Автор: инфодеск
Post Views: 467 Утре со почеток во 20 часот, комедија со Тино и Атанас во Џез Ин. Шоуто е во рамки на Summer Comedy Marathon 2022.На ваше огромно задоволство ви ги претставуваме Тино и Атанас. Познатото дуо комичари Валентин Костадиновски и Атанас Атанасовски за првпат ќе згазат на сцената на Jazz Inn. Саат и кусур интензивна комедија која не е за пропуштање – велат организаторите.Summer Comedy Marathon 2022 е помогнат од ресторант Летна Бавча Канео и Irish Pub Five.Картата чини 250 денари, а може да си резервирате на телефонскиот број : 075 283 066.
Архитектонско урбанистички план
Post Views: 439 Општина Охрид организира јавна анкета за Архитектонско-урбанистички план за ГП 7.1.96.ОРГАНИЗИРАЊЕ НА ЈАВНА АНКЕТА И ЈАВНA ПРЕЗЕНТАЦИЈА за Архитектонско-урбанистички проект за ГП бр.7.1.96 на дел од КП 10888, дел од КП 10885, 10993/3, 9286/20 и 9286/21 КО Охрид 2, во ДУП УРБАНА ЗАЕДНИЦА 7 БЛОК 7.1 Охрид, со намена В1-образование, општина Охрид – стои во соооштението.Јавната анкета ќе трае од 15-ти до 19-ти август.Повеќе информации на следниот линк
Голем шумски пожар на грчкиот остров Тасос
Post Views: 402 Голем шумски пожар во источниот дел на грчкиот остров Тасос е активен од синоќа, а утрово, превентивно е евакуирано приморското село Кинира, јави дописничката на МИА од Атина.Пожарот е во планински непрооден дел, интервенираат 102 пожарникари со пет пешадиски тима и 33 возила, шест авиони и шест хеликоптери од кои еден е за координација, а помагаат и пожарникари волонтери, армијата, како и цистерни и возила од општините.Поголемиот дел од пожарникарите на островот пристигнаа од северна Грција.Преку бројот 112 за итни случаи беше испратена порака до...
Емотивни бранувања со Шломо Минц
Post Views: 290 Емотивни бранувања кај публиката која е љубител на класичната музика предизвика синоќешниот концерт на американско-израелскиот виртуоз на виолина Шломо Минц кој се одржа во рамките на Американската вечер на 62-то „Охридско лето“.Пред почетокот на концертот се обрати вршителот на должност Амбасадор на САД во Република Македонија, Ерик Мајер.Почестен сум што сум овде вечерва. Пресреќни сме поради нашето учество на овој фестивал, поради Американската вечер со нашиот многу посебен виолинист. Се надевам дека публиката ќе ужива. Како дипломати тука...
Човечки труп пронајден по течението на Треска
Post Views: 326 Во атарот на кичевското село Вранештица, по течението на реката Треска, кај месноста „Капалиште“, вчера околу 14 часот пронајден е човечки труп, информираат од СВР Охрид.Увид на местото изврши тим од полициски и медицински екипи, предводен од Јавен обвинител, по чија наредба телото е предадено за обдукција.Се преземаат мерки за расчистување на настанот.
Почина фудбалската легенда Кирил Дојчиновски
Post Views: 463 Македонија денеска се збогува со македонската фудбалска легенда, Кирил Дојчиновски. Се збогува и Балканот и сите оние фудбалски колективи кои беа тесно поврзани до легендата на македонскиот фудбал.Емотивна порака, потсетувајќи се и на своето последно интервју со Дочиновски, испрати и белградска Црвена Звезда каде македонската легенда настапуваше од 1967 до 1974 година, достигнувајќи ја својата најголема фудбалска слава.ФК Црвена Звезда со голема жал ја информира јавноста дека уште едно големо фудбалско име не напушти засекогаш, Кирил Дојчиновски кој не...
Забрана за увоз на руски јаглен во ЕУ
Post Views: 362 Од денеска стапува на сила целосната забрана за купување руски јаглен. Мерката беше одобрена како дел од четвртиот пакет санкции усвоени во април против Русија поради војната во Украина.Друга забрана за увоз од Русија треба да се имплементира подоцна оваа година – делумно ембарго на нафта.Испораките од Русија ќе бидат заменети со оние од Северна Америка, Јужна Африка, Колумбија, Австралија и Казахстан. Станува збор за значителни количини, бидејќи 70 отсто од увезениот јаглен во Европа доаѓа од санкционираната земја.Ембаргото влијае на 22,6 отсто од...
Дигитален паметен споменик на Григор Прличев
Post Views: 871 Охрид доби дигитален паметен споменик кој ги вкрстува вештачката интелигенција и виртуелната реалност во уникатно футуристичко искуство за охриѓани и посетителите.Воскреснувањето на Григор Прличев преку користење на најновите технологии овозможува да ги спознаеме културата и технологијата, минатото и иднината, во непосредна интеракција со дигиталната свест на Вториот Хомер.Иновативниот систем е изработен од страна на компанијата Сефиданис, која неодамна потпиша меморандум за стратешка соработка со Општина Охрид. Решението покрај останатото вклучува и...
Зоран Анчевски со најдобра поетска збирка
Post Views: 467 Познатиот македонски поет и книжевен преведувач Зоран Анчевски е добитник на наградата „Браќа Миладиновци“ што се доделува од страна на „Струшките вечери на поезијата“ за најдобра поетска збирка помеѓу две фестивалски изданија.Анчевски е добитник на наградата за неговата поетска збирка „Збунети компаси“ во издание на „ИЛИ- ИЛИ“.Тој е добитник по вторпат на ова највисоко признание, откако во 2018 година ја доби наградата „Браќа Миладиновци“ за стихозбирката „Небесна пантомима“.Жири-комисијата во состав Наташа Аврамовска (претседател), Иван Додовски...
Физички нападнал женски член на семејството
Post Views: 378 На 09.08.2022 година во СВР Охрид е приведен З.А.(63) од Охрид, кој, во својот дом во Охрид, физички нападнал женски член на семејството.По документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава – се вели во соопштението на СВР Охрид.
Охриѓанец фатен со марихуана на плажа Магнус
Post Views: 424 На 10.08.2022 година околу 02 часот, во СВР Охрид приведен е М.С.(25) од Охрид.Тој, заедно со И.Ѓ.(24) од скопско Ново Село, биле затекнати во патничко возило „Нисан”, со охридски регистарски ознаки, кај плажата „Магнус” во Охрид и при извршен преглед, полициските службеници кај М.С. пронашле и одзеле марихуана. По целосно документирање на настанот, СВР Охрид ќе поднесе соодветни пријави – информира портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски.
Пет нови наслови од издавачот Книгохоличари
Post Views: 366 Во одделот за зајмување во НУ Библиотека „Григор Прличев“ во Охрид од денеска побарајте ги следните нови наслови:„Ирене“ и „Крвава венчавка“ од Пјер Лемтер, „Овој човек“ од Џоди Елен Малпас, „Париската сопруга“ од Пола Меклејн и „Затвори ги очите“ од Рејчел Абот.Сите книги се од издавачката куќа „ Книгохоличари“.Потсетуваме дека годишната членарина за возрасни е 300, а за деца 200 денари. До почетокот на септември, НУ Библиотека за читатели е отворена секој ден од понеделник до петок од 8 и 30 до 16 часот – велат од Градската Библиотека.