Автор: инфодеск
Post Views: 87 Во сабота, на 22 Јуни, во селото Белчишта, општина Дебрца, во 20.00 часот, свечено ќе биде отворена 39-та Интернационална уметничка колонија „Дебрца 2024 “. Годинава, најстарата ликовна колонија во Македонија, е посветена на делата и авторите на уметниците кои твореа во текот на изминатата колонија.-Свеченоста, ќе се одржи во уметничката галерија која е отворена во 1985 година а обновена во 2005 година, и истата е реновирана изминатата година со што се створени подобри услови за работа, велат од здружението. На интернационалната уметничка колонија...
Во туристичката сезона здравствените установи во Охрид под зголемен притисок
Post Views: 64 Недостигот на лекари во Охрид се продлабочува во текот на туристичката сезона, кога поради напливот на туристи е зголемен обемот на работа. Во Општата болница во Охрид недостигаат анестезиолози, уролози, лекари фалат и во одделите за трансфузиологија и физикална терапија, но и на Кожното одделение. Најалармантно е на Одделот за педијатрија каде повеќе од две години се вршат само прегледи и инфузиона терапија, нема хоспитализација ниту ноќна смена. Во моментов работат само тројца педијатри.Итната медицинска помош во Охрид има возила, но нема доволно...
Трет меѓународен турнир во кошарка „ КК Колибри “- Охрид
Post Views: 112 Во спортската сала „Билјанини Извори” од 18 до 21 јуни ќе се одржи третиот по ред меѓународен турнир во кошарка „ КК Колибри “- Охрид 2025 година во категорија : девојчиња и момчиња, генерации М9, М12 и М14. Натпреварите ќе се одигруваат од 9 до 12 часот претпладне и од 16 до 22 часот попладне.– На турнирот ќе настапат екипите на МБА Академија – Крагуевац, Р. Србија, Елит Баскет – Тирана Р. Албанија, КК Волвс – Корча, Р. Албанија, КК Гостивар – Гостивар, КК Куманово – Куманово, КК Црн Дрим – Струга, ЖКК...
Традиционална Супер Чистка и бесплатно возење на СУП и кајак за Денот на Охридско Езеро
Post Views: 103 Во петок (21.06) oд 9.00 часот на плажа Канео започнувагодинешната Супер чистка во организација на SUP Club Ohrid. Еколошката акција е по повод Денот на Охридското езеро.– Традиционално се дружиме и оваа година по повод Ден на Охридско Езеро. Првиот ден на летото 21 јуни, во 2000-та година беше прогласен за ден на Охридското Eзеро. Тогаш е потпишан меморандумот за заштита на езерото помеѓу Охрид, Струга и Поградец, со цел подигање на свеста за поголема заштита на езерото како природно наследство од македонска и албанска страна. Ве чекаме да го...
Се тампонираат локални патишта во селата Издеглавје и Сливово
Post Views: 41 По барање на жителите на село Издеглавје, извршени се активности за тампонирање со гребен асфалт на патот до црквата “Св.Димитрија”, во должина од 1 км.-По завршувањето на тампонирањето со гребен асфалт на патот до црквата “Св Димитрија”,село Издеглавје денес продолживме со тампонирање на патот до црквата “Св.Атанасије”, село Сливово, со што ќе се обезбеди полесен пристап на граѓаните до црквата и селските гробишта, информира градоначалникот на општина Дебрца Зоран Ногачески.Тампонирањето го врши фирмата “Бис” Охрид,а средствата се...
СВР Билтен: две лица нападнати од домашен миленик, жител на струшко Ташмаруништа нападнал охриѓанец
Post Views: 38 На 14.06.2024 во 20.10 часот во СВР Охрид е пријавено дека на улицата „Серафим Китаноски” во Охрид две лица биле нападнати од куче домашен миленик. По целосно документирање на настанот, ќе биде поднесена соодветна пријава.Истиот ден на булеварот „Македонски просветители” во Охрид, жител на струшкото село Ташмаруништа, физички го нападнал 18 годишен охриѓанец. Против напаѓачот ќе биде поднесена соодветна пријава, информира портпаролот на секторот Стефан Димоски.
Да се отстранат пловните објекти на Сараиште и од крајбрежјето во Пештани
Post Views: 70 Сопствениците на пловни објекти – кајчиња треба истите во најкраток временски период да ги отстранат од крајбрежниот појас кај локалитетот „Сараиште“ и во рибарската населба „Пештани“, информираат од локалната самоуправа.–Во спротивно Општина Охрид и општинските јавни претпријатија ќе започнат акција за отстранување на истите, на товар на сопствениците, велат од локалната.Пловните објекти треба да се отстранат поради тековно одржување и чистење на крајбрежјето во овој дел од градот пред почетокот на летната туристичка сезона.
ФА Отекс Фолк со годишен концерт ќе ја обележи работата на фолклорната школа во изминатата година
Post Views: 65 Фолклорниот ансамбл Отекс Фолк со годишен концерт насловен “Рака за рака, чекор по чекор” ќе го обележи работењето на фолклорната школа во изминатата школска година. Годишниот концерт ќе се одржи на 15-ти јуни (сабота) во Центар за култура „Григор Прличев“- Охрид со почеток во 15:00 часот.На овој концерт ќе настапат најмладите членови на ансамблот, средната група, како и и вториот состав кои што со голем ентузијазам и љубов ги изучуваа традиционалните фолклорни кореографии во изминатата школска година и ќе прикажат што се научиле од ризницата на...







