Автор: инфодеск
Post Views: 27 Владата, на предлог на Министерството за економија, донесе Одлука за изменување на Одлуката за посебни услови за трговијата на одделни стоки, со којашто се утврдува највисока трговска (профитна) маржа за свежото овошје и свеж зеленчук, за сите трговски друштва и трговци поединци кои учествуваат во трговскиот ланец во трговијата на големо во вкупен износ до 10% и во вкупен износ до 15% во трговијата на мало.Согласно владината одлука, вака утврдената највисока трговска (профитна) маржа за свежото овошје и свеж зеленчук, наместо до 30-ти ноември, ќе се применува...
Променливо облачно, попладне со врнежи од дожд
Post Views: 28 Денеска во Охрид претпладне ќе биде променливо облачно со сончеви периоди, а попладне и во текот на ноќта ќе има локални врнежи од дожд. Ќе дува умерен, наместа засилен ветер од западен правец. Максималната дневна температура до 17 степени.Во четврток во Македонија ќе настапи преодно стабилизирање на времето. Во петок ќе дува засилен јужен ветер, а попладне под влијание на нов влажен бран ќе има врнежи од дожд, пообилни во ноќните часови. Во сабота врнежите ќе бидат локални, а на планините ќе преминуваат во снег. Ќе дува засилен северен ветер кој ќе...
Жетва на медали за клубовите на М.Т.Т.Ф од “БУГАРИЈА ОПЕН 2023” и “КОРЧА ОПЕН 2023”
Post Views: 29 Македонска Традиционална Таеквон-до Федерација викендов учествуваше на два Меѓународни натпревари ” БУГАРИЈА ОПЕН 2023″ во Пловдив и “КОРЧА ОПЕН 2023” во Албанија.Македонската Традиционална Таеквон-до Федерација ( ИТФ ), под водство на претседателот Марјанчо Лазревски, учествуваа на Меѓународен Таеквон-до ИТФ А класа натпревар “БУГАРИЈА ОПЕН 2023” во Пловдив, Бугарија, на кој учествуваа над 700 натпреварувачи од 12 земји од Европа. На овај престижен натпревар охриѓанката Христијана Парулеска, која поради...
Ученички од струшкото „Нико Нестор” дел од Платформата за женско семејно претприемништво
Post Views: 23 Ученичките од струшкото училиште „Нико Нестор” ќе бидат дел од Платформата за женско семејно претприемништво. Со подршка на амбасадата на Словенија изминативе неколку месеци ученичките имаа обуки за плетење, шиење, везење, преку подобрување на рачните вештини и социјално вмрежување да стигнат до сопствен бренд.Целта е поттикнување на претприемачкиот дух кај младите но и нивно самовработување.„Дополнителна едукација даваме на мануелните вештини како своето знаење да го претворат во сопствен бренд и како понатаму да се...
Од утре задолжително поседување зимска опрема во автомобилите
Post Views: 18 Министерството за внатрешни работи ги информира граѓаните дека од 15 ноември до 15 март, возилата кои учествуваат во јавен сообраќај на патиштата задолжително треба да поседуваат пропишана зимска опрема.Согласно одребите од Правилникот за задолжителна опрема на возилата, за безбедно учество во сообраќајот на патиштата. (Службен весник бр. 31 од 2010 година), како зимска опрема на моторните возила се подразбира:За моторни возила кои не надминува 3.500 кг.:– зимски пневматици на сите четири тркала, со минимална длабочина на шарите на нагазниот слој по обем и...
Бeсрeбрeници и чудoтвoрци Свети Кoзма и Дамјан – Свети Врачи
Post Views: 21 Православните верници денеска ги слават Светите Козма и Дамјан, господови лекари наречени и Свети бесребреници.Св. Кoзма и Дамјан Бeсрeбрeници и чудoтвoрци, браќа пo тeлo и пo дух, рoдeни нeгдe вo Азија, oд таткo нeзнабoжeц и мајка христијанка. Пo смртта на таткoтo, нивната мајка Тeoдoтија сeтo врeмe и труд им ги пoсвeтила на свoитe синoви да ги вoспита и да ги пoдигнe какo вистински христијани. И Бoг ѝ пoмoгнал, та нeјзинитe синoви израсналe какo двe слатки oвoшки и какo два свeтилника вo свeтoт. Билe научeни на лeкарска вeштина и бeсплатнo им пoмагалe на...
Сончево со мала облачност и температура до 16 степени
Post Views: 16 Денеска во Охрид сончево време со мала облачност. Ќе дува слаб ветер од јужен правец. Максималната дневна температура до 16 степени.Во следните два дена во Македонија ќе се задржи релативно топло време со појава на утринска магла во одделни котлини. Локални врнежи од дожд ќе има во попладневните и вечерните часови во среда и во петок. Во сабота ќе дува засилен северен ветер, кој ќе предизвика значително опаѓање на температурата.фото: Ѓоко Симјаноски
Патната инфраструктура тема на емисијата Прашалник
Post Views: 14 Децениската изградба на автопатот Кичево Охрид, но и состојбите во целокупната патна инфраструктрура во општина Охрид тема на емисијата Прашалник на ТВМ телевизија. Последните најави од владата се доколку кинеската Синохидро не ја заврши изградбата на автопатот, до крајниот рок 31 декември годинава, можно е раскинување на договорот.Експертите појаснуваат дека дел од причините за одолговлекувањето на изградбата се непредвидени предизвици. Појава на нови свлечишта на трасата и поради тоа ќе се ангажираат меѓународни експерти кои ќе дадат предлог проектантски...