Skip to main content

Автор: инфодеск

Маж паднал од мопед на ул. Јане Сандански

Post Views: 371 На 04.08.2022 во 11:45 часот во СВР Охрид, пријавено е дека на ул. „Јане Сандански” во Охрид, М.П.(59) од Охрид, управувајќи мопед со охридски регистарски ознаки, изгубил контрола и паднал на коловозот.Притоа, тој се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Општата болница во Охрид. Увид на местото извршила увидна екипа од СВР Охрид – информираат од СВР Охридд.

Продолжи со читање

Спектакуларно шоу на Фламенко балетот

Post Views: 326 Со спектакуларно шоу на Фламенко балетот „Луксуриа“ од Шпанија, фестивалот „Охридско лето“ вчеравечер на Античкиот театар го прослави 62-от роденден.Бројни љубители на уметноста уживаа во ритамот и емоцијата на музичарите и танчерите од шпанскиот Фламенко балет „Луксуриа“, во одличната кореографија и перфектната изведба.На почетокот на концертот се обрати Амбасадорот на Кралството Шпанија во Македонија, Хозе Луис Лозано Гарсија.Амбасадата на Шпанија е спремна да продолжи со зајакнување на одличните односи со оваа пријателска земја Северна...

Продолжи со читање

Импровокација вечерва на својата матична сцена

Post Views: 328 „Импровокација“ на Summer Comedy Marathon ’22 повторно се враќа во Народен Театар Охрид – сцена КЕРАЛ. Шоуто е закажано за вечерва со почеток во 20 часот.Култното шоу во кое додека не започне никој, дури ни изведувачите не знаат што ќе се случи, повторно се враќа на својата матична сцена.Неверојатна театарска импровизација која веќе 7 сезони се случува секогаш премиерно затоа што вие предлагате во која насока ќе се одвива шоуто. Шоу во кое за ваше трајно задоволство ќе се погрижат импровокаторите: Стрезо Стаматовски, Никола Тодороски, Филип...

Продолжи со читање

Виенска камерна симфонија на Охридско лето

Post Views: 352 Музичката програма на 62-то „Охридско лето“ продолжува вечерва од 21 часот во црквата „Света Софија“ со концерт на квинтетот „Виенска камерна симфонија“ од Австрија.Овој камерен состав го сочинуваат Лаура Лози – прва виолина, Естеле Вебер – втора виолина, Џорџиа Венециано – виола, Серџо Мастро – виолончело и Дамиан Посе – контрабас.Виенската камерна симфонија е ансамбл составен од талентирани музичaри кои живеат и работат во Виена. Овој состав има широк репертоар на класични дела почнувајќи од XIX век, па сѐ до современи дела, како и дела од композитори...

Продолжи со читање

Силвестри во посета на Градската библиотека

Post Views: 415 Италијанскиот амбасадор во Македонија, Андреа Силвестри беше во посета на НУ Библиотека „Григор Прличев“ во Охрид.При посетата тој беше запознаен со нејзиниот историјат, книжниот фонд, тековните преземања и проекти.Покрај амбасадорот Силвестри во посета на Библиотеката беше и заменикот шеф на италијанската мисија Марио Де Роза.Директорот Јованоски ги запозна гостите и со проектот „Италијанско катче во библиотеката“ започнат во август, минатата година, благодарение на Венко Трпески, синдикален службеник во одделот што ги следи градежните...

Продолжи со читање

УЈП со информација за апликацијата Мој ДДВ

Post Views: 395 Управата за јавни приходи, ги информира корисниците на апликацијата Мој ДДВ, дека може да се вратат на напредниот скенер на скенирање на фискални сметки.Прилагодената верзија на Мој ДДВ е веќе достапна на Apple appstore, додека Android верзијата е достапна на Huawei app Gallery, а за Playstore се очекува во најбрзо време одобрување од страна на Google.Корисниците на апликацијата Мој ДДВ ќе треба најпрво да направат ажурирање (update) на апликацијата на apple Appstore/Huawei gallery, а потоа да се најават во апликацијата во делот „Профил“ во прозорчето...

