Skip to main content

Автор: инфодеск

Последни репризи на Секс лаги и љубомора

Post Views: 602 Во четврток и сабота (27 и 29 октомври) со почеток во 20 часот во Центарот за култура „Григор Прличев“ повторно ќе се одигра претставата “Секс, лаги и љубомора”.Улогите ги толкуваат актерите Стрезо Стаматоски, Никола Тодороски, Адриана Билаловиќ Тодороска, Билјана Билаловиќ Вељаноска, Елизабета Стефаноска и Марија Новак. Претставата е во режија на Коле Ангеловски.Организаторите информираат дека ова се последните репризи на претставата за оваа година, затоа резервирајте си карта на време, на телефонскиот број 046/261-063. 

Продолжи со читање

Безбеден зимски авантуристички туризам

Post Views: 320 На 26-ти октомври со почеток во 12 часот ќе се одржи свечен настан по повод завршувањето на проектот „Нови можности за безбеден зимски авантуристички туризам“. Проектот е финансиран од ЕУ, Програма за прекугранична соработка со Република Албанија и Министерството за Локална самоуправа на Македонија.Настанот ќе се одржи во просториите на Оперативниот Центар на Планинската спасителнаслужба во Охрид на ул. Кленоец бр. 2А.Проектот е реализиран од страна на Црвен крст Охрид, во партнерство со општините Дебрца,РСМ и Грамш, Албанија и Алпинистичкиот клуб...

Продолжи со читање

Приведен 23 годишен охриѓанец

Post Views: 301 На 22.10.2022 во 00:55 часот во СВР Охрид приведен е 23-годишниот К.М. од Охрид.Тој претходно на улицата „Партизанска” во Охрид го нарушил јавниот ред и мир со агресивно однесување и удирање на стакло од угостителски објект на истата улица. Против него ќе биде поднесена соодветна пријава – информира портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски.

Продолжи со читање

Охрид го чествува 23 октомври

Post Views: 318 Делегација на Општина Охрид, положи свежо цвеќе пред спомен обележјата на револуционерите во градскиот парк, по повод 23 октомври-Денот на македонската револуционерна борба.Пред спомен обележјата на великаните се поклонија и претставници од Сојузот на Борците од НОБ, здруженија, политичките партии и граѓани од Охрид.23 октомври-Денот на македонската револуционерна борба свечено беше одбележан во Спомен куќата на македонскиот револуционер и војвода Христо Узунов.

Продолжи со читање

Ден на македонската револуционерна борба

Post Views: 320 Денеска Македонија го чествува 23-ти октомри, Денот на револуционерната борба.Празнувајќи го 23 октомври Денот на македонската револуционерна борба, го празнуваме и чествуваме формирањето на македонската револуционерна организација во Солун. На 23 октомври 1893 Д-р Христо Татарчев, Даме Груев, Петар Поп Арсов, Иван Хаџи Николов, Антон Димитров и Христо Батанџиев ја основале тајната група нарекувајќи ја Македонски револуционерен комитет.Организацијата се борела за ослободување на Македонија со сопствени сили, без помош од надвор и била почеток на...

Продолжи со читање

Тепачка во близина на бензиска пумпа во Охрид

Post Views: 472 На 21.10.2022 година во 09:40 часот во СВР Охрид приведени се А.Ј.(41) од Охрид и Б.М.(32) од струшкото село Татеши.Тие во близина на бензиска пумпа на булеварот „Железничка” во Охрид го нарушиле јавниот ред и мир со меѓусебна физичка пресметка. По документирање на случајот, против нив ќе биде поднесена соодветна пријава – информираат од СВР Охрид.

Продолжи со читање

Алтернативни поставки на Римска гробница

Post Views: 828 Виртуелната реконструкција и изработената макета на римската гробница од Видобишта се поставени и промовирани во дворот на Културниот центар Лапидариум во Музејската зграда на Куќата на Робевци во Охрид.Проектот e изработен од Здружението за заштита и одржлив развој на животната средина Регионален Зелен Центар Охрид во соработка со НУ Завод за заштита на спомениците и културата и Музеј Охрид. Три месеци континуирано теренското документирање и кабинетска обработка на материјалот беа потребни за добивање на финалниот производ со кој се олеснува пристапот до...

Продолжи со читање

Субвенции на уплатената такса за престој на туристи

Post Views: 375 Општина Охрид објавува Јавен повик за поднесување барања за добивање субвенции на уплатената такса за привремен престој на домашни и странски туристи.Повеќе информации на следниот линк

Продолжи со читање

Успешно отсечени двете јасики на ул. Кленоец

Post Views: 700 Успешно реализирана акцијата за отстранување на двете јасики на ул. Кленоец.Екипите на Паркови и зеленило денеска безбедно ги отстранија јасиките кои претставуваа опасност по околното население и случајните минувачи.Активностите ги реализиравме по претходно добиено Решение од општина Охрид од Комисијата за преземање мерки и активности за отстранување дрвја – информираат од ЈП „Охридски Комуналец“.

Продолжи со читање

Подигнување кабаст отпад во Радојца Новичиќ

Post Views: 288 ЈП „Охридски Kомуналец” на 22.10.2022 год. (сабота) ќе организира акција за подигнување кабаст отпад (стар мебел, душеци, телевизори, шпорети, теписони и др.) во У.З.14. Радојца Новичиќ.Жителите од оваа урбана заедница ќе имаат можност кабастиот отпад уредно да го депонираат на пристапни локации, најкасно до 07 часот на 22.10.2022 година и претходно локацијата да ја пријават на дежурниот телефон 075-495-428, кој функционира секој ден во неделата во периодот 07-21 часот – информираат од ЈП „Охридски Комуналец“.

Продолжи со читање

Кривична пријава за кривично дело затајување

Post Views: 818 СВР Охрид поднесе кривична пријава против Н.С.Л.(41) со привремен престој во Охрид, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „затајување”.Тој на 21.09.2022 година, неовластено ја употребил банкарската картичка сопственост на 86 – годишна жителка на Англија, со привремен престој во Охрид, за која се грижел и без нејзино знаење, извршил повеќе парични трансакции. Со тоа пријавениот се стекнал со противправна имотна корист од 1.700.000 денари – информира портпаролот на секторот.

Продолжи со читање

Охриѓанец пронајден починат на плажа

Post Views: 898 На 20.10.2022 година во 19:05 часот во СВР Охрид пријавено е дека на плажа на брегот на Охридското езеро, пронајден починат е М.Р.(64) од Охрид.Екипа на Итната медицинска помош Охрид констатирала смрт без траги на насилство, а телото, по наредба на Јавен обвинител е предадено на семејството – информира Стефан Димоски, портпарол на СВР Охрид.

Продолжи со читање