Skip to main content

Автор: инфодеск

Светиот свештеномаченик Панкратиј, епископ Тавромениски

Post Views: 119 Овој Светител беше роден во Антиохија во времето кога Господ Исус одеше како човек меѓу луѓето на земјата. Штом слушнаа за чудата Христови, родителите на Панкратиј посакаа да Го видат чудотворецот Господ. И заедно со Панкратиј дојдоа во Јерусалим, каде што Го видоа Исус, ги слушнаа Неговите зборови и ги видоа чудата Негови. Панкратиј овде се запозна со светиот апостол Петар. По вознесението на Господ родителите и синот се крстија во Антиохија. Панкратиј се повлече во некоја пештера во Понт, кај што го најде апостолот Петар, па во договор со Светиот апостол Павле...

Продолжи со читање

Претежно сончево и многу топло, максималните температури до 35 степени Целзиусови

Post Views: 102 Времето во Охрид денес претежно сончево и многу топо. Ќе дува слаб до умерен, а во западните делови повремено засилен ветер од југозападен правец.Минималните температури од 18, а максималните до 35 степеи Целзиусови.Од УХМР информираат дека под влијание на топол бран од југ до сабота (26.07) времето ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена локална облачност. Дневната температура насекаде ќе биде над просекот за месец јули.

Продолжи со читање

Денес започнаа заедничките патроли на македонски и српски полициски службеници во Охрид

Post Views: 147 Од денеска во Охрид започнаа заедничките полициски патроли составени од полициски службеници од македонското и српското Министерство за внатрешни работи.Патролите се реализираат врз основа на потпишаниот Протокол за соработка во текот на летната и зимската туристичка сезона на двете Министерства според кој, предвидено е заеднички патроли да патролираат низ Охрид секојдневно во текот на сезоната од 20-ти јули до 31-ви август.– Целта на заедничките патроли не е само зголемување на степенот на размена на искуства помеѓу полициските службеници од двете...

Продолжи со читање

Се одржа 59. седница на Советот на Општина Охрид

Post Views: 108 Градските советници, денес ја одржаа педесет и деветтата седница. На дневен ред имаше 16 точки, од  кои повеќето беа од урбанистичката сфера, а се донесоа одлуки за формирање на паралелки со помалку од 20 ученици во основните училишта и во ОСУ „Св.Климент Охридски“.Со одлука на советниците, спортската сала беше предадена на трајно користење на ЈП „Билјанини извори“.

Продолжи со читање

Магична вечер синоќа со препознатливите звуци на тангото на Охридско лето

Post Views: 122 Магична и незаборавна вечер синоќа во преубавиот амбиент на предворјето на „Св. Софија“, приреди ФАМЕ’С Европскиот оркестарски изведувачки институт, предводен од брилијантната Русанда Панфили од Молдавија. Со музиката на Астор Пјацола концертот насловен како „Либертанго“ ја раскажа животната приказна на овој композитор.Со многу страст и префинетост виолинистката Панфили ја пренесе енергијата кон публиката која со многу емоции го пратеше ритамот на препознатливите звуци на тангото но и ги награди уметниците со долги аплаузи и стоечки овации.Русанда,...

Продолжи со читање

Ана Петановска и Дадо Топиќ се победниците на тиватскиот фестивал „Бисер на Јадранот“

Post Views: 127 Ана Петановска и Дадо Топиќ се годинешните победници на фестивалот „Бисер на Јадранот“ во Тиват. За првата награда за песната „Небо“, заслужни се и Григор Копров кој се покрижи за музиката, текстот е на Дадо Топиќ, а аранжманот е на Стефан Петановски, братот на Ана.-Прва награда, „Златен Бисер” на овогодинешниот „Бисер на Јадранот“ за песната “Небо” со Дадо Топиќ, емоциите се тука. Ви благодарам од срце мили луѓе, за сите коментари, желби, честитки и несебична поддршка . Огромна благодарност до фестивалот, Дадо Топиќ и Григор Копров за искрениот ветер во грб...

