Автор: инфодеск
Post Views: 323 Екипи на ЈП „Нискоградба” изведуваат нова фекална канализација на крак од улица „Ариф Мустафа”во должина од 110 метри.Со овој зафат се решава долгогодишен проблем кој го имаа жителите од оваа улица.Вредноста на проектот изнесува околу 800 000 денари, а средствата се обезбедени од буџетот на Општина Охрид.
6 пехари и 30 медали за ХВА РАНГ ИТФ во Корча
Post Views: 626 Таеквондо клубот „ХВА РАНГ ИТФ“ Лескоец Охрид освои шест пехари и 30 медали на таеквондо ИТФ турнирот „Корча Опен 2022“ во Албанија.На турнирот учествуваа над 150 натпреварувачи од 11 клубови од кои 3 клубови од Македонија.„ХВА РАНГ ИТФ“ под водство на Марјанчо Лазаревски носител на црн појас V дан, учествуваше со 17 натпреварувачи кои учествуваа во 2 дисциплински форми (борба со замислен противник) и спаринг борби.На овој натпревар нашите натпреварувачи после Европското првенство каде направија историски успех освојувајќи 3 сребрни медали,...
Индекс на отвореност на општините
Post Views: 338 Здружението за истражувања и анализи (ЗМАИ) денеска ќе го презентира Индексот за отворност на општините за 2021 година, како и споредбата со резултатите од минатата година.Како што информираат од ЗМАИ во текот на изминатите месеци девет независни истражувачи ги анализираа општините во државава во однос на тоа колку се транспарентни и отчетни во буџетирањето и буџетските процеси, колкава е вклученоста на граѓаните и дали се обезбедува правичност во буџетирањето.Резултатите потоа биле пратени до општините кои обезбедиле соодветни коментари и дополнувања, по...
Разбиена мрежа на трговија со жени
Post Views: 441 Две жени жртви на трафикинг се ослободени, а девет лица се уапсени во операцијата на грчката полиција, во соработка со службеници од Генералниот секретаријат на Интерпол и полицајци од одделот за борба против трговија со луѓе на молдавската полиција, спроведена во неколку бордели во центарот на Атина, во која беше разбиена мрежа на трговија со жени од странство со цел нивна економска и сексуална експлоатација, јави дописничката на МИА од Атина.Како што соопштија од грчката полиција, мрежата ги принудувала жените на проституција во борделите во нивна...
Дефинирање приоритети пред објавување Јавен повик за граѓански организации
Post Views: 242 Во просториите на Општина Охрид се одржа јавна дебата чија тема беше дефинирање на приоритетите пред објавување на јавен повик за граѓанските организации. На дебатата учество зедоа претставници на 12 организации.Како предлог приоритети беа издвоени „Младински активизам и пратиципација“, „Родова еднаквост, економска и социјална инклузија“ и „Туризам, заштита на животната средина и култура“.Овој, нов пристап на Локалната самоуправа, подразбира објавување на јавен и транспарентен повик за сите граѓански организации кои ќе треба да изготват предлог...
Пријавување за детското драмско студио
Post Views: 306 Од ноември 2022год. ќе започне со работа детското драмско студио при НУЦК „Григор Прличев” Охрид.Ги покануваме сите деца со интерес за театарска уметност, а особено глума, на возраст од 9-14 години, да се пријават за аудиција, која ќе се одржи на 1-ви ноември, 2022 во 19 часот во просториите на установата. За аудицијата, треба да подготвите двеминутна сценска изведба (мал рецитал, монолог, песничка, одломка, перформанс…), со која ќе се претставите пред вашите идни ментори. Со детското драмско студио ќе работат професионални режисери и драматурзи...
Црвен Крст добитник на највисокото признание
Post Views: 282 Денес во големата сала на Општина Охрид, се одржа свеченост, на која Општинската организација на Црвен Крст Охрид, го доби признанието за најуспешна во годинешната програма “Црвен Крст во акција – промоција на хумани вредности“ ( ЦКА-ПХВ).Пред присутните граѓани и гости, се обрати градоначалникот Кирил Пецаков.Денешната свеченост е убав повод уште еднаш да се потсетиме на највредното што го поседуваме – хуманоста, човекољубието, солидарноста, како највредни карактеристики што треба и мора да ги имаме и да ги споделуваме за добробит на целата...
Станица за мерење на квалитетот на воздухот
Post Views: 284 Денеска започна поставувањето на новата автоматска мониторинг станица за следење на квалитетот на амбиентниот воздух. Станицата е поставена на булевар „Туристичка“ во непосредна близина на спортскиот центар „Климент Колески“.Мониторинг станицата ќе биде дел од државната мрежа за мониторинг на квалитетот на амбиентен воздух и ќе биде управувана од Министерството за животна средина и просторно планирање.Со овој уред ќе се воспостави механизам за редовно следење на состојбата со квалитетот на воздухот и изворите на загадување, што е од особено значење...
Превентивна кампања во ОУ Братство Единство
Post Views: 542 Отсекот за превенција при СВР Охрид во координација со РСБСП, во Основното училиште „Братство Единство” во охридската населба „Лескајца”, ја реализираа превентивната кампања ,,Да ги заштитиме децата во сообраќајот”.Притоа, полициските службеници низ интерактивен пристап остварија контакт и разговори со учениците од прво одделение во училиштето, им ги пренесуваа најважните информации корисни за сообраќајната безбедност, ги запознаваа со основните сообраќајни правила што треба да ги знаат, а кои значат нивно безбедно учество како пешаци во...
Туристичка дипломатија за развој на туризмот
Post Views: 366 Амбасадата на Република Северна Македонија во Приштина во соработка со Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот организираа дводневно информативно патување на дипломатски претставници – амбасадори со мандат во Приштина, Косово.Присутни на информативното патување беа амбасадорите на САД, Јапонија, Албанија, Швајцарија, Луксембург, Шведска, Словенија, Турција, Германија и претставници на НДИ.Соработката на АППТ со амбасадорката на Северна Македонија во Косово, Шпреса Јусуфи е за поздравување и е прв чекор во зајакнување на туристичката дипломатија...
Хотелите ќе стават клуч на врата доколку државата не помогне
Post Views: 273 Доколку нема помош од државата поголемиот број хотели, кои се на слободниот пазар на електрична енергија ќе бидат принудени да стават клуч на врата. Големите хотелски капацитети плаќаат поголеми даноци и се најголемите работодавци во туристичката индустрија, а за нив досега не е предвидена никаква помош.Без конкретна финансиска помош, поддршка за плати или субвенционирана електрична енергија околу 1500 луѓе вработени на брегот на Охридското Езеро може да останат без работа, вели првиот човек на хотелската асоцијација Крсте Блажески.Викаат дека даваат...
Огревно дрво на рати за пензионерите од регионов
Post Views: 274 Пензионерите од Охрид и Дебрца иако поспоро поради големата побарувачка, сепак навремено се снабдуваат со огревно дрво, информираат од Здружението на Пензионери на Охрид и Дебрца.Ние како здружение на овој план, сме поорганизирани од многу други здруженија во земјава, бидејќи за подобрувањето на животниот стандард, имаме формирано и Клуб на пензионери согласно Законот за трговски друштва преку кој клуб на одреден број рати ги снабдуваме пензионерите со огревно дрво и со други одредени артикли – истакна Ѓорѓи Трпчески, претседател на ЗП на Охрид и...
