Skip to main content

Автор: инфодеск

Крводарителска акција на Црвен крст со службата за трансфузија и Костал

Post Views: 74 Во пресрет на Светскиот ден на крводарителството кој се одбележува на 14 јуни, Црвен крст Охрид, во соработка со Службата за трансфузија – Охрид и Костал Охрид, вчера реализираа крводарителска акција со вработените во компанијата, а истата се одржа во просториите на Костал.„Изразуваме голема благодарност до сите вработени кои даруваа крв и ја истакнаа својата хуманост и до компанијата Костал за нејзината висока општествена одговорност“, – велат од Црвен Крст Охрид.

Продолжи со читање

Библиотека Охрид

Градската библиотека го реализира проектот „Читаме гласно и раскажуваме“

Post Views: 58 Втора година со ред НУ Библиотека ,,Григор Прличев“ од Охрид“ го спроведе Проектот: „Читаме гласно и раскажуваме“ одобрен од Министерството за култура и е дел од Годишна програма за работа на установата.Се работеше со деца од второ одделение кои според наставната програма веќе ја имаат совладано азбуката и од нив се бараше да научат добро да читаат, да прераскажуваат обработени и самостојно прочитани текстови, да раскажуваат вистински и измислени настани и доживувања.Целта беше да се работи со деца кои имаат тешкотии во читањето и да им го олесниме патот...

Продолжи со читање

Блескав настап на театарската група на Црвен крст Охрид на „Вдиши театар“

Post Views: 53 Тесен беше просторот на летната сцена во предворјето на црквата Св.Софија, да ги собере сите љубители на театарската игра, кои вчера дојдоа да „ВДИШАТ ТЕАТАР“ и бидат дел од отворањето на деветтото издание на Меѓународниот Аматерски театарски фестивал „ВДИШИ ТЕАТАР“, кој како предвесник на охридското културно лето, во организација на Црвен крст Охрид, се реализира од 12-16 јуни во Охрид.Блескав настап имаше театарската група на Црвен крст Охрид која ја изведе театарската претстава „УТРЕ“ во режија на Емилија Блажеска, Весна Терзиоска и Јованка Сион Доленц...

Продолжи со читање

Спасовден, Христово вознесение

Денес е Спасовден – празник на Христовото вознесение

Post Views: 47 Празникот Вознесение Христово се празнува во спомен на вознесувањето на Исус Христос на небото. Четириесеттиот ден по Воскресението Исус за последен пат им се јавил на своите ученици, ги собрал на едно место, во селото Витанија, биле единасетмината (бидејќи Јуда по предавството се обесил) и им соопштил дека сè уште не треба да одат од Ерусалим зашто наскоро врз нив ќе слезе Светиот Дух и ќе ги исполни со сила. Со таа сила вие ќе крштевате, како што свети Јован крштеваше со вода, им рекол тогаш Исус. Потоа се подигнал и облак го кренал на небото, а тој застанал до...

Продолжи со читање

Алексијоски

Алексијоски: ЈП Колекторски систем во целост ја отстрани опасноста од излевање фекални води во езерото

Post Views: 46 Од кога е формирано ЈП Колекторски систем во континуитет се грижи за работењето на колекторскиот систем за заштитата на водите на езерото, но пред се работи на целосна рехабилитација и ставање во функција на истиот, кој за жал децении воопшто не беше одржуван и беше надвор од функција, вели директорот на претпријатието Владимир Алексијоски, посочувајќи дека имаат голем удел во квалитетот на водата во Охридско Езеро.„Покрај редовното одржување, согласно годишните програми за работа ние од сопствени средства изработивме автоматизација скоро на сите препумпни...

Продолжи со читање

Учествувајте во рубриката „Заедницата има многу лица“

Post Views: 111 Креаторите на политики и носителите на одлуки треба да имаат слух за различните потреби на различни групи граѓани.Анализата на потребите на локалната заедница од аспект на нејзината хетерогеност е важна при креирањето на локалните политики, со цел да се создадат можности и услови подеднакво и за студент/ка или ученик/чка, и за пензионер/ка, и за жена претприемачка.Со воведување на рубриката „Заедницата има многу лица“ сакаме различни групи граѓани (жени, лица над 65 години и млади) да артикулираат како живеат во градот, кои се нивните интереси и...

Продолжи со читање

Годишен концерт на учениците од ООМУ „Методи Патче“

Post Views: 44 Синоќа во катедралната црква Св. Софија се одржа традиционалниот годишен концерт на учениците од ООМУ „Методи Патче“На концертот учествуваа најдобрите и најталентирани ученици кои во учебната 2023/24 година беа наградувани на државни натпревари во нашава земја и надвор од неа.За постигнатите успеси покрај учениците годинава беа наградени и дел од наставниците  за посебен придонес и афирмација на музичкото училиште.Проектите на оваа образовна институција беа поддржани од Општина Охрид и градоначалникот...

Продолжи со читање

Туристи

Бројот на странски туристи за четири месеци зголемен за 19,3 проценти споредено со лани

Post Views: 48 Во државава во април годинава се регистрирани 81 752 туристи, од кои 23 проценти се домашни, а 77 проценти се странски туристи. Бројот на ноќевањата изнесува 151 720,  при што 28,8 проценти се од домашните, а 71,2  проценти од странските туристи, објави Државниот завод за статистика. Од вкупно 62 978 странски туристи,  25 324 се од Турција, 3 254 од Германија,  5 006 од Србија,  2 766 од Грција, 2 319 од Бугарија,  2 116 од Хрватска, 1 892 од Словенија…Хотелско сместување користеле 76 662 туристи,  од кои 24 472 биле сместени...

Продолжи со читање