Продолжи со читање

Лишена од слобода охриѓанка која управувала мопед со 2,23 промили алкохол во крвта и била агресивна кон полицајците

Post Views: 152  На 21-ви јули 2025 година, во 01:45 часот, на улицата „Гоце Делчев“ во Охрид, полициски службеници од СВР Охрид ја лишија од слобода 44-годишна охриѓанка, која претходно управувајќи мопед на истата улица, паднала и се здобила со телесни повреди.– Таа се однесувала агресивно кон полициските службеници кои пристигнале на местото на настанот, а било утврдено и дека има 2,23 промили алкохол во крвта. По целосно документирање на настанот, против неа ќе биде поднесена соодветна пријава, информираат од СВР Охрид. (Крај)

Продолжи со читање

Еквадор вчера го екстрадира водечкиот шверцер на дрога во САД

Post Views: 282 Водачот на еквадорската банда Адолфо Масијас Виљамар, инаку познат по прекарот Фито, вчера беше екстрадиран во САД, еден месец откако беше фатен, а во САД ќе се соочи со обвиненија за трговија со дрога и оружје. Фито беше повторно уапсен во јуни, една година откако избега од затвор со максимална безбедност, каде што отслужуваше 34-годишна казна за низа кривични дела. Неговиот адвокат за Ројтерс изјави дека тој денеска ќе се појави пред федералниот суд во Соединетите Американски Држави за да се изјасни за невин по обвиненијата за меѓународна трговија со дрога...

Продолжи со читање

Вечер на виолончело на „Охридско лето“ со маестро Даниел Милер-Шот

Post Views: 117 Музичката програма на „Охридско лето“ за вечерва го нуди целовечерниот концерт на Даниел Милер-Шот, е еден од најбараните виолончелисти на денешницата.Милер-Шот и е присутен на сите големи концертни подиуми. Веќе неколку децении ја одушевува публиката како голем амбасадор на современата музика преку неговите идеи за обединување на музиката, литературата и визуелната уметност.Оваа концертна сезона меѓу другото вклучува турнеја низ Германија со пијанистот Јан Лисецки и оркестарот „Ст. Мартин ин д филдс“, настапи со виолинистката Џулија Фишер, како и...

Продолжи со читање

Следува период на многу топло време

Post Views: 98 Од УХМР информират дека под влијание на топла воздушна маса од југ во текот на седмицава времето во Македонија ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена локална облачност. Дневната температура на повеќе места ќе надминува 35°C, а наместа и 40°C.Во Охрид нѐ очекува претежно сончево и многу топло со слаб до умерен ветер од западен и југозападен правец. Минималните температури од 15, а максималните до 34 степени Целзиусови.Фото: Ѓоко Симјаноски

Продолжи со читање

Светиот великомаченик Прокопиј

Post Views: 175 Роден е во Јерусалим, од татко христијанин и незнабожна мајка. Името најпрво му беше Неаниј. По смртта на таткото, мајката го воспита синот сосема во духот на римското идолопоклонство. Кога Неаниј порасна, го виде еднаш царот Диоклецијан и толку го засака, што го зеде кај себе во дворецот на војничка служба. А кога овој злочестив цар почна да ги гони христијаните, го одреди Неаниј да оди со еден одред војска во Александрија за во неа да ги сотре христијаните. По патот на Неаниј му се случи нешто слично како на Савле. Во третиот час од ноќта стана голем...

Продолжи со читање

ТСТГ: Алармот посилен и од петли е од Пошта

Post Views: 603 Откако утринава наши сограѓани се пожалија на неподносливата бучава во строгиот дел на градот, односно на алармот кој се активира на секои 20-тина минути со иритантен и многу силен звук, сега не информираа дека истиот е од Македонски Пошти.-Ситуацијата станува уште поапсурдна од причина што алармот не може да се исклучи бидејќи се чека екипа од Скопје да дојде да го деактивира. Додека не дојде екипата, ние ќе продолжиме да се будиме „поштено“ бидејќи буквално ништо не може да се превземе, не информираа нашите сограѓани кои разговарале со лица од СВР Охрид.

Продолжи со читање