Skip to main content

Автор: инфодеск

Мултимедијалниот перформанс „Алхемијата на дивината“ среда и четврток во Вевчани

Post Views: 44 „Алхемија на дивината“, е мултимедијален и локациски специфичен перформанс во Вевчани, кој има за цел да ги трансформира патеките на живописното Вевчани и Вевчанските извори. Премиерата ќе се одржи во среда во 19 часот, а втората и третата изведба ќе се одржат во четврток во 12, односно во 19 часот.–Додека го истражувате Вевчани и Вевчанските извори, околу вас ќе се создаваат магични приказни од алтернативни реалности. Нурнете во овие наративи на еден час, за време на настапот во живо, или препуштете се на една подолга авантура која ветува...

Продолжи со читање

Струга прскање комарци

Утре дезинсекција против комарци на територија на Општина Струга

Post Views: 48 На подрачјето на општина Струга на 25.06.2024 год. (вторник) ќе ce спроведе теристичка (од земја) и аеросолна дезинсекција со цел уништување на комарци.Теренијалното запрашувањето ќе се спроведе навечер од 20:00 ч., до рано наутро, со апарат за УЛВ ладно запрашување. Со дезинсекцијата ќе бидат опфатени сите населени места.-Се молат пчеларите и пчеларските задруги да превземат соодветните мерки за заштита на пчелите, апелираат од Општина Струга.Додаваат дека во случај на појава на неповолни временски услови (ветар или дожд) дезинсекцијата се одложува...

Продолжи со читање

ВК Црн Дрим – Струга е нов државен првак во веслање

Post Views: 104 Во организација на Веслачката федерација на Македонија, во Струга се одржа државното првенство во веслање. На регатната стаза “Ас” веслата ги вкрстија веслачи од сите веслачки клубови од државава (ВК Црн Дрим – Струга , ВК Врбник – Струга , ВК Горица Ремо – Охрид , ВК Дебар – Дебар ) најуспешни меѓу нив беа:Скиф за пионери:-Прво место Александар Хиохи-Второ место: Стефан ЧадоскиСкиф за кадети:-Прво место: Леон Шутиноски-Второ место: Вања Кукунеш,Скиф за јуниори:-Прво место: Кристијан Китаноски-Второ место: Цветко Димоски...

Продолжи со читање

Градоначалник Пецаков

Градоначаникот Пецаков со честитка по повод денот на Балканските египќани

Post Views: 82 Градоначалникот Кирил Пецаков го честита 24 јуни – Меѓународниот ден на Балканските египќани.-Да Ви посакам здравје, среќа и бериќет. Египќаните, како посебен етнички, јазичен и културен субјект се од особено значење за целата македонска држава. Како нераскинлив дел од македонскиот мултиетнички мозаик, Вие сте посветени граѓани на својата држава и на својата заедница. Благосостојбата и просперитетот на Република Македонија, како наш заеднички дом, зависи од сите нас, вклучително и од египќаните, стои во честитката на градоначалникот.

Продолжи со читање

Бесплатен филмски курс „Филмски колаж“ од 3ти до 7ми јули во Младински Центар Охрид

Post Views: 28 Во просториите на Младинскиот Центар Охрид, со почеток од 3ти јули ќе се оддржи филмски курс „Филмски колаж”, кој е дизајниран како алатка за сите средношколци и студенти со интерес кон филмската уметност.Целта е да им овозможи на младите да се запознаат со различни аспекти на филмската продукција и да ги развијат своите критички и креативни способности. Преку теоретски и практични предавања од областа на актерската игра, филмската камера, сценографија и костимографија, филмска шминка и маска, видео монтажа, дизајн на звук, филмска музика и режија,...

Продолжи со читање

Вевчани домаќин и инспирација на светските сликари

Post Views: 49 Живописното Вевчани и годинава домаќин и иснпирација за врвните светски уметници.Започна 13 то издание на Меѓународната ликовна колонија „Вевчански Видувања”. Оваа година ќе творат 30 афирмирани сликари од земјава, од балканските, европски земји и од Америка.Колонијата ќе има хуманитарен предзнак, дел од сликите ќе се продаваат на аукција, а собраните средства се наменети за  хуманитарни цели.-Околу 30 тина познати ументици од македонија и од светото во наредните две недели ќе творат во вевчани. Исто така покрај афирмираните ликовни...

Продолжи со читање

Четири децении ликовна историја: Отворена 39-та Интернационална уметничка колонија „Дебрца 2024 “

Post Views: 41 Во богатата, со над 700, досега, создадени дела, Уметничката галерија, во селото Белчишта, општина Дебрца, синоќа, свечено, беше отворена 39-та, по ред, Интернационална уметничка колонија „Дебрца 2024 “.Пред бројната публика, љубители на ликовната уметност, почитувачи и мештани од Белчишта и другите села на руралната општина Дебрца, се обрати м-р инжињер – архитект, Мартина Целеска, претседател на здружението-организатор.-Во пресрет на јубилејот – 4 децении постоење, со чувство на гордост и благопдарност кон основачите и поддржувачите, можеме...

Продолжи со читање

„Сите деца се уметници“ – изложба на дела од ученици од Радолишта, Франгово и Заграчан

Post Views: 34 OOУ „Ашим Агуши“ – Радолишта во соработка со периферните училишта на селата Франгово и Заграчан , Здружението за грижа за лица со посебни потреби ЦФДК- Струга како и групата на децата од  курсот  LuzzArtgallery вчера организираа изложба со тема „ Сите деца се уметници “ во Центарот за Култура „Браќа Миладиновци„ во Струга .На изложбата беа претставени 100 дела, цртежи, слики , релјефи и макети изработени од 46 деца .Креаторот на изложбата  Лузе Мустафа на отворањето на изложбата  им се заблагодари на директорот на ООУ Ашим Агуши – Шефи...

Продолжи со читање