Автор: инфодеск
Post Views: 765 Црногорското дуо гитари Горан Кривокапиќ и Данијел Церовиќ вчеравечер ја воодушевија публиката на фестивалот „Охридско лето“ со својот маестрален настап во црквата „Света Софија“ .На фестивалскиот репертоар, двајцата извонредни уметници ја изведоа Шестата англиска свита од Јохан Себастијан Бах транскиптирана за две гитари што ја снимија пред неколку години, а потоа и Свитата Троилеана од Астор Пјацола. Крајот на прекрасната вечер беше резервиран за транскрипција на музиката на Мануел де Фаља.Репертоарот не е оригинално напишан за гитара, но тоа е наш...
Нападнат малолетник во Извидничкиот центар
Post Views: 283 На 06.08.2022 година во 01:20 часот во Извиднички Центар во Охрид, А.А.(40) од Куманово го нарушил јавниот ред и мир.Тој со метален предмет нападнал малолетник од Скопје. Против напаѓачот ќе биде поднесена соодветна пријава – информира Стефан Димоски, портпарол на СВР Охрид.
Охриѓанец ја нападнал сопругата
Post Views: 356 На 06.08.2022 година во 02:00 часот во СВР Охрид пријавено е дека на 05.08.2022 година, М.У.од Охрид, во семејниот дом физички ја нападнал неговата сопруга.Против напаѓачот ќе биде поднесена соодветна пријава – информираат од СВР Охрид.
Отекс Фолк на 10 дневна турнеја во Италија
Post Views: 485 Пробите се завршени, кореографиите извежбани.Денес, Фолклорниот Ансамбл „Отекс Фолк“ заминува на голема 10 дневна турнеја во Италија.Ќе учествуваме на Меѓународниот фолклорен фестивал „Pentria“ во регионот Молизе заедно со групи од Хрватска, Словачка, Романија, Кенија и Непал – велат од ФА „Отекс Фолк“.Ние им посакуваме среќен пат и голем успех на натпреварот!!!
Пронајдена дрога кај ресенчанец во Охрид
Post Views: 523 На 05.08.2022 во 22:10 часот на ул. „Стив Наумов” во Охрид, полициски службеници од СВР Охрид го лишија од слобода Ф.Ш.(25) од Ресен затоа што кај него била пронајдена и одземена кеса со бела прашкаста материја.Дополнителено, при претрес во неговиот дом во Охрид, извршен со судска наредба, пронајдена и одземена е дробилка со остатоци од марихуана. Тој е задржан во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава – информира Стефан Димоски, портпарол на СВР Охрид.
Охриѓанец нападнат од Пит Бул
Post Views: 548 На 06.08.2022 година во 01:50 часот, Ж.М.(24) од Охрид пријавил дека тој и неговото куче на улицата „Марко Нестороски” во Охрид биле нападнати од куче „Пит Бул” кое излегло од двор.Се преземаат мерки за расчистување на случајот –велат од СВР Охрид.
Одличен концерт на Виенска камерна симфонија
Post Views: 320 Квинтетот „Виенска камерна симфонија“ остави силен впечаток кај публиката со својот концерт што го одржа вчеравечер на „Охридско лето“.Талентираните млади музичари кои живеат и работат во австриската престолнина Виена создадоа прекрасен амбиент во катедралната црква „Света Софија“ изведувајќи дела од класичниот репертоар.На фестивалот „Охридско лето“, виолинистките Лаура Лози и Естеле Вебер, виолистот Џорџија Венецијано, виолончелистот Серџо Мастро и контрабасот Дамиан Посе, уште еднаш ја потврдија својата уникатност во музицирањето со која ги освојуваат...
Стендап шоуто Да БолиТ вечерва во Џез Ин
Post Views: 323 Вечерва во Џез Ин со почеток во 20 часот, најновото соло стендап шоу на Никола Тодороски „Да БолиТ” во рамки на Summer Comedy Marathon “22.Во секоја секунда од секој ден на секого му се случува нешто Да БолиТ. Си се споредил со некој подобар – Да БолиТ. Другарка ти се мажила ти не – Да БолиТ. Другар ти замина странство ти не – Да БолиТ. Ти замина странство другар ти не – Да БолиТ. Уште живејш со родители и сите дома вкупно имате 1947 години – Да БолиТ. Михаела имат поубо точаче – Да БолиТ. Ти слушаш метал комшијата Аца Лукас – Да БолиТ. Новото шоу на...
Автобус со полјаци се преврте во Хрватска
Post Views: 418 Хрватската полиција потврди дека досега најмалку 12 лица го загубиле животот, а десетици се повредени во автобуската несреќа која се случи утринава во Хрватска, кога автобус со полски регистарски таблички, од засега непознати причини, излетал од автопатот А4 додека се движел кон главниот град Загреб.Шест повредени лица се пренесени во КБЦ „Загреб“, клиничката болница во Дубрава, како и трауматолошката клиника, пренесува хрватски „Јутарни лист“.Потпретседателот на Владата и министер за внатрешни работи на Хрватска, Давор Божиновиќ, на прес-конференција...
Охриѓани и туристите се едуцираа за хепатитис
Post Views: 362 На градскиот плоштад во Охрид, денеска граѓаните и туристите можеа бесплатно да се тестираат за хепатитис Б, Ц и ХИВ. Настанот е по повод Светскиот ден на хепатитот за подигнување на свеста за ова заразно заболување, а во организација на ХЕПАР Центар Битола во соработка со пациентска организација за ретки болести „Ретко е да си редок” од Охрид.На секои 30 секунди еден човек како резултат на вирусот на хепатитис Б и Ц добива карцином на црниот дроб од кој секој ден во светот умираат околу 3000 луѓе. Нагорниот тренд на ширењето на ова вирусно заболување се...
Тепачка на булеварот Туристичка
Post Views: 454 На 05.08.2022 година во 02:10 часот во близина на угостителски објект на бул. „Туристичка” во Охрид нарушен е јавниот ред и мир.Извршен е физички напад од Е.И. и А.И. врз А.М.(24), сите од Охрид. Против напаѓачите ќе биде поднесена соодветна пријава – информираат од СВР Охрид.
Возило излетало од патот кај Бел мост
Post Views: 320 На 04.08.2022 година околу 05 часот, кај месноста „Бел мост”, атар на селото Волино, општина Дебрца, Е.Ф.(21) од Кичево, управувајќи патничко возило „хонда акорд” со кичевски регистарски ознаки, изгубил контрола и излетал од коловозот.Притоа, со тешки телесни повреди се здобил сопатникот Н.О.(24) со привремен престој во Швајцарија, констатирани во болницата „Св. Еразмо” во Охрид. Увид на местото извршиле полициски екипи – информира Стефан Димоски, портпарол на СВР Охрид.