Skip to main content

Автор: инфодеск

Се реконструира спортскиот полигон во село Оровник

Post Views: 46 Во село Оровник започнаа работите за реконструкција на спортскиот полигон.–Ќе се изврши санација на заштитните огради,ново рефлекторско осветлување,како и набавка на кошаркарски табли и обрачи, вели градоначалникот на општина Дебрца Зоран Ногачески.Средствата се обезбедени од Буџетот на општината за 2024 година.

Продолжи со читање

Свр Охрид

Пронајдено нелегално оружје во Горенци

Post Views: 65 На 24.06.2024 во 17.30 часот, во СВР Охрид лишен од слобода е 34 годишно лице од селото Горенци, општина Дебрца. При претрес во неговиот дом, извршен по судска наредба, полициските службеници од одделението за недозволена трговија со оружје, пронајдоа и одзедоа ловна пушка „црвена застава” и три куршуми кои, нелегално ги поседувал. По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава, информираат од СВР Охрид.

Продолжи со читање

Музичка приредба на младите во Младински Центар Охрид

Post Views: 51 На 25ти јуни (вторник) во просториите на Младински Центар Охрид со почеток во 19 часот учениците од ООУ „Кочо Рацин“ и бендот на Младински Центар Охрид под менторство на професорот Игор Стефановски ќе одржат музичка приредба со богат репертоар на добро познати песни од големи домашни и странски артисти.-Да ги поддржиме младите музички надежи од Охрид и да се забавуваме, порачуваат организаторите.

Продолжи со читање

Утревечер шесто издание на Меѓународниот хорски фестивал „Гласот на Охрид”

Post Views: 47 По шести пат, утревечер ќе се одржи Меѓународниот хорски фестивал „Гласот на Охрид” организиран од охридскиот градски хор „Вокс Лихнидос”.Публиката ќе може да ужива во хорските композиции од различни музички жанрови, од класична музика до современи аранжмани.Како домаќини, охридските хористи ќе настапат со четири композиции: Ubi caritas – О. Gjeilo, Konj – I. Matvienko, аранжман I. Denisova, Besame mucho – C. Velasquez, аранжман J. Galvan и Mad world – Tears for fears, за која аранжманот го направи диригентот...

Продолжи со читање

Треба да се работи на развој на инклузивен туризам

Post Views: 39 Додека светот забрзано работи на развој на инклузивен туризам, во земјава се уште е во зародиш. Во туристичките центри, нема пристапни плажи за лица со посебни потреби, маркирани патеки, адаптирани сместувачки капацитети, ниту соодветна  угостителска услуга. Пристапност е потребна и до културно историските споменици, цркви, музеи и манифестации.Единственото место во земјава, кое нудат инклузивна услуга за лицата со попреченост е хотелот на сојузот на глуви и наглуви на брегот на Охридското Езеро, таму целиот персонал го  користи знаковниот јазик....

Продолжи со читање

Поради дефект прекин на водоснабдувањето на дел од улиците „Кленоец“ и „Српница“

Post Views: 39 Од ЈП ВОДОВОД Охрид информираат дека поради настанат дефект на водоводната мрежа, денес неколку часа без вода ќе бидат корисниците на улиците Кленоец и Српница.Екипи на ЈП ВОДОВОД Охрид се на терен, до целосно завршување со санацијата.

Продолжи со читање

Рампи Варош

Од петок започнува летниот режим на сообраќај во стариот дел од градот

Post Views: 42 Од петок, 28 јуни 2024 ќе почне да функционира ограничениот режим за движење во стариот дел од градот за време на летната сезона. Режимот и начинот како ограничениот режим на движење на моторните возила е регулиран е утврден со Правилник за издавање на картички за движење во стариот дел од градот, донесен на 11. 05. 2023 година од страна на Управниот одбор на ЈП “Билјанини Извори”.-Во таа насока ги известуваме сите граѓани кои имаат потреба од дополителни информации или се соочуваат со проблеми во однос на режимот за движење да се обратат во...

Продолжи со читање

Киселинов: Откажана е трката во Формула 1 на Охридско Езеро кај Поградец

Post Views: 81 Tрката во Формула 1 со високо-туражни моторни чамци на Охридско Езеро кај Поградец, е откажана, вели еко активистот Никола Киселинов. Претседателот на Туристичката асоцијација на Македонија „Билјана“, која е една од 50-тината граѓански здруженија кои се кренаа против одржувањето на ваква трка на Охридското езеро, вели дека информацијата ја дознал на неодамнешната прослава на Денот на езерото во Поградец. Статусот на трката, која според календарот на организацијата F1-H2O беше закажана за почетокот на јули, на официјалниот сајт на организаторот подолго време беше...

Продолжи со читање