Автор: инфодеск
Post Views: 63 Во сабота во спортската сала „Билјанини извори“ ќе се одржи четвртото издание на Меѓународниот таеквондо ИТФ натпревар „Ohrid Open 2024“, во организација на Македонската традиционална таеквондо федерација и таеквондо клуботот „Хва Ранг ИТФ“ од Лескоец.Годинава на натпреварот учество имаат пријавено над 300 натпреварувачи од 31 клуб од Словенија, Хрватска, БиХ, Србија, Грција, Бугарија, Албанија, Молдавија, Романија и Македонија. Учесниците ќе се натпреваруваат во форми и борби.Ohrid Open“ од страна на ИТФ е ставен на рејтинг листата, каде што се собираат...
ЦЈЗ: Водата во и околу мерно место Охридати е исправна за пиење
Post Views: 74 ЈП ВОДОВОД Охрид ги известува граѓаните дека по извршените дополнителни анализи на водата за пиење од страна на ЈЗУ ЦЈЗ Охрид и добиените резултати, водата е исправна за пиење во и околу мерно место населба ОХРИДАТИ – Охрид.
Мерко не се чувствува виновен за несовесно работење во службата
Post Views: 81 Струшкиот градоначалник Рамиз Мерко се изјасна дека не чувствува вина за незаконско назначување директори во четири училишта. Во судот денес се одржа главната расправа за четири дела против Мерко за несовесно работење во службата. Три ќе се водат во еден судски процес, а еден предмет засебен за училиштето во Велешта, бидејки таму обвинителство откри и к.д. фалсификување за што обвинети се четири лица.Во струшкиот суд се одржа главната расправа против Мерко за незаконско назначување на директори во четири училишта, во селата Подгорци,...
Архивата на „Охридско лето“ за прв пат предадена во охридскиот архив
Post Views: 58 Архивската документација на НУ Охридско лето, значајна за зачувувањето на документарното богато наследство, за првпат ќе биде предадена во Охридскиот Архив.Согласно Меморандумот за соработка помеѓи НУ „Охридско лето“ и Државниот Архив како и меѓусебниот договор помеѓу двете институции, архивската документација на НУ „Охридско лето“, од нејзиното создавање до денес, беше во целосна процедура на средување и обработка. Тимот на Охридскиот Архив низ неколку месечни активности успеа во целост да ги изврши архивските процедури со што дел од трајната документација во...
Се е подготвено за најстарата ликовна колонија во земјава, Дебрца 2024
Post Views: 110 Во сабота свечено ќе биде отворена 39 та Интернационална колонија Дебрца 2024. Годинава на неа ќе творат 11 домашни и странски ументици. Инспирација ќе црпат од убавините на Дебрца, манастирите,црквите, природата, блатото Сини Вирој ….. Уметниците ќе прошетаат и низ Стариот дел на Охрид и манастирот Свети Наум.„На свеченото отворање предвидено е да се направи ретроспектива на минатогодишните дела и ументиците кои твореа минатата година.Нови мотиви на овогодинешната манифестација ќе биде создавање на нови парадигми врз база на минатото. Уметниците...
Денес започнува 49-от турнир во мал фудбал „Петровден“ во Мешеишта
Post Views: 108 Денес започнува 49-от турнир во мал фудбал „Петровден“ во Мешеишта каде ќе учествуваат 29 екипи поделени во 8 групи.Наградниот фонд за прво место изнесува 120,000 денари, за второ место 60,000 денари, за трето место 30,000 денари, а за четврто место наградата ќе изнесува 10,000 денари. Ќе бидат доделени пехари и медали за првите три позиции, како и за најдобар играч, најдобар голман и најдобар стрелец, велат организаторите.Натпреварите се со почеток од 20:30, 21:30 и 22:30 часот.
Поетско – музички перформанс „Слушни го езерото“
Post Views: 41 Утре, петок, во чест на Денот на Охридското Езеро во организација на НУ Библиотека „Григор Прличев“ на платото пред оваа установа од 11 часот ќе се одржи завршницата од поетско – музичкиот перформанс „Слушни го езерото“.–Со свои творби ќе настапат десеттина поети од Охрид, Струга и Поградец – Албанија. На настанот ќе присуствуваат и директорките на Центарот за култура „Браќа Миладиновци“ од Струга и Библиотеката „Митруш Кутели“ од Поградец. Ученици од основните училишта ќе постават изложба со цртежи сврзани со езерото а ќе настапат и млади музичари од ...
Утре ќе се одржи манифестацијата „Чалгиски звуци“ во чест на Климе Садило
Post Views: 38 Во предворјето на НУЦК Григор Прличев со почеток во 20.00 часот, утре ( 20.06.2024 година), ќе се одржи културната манифестација „Чалгиски звуци“ во чест на познатиот охридски виолинист Климе Садило. На манифестацијата ќе настапат музичката група „Фросина“ и Камерен оркестар Охрид.Манифестацијата е под покровителство на Општина Охрид.