Продолжи со читање

Вечерва изложбата Остров на осаменост

Post Views: 303 „Остров на осаменост“ е насловена изложбата со цртежи на авторите Мирко Вујисиќ, Лидија Вујисиќ и Сашо Блажес, која што вечерва ќе биде отворена во Куќата на Робевци во Охрид.Завод и музеј – Охрид соопшти дека ќе бидат изложени 40-тина дела изработени во различни цртачки техники и медиуми.Изложбата „Остров на осаменост“ си зема задача да ја отвори креативната лабораторија на цртежот кој неретко, од страна на современите текови во уметноста е сметан за конзервативен медиум, резистентен на иновативни идеи и екстензии, анализирајќи ја границата меѓу...

Продолжи со читање

Три брода со жито ја напуштија Украина

Post Views: 378 Три брода со десетици илјади тони пченка утрово испловија од украинските пристаништа, соопшти турското Министерство за одбрана.Овие бродови испловија благодарение на договорот постигнат со помош на меѓународната заедница за деблокирање на извозот на земјоделски производи од Украина и олеснување на растечката глобална криза со храна.Два брода тргнале од Чорноморск, а еден пловел во близина на Одеса. Вкупно превезуваат околу 58.000 тони пченка, пренесува Ројтерс.Турското Министерство за одбрана на Твитер објави дека бродот „Навистар“ под панамско знаме...

Продолжи со читање

Загинаа 4 лица во сообраќајка во Бугарија

Post Views: 389 Најмалку 4 лица загинаа, а 3 се повредени во тешка сообраќајна несреќа која се случи кај селото Гавраилово во Бугарија.Како што пишуваат бугарските медиуми, се случил директен судир на два мини-автобуса, откако едниот од возачите изгубил контрола и влегол во соседната коловозна лента, удрил во другиот автобус, по што се запалил.Четворица починале на лице место, а еден се наоѓа на интензивна нега во живото загрозувачка состојба. Уште две лица од тешката несреќа се примени во болница со повеќекратни скршеници. Според bTV,  тоа се работници од блискиот...

Продолжи со читање

Во САД прогласена вонредна состојба

Post Views: 341 Властите во САД прогласија вонредна состојба во јавното здравство поради мајмунските сипаници.Подготвени сме да го подигнеме нашиот одговор на следното ниво и барам од секој Американец сериозно да ги сфати мајмунските сипаници – рече американскиот министер за здравство Ксавиер Бекера.Одлуката ќе биде во сила 90 дена, но министерот за здравство може да ја продолжи. Во последните 15 години во САД се прогласени 4 вакви закани.Во светот се пријавени повеќе од 26.000 случаи на инфекција со мајмунска сипаница, од кои повеќе од 6.600 се во САД.

Продолжи со читање

50-тина стари лица од струшко добиваат нега

Post Views: 433 20 негуватели, веќе девет месеци се грижат за старите и изнемоштени лица во струшко. Интересот за оваа мерка е голем. Причини се масовното иселување на младите и недостигот на дом за згрижување на луѓето во третата доба во целиот Југозападен регион.50-тина стари лица добиваат нега, а уште толку чекаат ваква помош, која е од непроценлива вредност за семејствата.Имаме околу педесетина стари лица кои се корисници на оваа услуга, ја добиваат негата во нивниот дом. Мислам дека е солиден бројот. Имаме тенденција на зголемување на барањата. Кај нас секојдневно...

Продолжи со читање

Трка на непокорот во Вевчани

Post Views: 413 Во чест на Вевчанскиот непокор под мотото „Терчаме непокорни и горди“ во сабота во Вевчани ќе се одржи Крос на поранешни и сегашни ученици на ООУ „Страшо Пинџур“ од Вевчани.Трасата е од трансформатор до центарот на Вевчани. Во трката ќе се вклучат поранешни и сегашни ученици во ОУ „Страшо Пинџур“ Вевчани. Овој настан е дел од програмата на манифестацијата „Вевчанско лето“ – информира градоначалникот Спасе Кочоски.Организатор на настанот е Вевчани Турист инфо, а покровител општина Вевчани.

Продолжи со читање