лав Николаевич Толстој беше поставено вчеравечер на сцената Долни Сарај во рамките на драмската програма на 62-то „Охридско лето“.Вечно актуелниот универзум во извонредна режија на Борис Лијешевиќ го донесоа врвните актери од Народниот театар Белград, Србија преку тричасовната игра. За Народниот театар во Белград новата драматизација на ова ремек дело ја направи писателот и драматург Федор Шили во соработка со режисерот Лијешевиќ.Во самиот избор на актерската екипа, покрај веќе...

Продолжи со читање

Квартетот Стенхамар вечерва на Охридско лето

Post Views: 277 Шведскиот квартет „Стенхамар“ вечерва е на класичниот репертоар на 62-то издание на фестивалот „Охридско лето“.Членовите на овој состав, виолинистите Петер Олафсон и Пер Оман, Тони Бауер на виола и Матс Олофсон на виолочело ќе концертираат во црквата „Света Софија“ од 21 часот.Основан во 1995 година, квартетот „Стенхамар“ низ годините се профилира како еден од најинтересните и многу респектирани квартети во Скандинавија. Нивното енергично, а истовремено технички рафинирано музицирање придонесува тие редовно да бидат присутни на фестивали за камерна...

Продолжи со читање

Прекин на сообраќајот на патот Охрид-Ресен

Post Views: 314 Од денеска до 12-ти септември 2022 година, сообраќајот на патниот правец Охрид-Ресен преку Галичица, делумно ќе биде во прекин и тоа во периодот помеѓу 09:00 и 15:00 часот, поради изведување градежни работи (асфалтирање).Од АМСМ информираат дека работите ќе се изведуваат само во работни денови.Регионалниот пат Р-2332, на патниот правец Охрид-Ресен (врска со Р1307 Царина – врска со А3 и Р1301 – Трпејца), кој води преку Националниот парк „Галичица“ е отворен за сообраќај од почетокот на мај до 01.10.2022 година за возила со вкупна маса до 3,5 тони. 

Продолжи со читање