Skip to main content

Автор: инфодеск

Општина Охрид позитивен пример во однос на системот за заштита и спасување, според Државниот завод за ревизија

Views: 160 Општина Охрид е посочена како позитивен пример во однос на организацијата, функционирањето и финансирањето на системот за заштита и спасување во државата, се наведува во конечниот извештај на Државниот завод за ревизија.Во извештајот, насловен „Градење на систем за управување со кризи, заштита и спасување преку инвестиции во опрема и ресурси, одржување на средствата со цел да се зголеми оперативноста, ефикасноста и ефективноста“, ревизорите констатираат дека во Општина Охрид е воспоставена соодветна институционална рамка.Општината има донесено стратешки и оперативни...

Продолжи со читање

Охридско езеро

Инфо ден за AdvenTour II на 20 август во Охрид 

Views: 221 Како да создадеме туристички доживувања во кои навистина може да ужива секој, без оглед на возраста или физичките ограничувања? На ова прашање ќе се фокусира Инфо денот на проектот AdvenTour II – „Достапна авантура преку границите“, кој ќе се одржи на 20 август 2026 година во Охрид.Програмата започнува во 13:00 часот на базенот „Атина Бојаџи“, а продолжува во 17:00 часот на пристаништето во Охрид.Проектот ги поврзува Северна Македонија и Грција во заедничка иницијатива за развој на попристапен, инклузивен и одржлив туризам, со посебен фокус на лицата со попреченост и...

Продолжи со читање

Во петок започнува 38. издание на меѓународната манифестација „Поетска ноќ во Велестово“

Views: 223 Во петок, 21 август, започнува 38. издание на меѓународната манифестација „Поетска ноќ во Велестово“, која ќе трае до 23 август. Програмата ќе се одвива во Велестово и во „Лапидариумот“ во Охрид, со учество на дваесетина поети, музичари и уметници од седум земји.Фестивалот ќе започне во 21 часот со поетски портрет на Јовица Ивановски, по што ќе следува интернационалното поетско читање „Имаго“. Во 22:30 часот ќе биде отворена изложбата на акварели „Флора“ од Ивана Настески.Во следните два дена се предвидени промоции на пет поетски збирки, интернационални читања...

Продолжи со читање

Храна која треба да ја ограничите при висок холестерол

Views: 155 Високиот холестерол нема само една причина. На неговите вредности можат да влијаат генетиката, одредени здравствени состојби, пушењето, физичката активност, возраста, но и исхраната. Додека одредени намирници и хранливи материи можат да помогнат во одржувањето на здрави вредности на холестеролот, други можат да имаат спротивен ефект и да придонесат за зголемување на LDL холестеролот, познат како „лош“ холестерол. Ако неодамнешните крвни анализи покажале дека холестеролот е повисок од посакуваното, можеби е време да посветите поголемо внимание на она што го јадете...

Продолжи со читање

Арм

Македонската Армија одбележува 34 години постоење

Views: 198 Македонската Армија денес одбележува 34 години од своето формирање. Во изминатите три децении таа претставува еден од клучните столбови на безбедноста и одбраната на државата.По осамостојувањето на Македонија, на 18 август 1992 година е формирана Армијата, а овој датум се одбележува како Ден на Армијата. Во текот на своето постоење, припадниците на Армијата учествуваа во бројни домашни и меѓународни мисии, придонесувајќи кон мирот, безбедноста и стабилноста. Инаку, Денот на Армијата е поврзан со 18 август 1943 година, кога на Славеј Планина бил формиран баталјонот „Мирче...

Продолжи со читање

Света архиерејска Литургија по повод Преображение Христово во Струга

Views: 177 Дебарско-кичевската епархија ги поканува верниците на празнувањето на Светото Преображение на Господ Исус Христос.По тој повод, на 19 август 2026 година (среда), во храмот „Св. вмч. Георгиј“ во Струга, со почеток во 08:45 часот, ќе биде отслужена света архиерејска Литургија.Со Литургијата ќе чиноначалствува Неговото Високопреосвештенство, Митрополитот Дебарско-кичевски г. Георгиј.Од Дебарско-кичевската епархија ги повикуваат сите верници да земат молитвено учество во одбележувањето на големиот христијански празник.

Продолжи со читање

Младински оркестар на Западен Балкан со маестрален концерт на „Охридско лето“

Views: 148 Во извонедниот амбиент на Долни Сарај вчеравечер беше реализиран уште еден од низата успешни концерти од музичката програма на „Охридско лето“.Овојпат, главни актери беа младите музичари од регионот, обединети во Младинскиот оркестар на Западен Балкан. Вкупно 75 врвни инструменталисти-членови на оркестарот, под диригентската палка на маестро Десар Сулејмани, музицираа со фантастична  мотивираност, ослободувајќи моќна творечка енергија која допре до публиката.Концертниот репертоар зрачеше со восхитувачка убавина со највисоки естетски критериуми.-Голема е...

Продолжи со читање

Светиот маченик Евсигниј

Views: 137 Беше војник кај царот Максимијан, кај царот Константин Велики и кај неговите синови. Присуствуваше на мачењето на светиот маченик Василиск (22 мај) кога виде мноштво Ангели и Самиот Господ Исус како од ангелите ја прима душата на овој Свет маченик. Војуваше за царот Константин и го виде крстот што му се јави на царот. Откако отслужи во војска цели шеесет години, за време на царувањето на Константиновите синови се повлече од воената служба и се насели во Антиохија, која му беше роден град. Овде животот го минуваше богоугодно, во пост, молитва и добри дела. Во времето на Јулијан...

Продолжи со читање