Автор: инфодеск
Post Views: 110 Поради настанат дефект на водоводната мрежа, денес од 10:00 часот, неколку часа без вода ќе бидат корисниците на улицата „Гоце Делчев“ на потегот од пресекот со улицата „Македонски Просветители“ до Здружение на возачи, вклучувајќи ги и сите споредни улици од населбите Кошишта, Воска и Далјан.Екипи на ЈП ВОДОВОД Охрид се на терен до целосно завршување со санацијата, велат од претпријатието.
Освојувачот на бронза на Европско јуниорско Таеквон-до првенство Давид Крстески на средба со градоначалникот Пецаков
Post Views: 63 Денес градоначалникот Кирил Пецаков оствари средба со Давид Крстески, член на Таеквон-до клубот „Хваранг ИТФ“ од Лескоец, кој на последното Европско јуниорско првенство во Копер, Словенија го освои бронзенииот медал. Крстески се закити со брнозеното одличје во категоријата спаринг борби до 63 килограми.На средбата, Пецаков, честитајќи го големиот успех, порача дека локалната самоуправа и понатака активно ќе го помага клубот, овозможувајќи оптимални услови за работа на младите спортисти.
Државните шампионки во тенис Спасеска и Џајкоска на средба со градоначалникот Пецаков
Post Views: 69 Градоначалникот Кирил Пецаков денеска во својот кабинет ги прими тенисерките Ана Спасеска и Маја Џајкоска кои освоија златен медал на Државното првенство по тенис што се одржа во период од 1-ви до 4-ти јуни во Тениската академија Аеродром во Скопје.Двете млади спортски надежи од Охрид кои доаѓаат од ТК „Адвантико“ , Спасеска и Џајкоска беа најдобри во категоријата Јуниорки за двојки. Тие успеаа да ги соборат Ведрана Танеска и Марија Попоска од ТК „Охрид“ и ТК „Чери Спорт“.На средбата градоначалникот Пецаков им честита за постигнатиот успех, со желба...
Во вторник Советот на Општина Охрид ќе бира нов Претседател
Post Views: 59 Свикана четириесет и втората седница на Советот на општина Охрид на ден 18.06.2024 година (вторник ) со почеток во 11:00 часот.На Дневен ред на седницата е избор на нов Претседател на Советот на општина Охрид, со оглед на тоа дека актуелниот претседател Сашо Донев му престанува мандатот со верификацијата на неговиот пратенички мандат во новиот состав на Собранието на Р. Македонија.Д Н Е В Е Н Р Е ДПредлог-одлука за престанок на мандат на член во Советот на општина Охрид.Предлог-одлука за верификација на мандатот на член во Советот на...
Избрано идејното решение за лого по повод 80 годишнината од ослободувањето на Охрид
Post Views: 49 Општина Охрид го избра идејното решение за лого по повод 80 годишнината од ослободувањето на Охрид, врз основа на објавениот јавен конкурс.Комисијата за спроведување избор на идејното решение, формирана од градоначалникот на Општина Охрид, бр.09-5735/3 од 16.05.2024 година, во состав : Александра Настоска, претседател, Билјана Аврамоска – член, Митко Трпкоски – член, Петар Боев – член и Наташа Стојкоска – член, од Одделението за култура од општина Охрид прими вкупно 5 плика кои беа пристигнати по Конкурсот за идејно решение.Комисијата...
Градоначалникот Пецаков им ја честиташе титулата на младите фудбалери од Фер Плеј
Post Views: 62 Градоначалникот Кирил Пецаков денеска оствари средба со младите фудбалери од фудбалската школа „Фер плеј“ од Охрид, кои ја освоија титулата -Државен првак на Македонија во детски фудбал за генерација 2015 година.Градоначалникот Пецаков упати срдечни честитки до дечињата и нивните трењери со желби за уште поголеми успеси во иднина. Тој истака дека Општина Охрид како и до сега ќе продожи да инвестира во спортот и да дава поддршка на младите спортисти.На првенството во категорија на детски лиги организирано од ФФМ, екипата на „Фер Плеј“ играше без пораз и...
Велосипедистите бараат поврзување на двата крајезерски градови Охрид и Струга со современа вело патека
Post Views: 73 Велосипедистите со години бараат велосипедско поврзување на Охрид и Струга. Неодамна, со Ипа вело тура, која ја подржаа над 120 велосипедисти се реафирмира идејата за изградба на безбедна велопатека меѓу двата крајезерски градови, но и патека кон населбата Свети Стефан.Во современите земји велосипедизмот е начин на живот, треба да се работи на проширување на велосипедската мрежа.„Урбаниот велосипедизам станува начин на живот, стил на живеење. Рекреативниот велосипедизам исто така наменет е не само за охриѓани и стружани, но многу повеќе и за туристите...
Младински Центар Охрид организира Креативна летна школа
Post Views: 52 Креативен Клуб при Младински Центар Охрид организира Креативна летна школа во период од 1 јули до 12 август 2024 година.„Школата ќе се реализира во просториите на Младински Центар Охрид, во дворот каде би имале особена слобода за да ја изразат својата креативност, но, и во природа, покрај плажа каде би имале простор за тим билдинг, релаксација и креативно изразување“, велат организаторите.Сите заинтересирани можат да се пријават на следниот линк: https://docs.google.com/forms/d/1DOCTl5CuOPs8HJONVuKUbswqG_da1QiTmDZMI3ybnCE/viewform?edit_requested=true







