Skip to main content

Автор: инфодеск

Едно лице е убиено во Зворник

Post Views: 459 Во пукотници што се случија синоќа нешто пред полноќ во ресторан во близина на Зворник, Босна и Херцеговина, едно лице е убиено, додека тројца се ранети, пренесува „Кликс“.Како што потврдија од полицијата во Зворник за тој портал, пукањето се случило во ресторан.Портпаролката на ПУ Зворник, Данијела Маџаревиќ, изјави дека во ПУ Козлук синоќа околу 23:05 часот било пријавено дека во Општата болница Зворник се примени четворица пациенти со повреди од огнено оружје.Едно лице почина од повредите, а останатите три се задржани на лекување. Еден од нив е во...

Продолжи со читање

Бесправно оградил државно земјиште во Орман

Post Views: 463 СВР Охрид поднесе кривична пријава против Н.П.(55) од Охрид поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „узурпација на недвижности”.Тој во период од 2021 и 2022 година, бесправно оградил државно земјиште во охридското село Орман каде посеал јачмен и насад од орев на вкупна површина од 7.368 метри квадратни. Земјиштето го обработувал без да поседува важечки склучен договор за закуп со надлежен државен орган – информира Стефан Димоски, портпарол на СВР Охрид.

Продолжи со читање

Започнаа Спортските синдикални игри во Охрид

Post Views: 309 Синоќа со свечена пригода беа отворени Спортските синдикални игри кои се во организација на Синдикатот на администрацијата и државната управа на Македонија (САДУ).На настанот присуствуваше и градоначалникот на Охрид, Кирил Пецаков.Преку спортот и спортските игри се обновува позитивната енергија. Спортските игри го поттикнуваат натпреварувачкиот дух, но дружењето го јакне заедништвото и тимската работа која е потребна за ефикасно справување со секојдневните професионални предизвици – вели градоначалникот Пецаков.

Продолжи со читање

Охриѓанец упатил закани кон градежен инспектор

Post Views: 519 СВР Охрид поднесе кривична пријава против Д.Г.(62) од Охрид поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „загрозување на сигурноста”.Тој во текот на септември 2022 година, кон градежен инспектор упатил повеќе закани и навреди – информира Стефан Димоски, портпарол на СВР Охрид.

Продолжи со читање

Одбележан Меѓународниот ден на жените од руралните средини

Post Views: 297 Рурална Коалиција денес го одбележа Меѓународниот ден на жените од руралните средини, со успешно завршување на Меѓународната академија на жени претприемачки од руралните средини и доделување на сертификати, како и со потпишување на декларацијата на Руралното Женско Лоби како активна заложба за заедничко делување и застапување за унапредување на родовата еднаквост и економското јакнење на жените од руралните средини како производителки на храна. Едукацијата, вложувањето во знаењето, но и развојот на практичните вештини кај жените од руралните средини во делот...

Продолжи со читање

Превентивна кампања пред основците во Лескоец

Post Views: 299 Отсекот за превенција при СВР Охрид во координација со РСБСП, денеска во основното училиште ,,Ванчо Николески” во охридското село Лескоец, ја реализираа превентивната кампања ,,Да ги заштитиме децата во сообраќајот”.Притоа, полициските службеници низ интерактивен пристап, остварија контакт и разговори со учениците од прво одделение во училиштето, им ги пренесуваа најважните основи информации корисни за сообраќајната безбедност, ги запознаваа со основните сообраќајни правила што треба да ги знаат, а кои значат нивно безбедно учество како пешаци во...

Продолжи со читање

Зајакнување на општинските совети

Post Views: 340 Општина Дебрца заедно со уште девет други општини е вклучена во втората фаза на програмата „Зајакнување на општинските совети”, информира Градоначалникот Ногачески. Општините беа избрани преку јавен повик, на кој аплицираа 30-на единици на локалната самоуправа од државата.Програмата е дел од проектот на Швајцарската агенција за развој и соработка „Зајакнување на општинските совети”, кој што се спроведува од страна на Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП), во соработка со национални и локални партнери.Во наредните 18 месеци, околу...

Продолжи со читање

Орманци стравуваат од излевање на Коселска река

Post Views: 353 Со есенските врнежи доаѓаат и грижите за жителите кои живеет покрај Коселска река од излевање на речното корито. Се плашат дека реката ќе се излее и ќе ги поплави нивните домови и посеаните  земјоделски површини заради неисчистеното речно корито. Жителите од Орман, деновиве пријавиле до Центарот за управување со кризи да направат увид на речното корито. Сопственици на имоти покрај реката ги фрлиле во речното корито искастрените гранки, а се очекуваат есенските дождови.„Пријавивме, дојдоа, си заминаа, а другиот ден ситуацијата се...

Продолжи со читање

Единаесетти состанок на Викимедија

Post Views: 255 Од денеска до 16-ти октомври во Охрид се одржува единаесеттиот состанок на Викимедија за Централна и Источна Европа. Оваа средба се организира во живо после пауза од две години поради Ковид пандемијата.Википедијанците во ОхридНа настанот свое обраќање имаше градоначалникот на Општина Охрид, Кирил Пецаков.Дозволете да го изразам моето задоволство што Охрид е домаќин на престижен настан  посветен на важноста на Википедија еден од петте најпосетувани сајтови во Светот. Живееме во хипер поврзан Свет на глобална и динамична економија, изложена на постојани...

Продолжи со читање

Одложена кампањата Подај рака и промени живот

Post Views: 232 Кампањата „Подај рака и промени живот, стани згрижувач“ која требаше да се одржи денеска на градскиот плоштад е одложена поради временските услови. Кампањата е наменета за промоција на згрижување и има за цел да се зголеми бројот на згрижувачки семејства во земјата.Подај рака и промени живот, стани згрижувачНационалната кампања се спроведува од страна на СОС Детско село, во соработка со Центрите за поддршка на згрижувачки семејства „11 Октомври“ и „Битола“, Министерството за труд и социјална политика и локалните самоуправи, а овозможена е од страна на...

Продолжи со читање

Охрид домаќин на конгрес на правници

Post Views: 326 Синоќа во Охрид свечено беше отворен „Охридски конгрес на правото 2022“ кој се одржува за првпат. На настанот учествуваат 150 студенти по право од Западен Балкан.Свое обраќање на конгресот имаше градоначалникот на Охрид Кирил Пецаков.Почитувани организатори и учесници на Првиот Охридски конгрес на правото 2022, почитувани гости, дами и господа. Дозволете на почетокот да ве поздравам и да ви посакам успешна работа и пријатен престој во Охрид.Ми причинува особена чест и задоволство што овој голем конгрес од областа на правото се одржува во Охрид, градот...

Продолжи со читање

Денеска е Покров на Пресвета Богородица

Post Views: 391 Според календарот на МПЦ денеска (14 октомври) се одбележува празникот Покров на Пресвета Богородица.Празникот се слави во црквата посветена на „Покров на Пресвета Богородица“ во манастирскиот комплекс „Сите Светии“ во село Лешани.Црквата е изградена најголем дел со манастирски средства и со помош на благоверниот народ. Почна да се гради во 2012 година, а градбата заврши во 2017 година. Црквата е изградена по појавувањето на чудо во манастиротИдејата за изградба дошла по појавување на чудото на денот на зачнување на света Ана – 22 декември, во...

Продолжи со читање