Автор: инфодеск
Post Views: 311 Екипите на ЈП „Водовод“ Охрид започнаа со изведба на нова водоводна линија на крак од улицата „Дејан Војвода“.Со цел да се обезбеди навремено и квалитетно водоснабдување на жителите, се поставува цевковод од полиетиленски материјал, со профил ф90 мм во должина од 56 м – информираат од ЈП „Водовод“.Средствата за реализација на проектот се обезбедени од буџетот на Општина Охрид.
Започнува одбележувањето на 11 октомври
Post Views: 359 Со традиционалниот импровизиран напад пред Меморијалниот музеј 11 октомври и со огномет, вечер Прилеп го почнува одбележувањето на 11 Октомври – Денот на народното востание и 81 годишната од почетокот на антифашистичката борба во 1941.Традиционалниот импровизиран напад вечер од 19:45 часот на некогашниот Участак, денес Меморијален музеј „11 октомври“ е потсетување на виорните настани пред 81 година кога со нападот на тогашниот Участак на групите на партизанскиот одред „Гоце Делчев“ е означен почетокот на антифашистичката борба во Втората светска војна. На...
Тепачка пред угостителски објект на Железничка
Post Views: 390 На 09.10.2022 година 04:25 часот, пред угостителски објект на булеварот „Железничка“ во Охрид, нарушен е јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу А.С.(18) од Струга и В.М.(19) од Охрид.Притоа се вклучиле и неколку други лица кои го нападнале В.М. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот по што СВР Охрид ќе поднесе соодветни пријави – информира портпаролот на СВР Охрид Стефан Димоски.
11 октомври неработен ден за сите граѓани на РМ
Post Views: 315 Министерството за труд и социјална политика соопштува дека согласно со Законот за празниците на РМ („Службен весник на РМ„ бр.21/98 и 18/07), 11 октомври 2022 година (вторник), Ден на народното востание, е неработен ден за сите граѓани на Република Македонија.Истовремено, Министерството за труд и социјална политика на граѓаните им го честита Денот на народното востание.
15 загинати во поплавите во Венецуела
Post Views: 397 Венецуелските власти доцна синоќа соопштија дека 15 лица загинале по силниот дожд што во последните недели падна во земјата.Според претходниот биланс од 1 октомври, пријавени се 13 загинати, додека три лица се водат како исчезнати.Невремето предизвика поплави на околу 50 километри од Каракас, соопштија локалните власти, додавајќи дека спасувачката операција се уште е во тек и дека во некои делови од земјата нема струја.Во Венецуела од почетокот на годината има натпросечни врнежи, што се смета дека е поради временскиот феномен Ла Ниња, кој предизвикува...
Силен земјотрес ја погоди Грција
Post Views: 418 Силен земјотрес од 5,7 степени според Рихтеровата скала доцна синоќа е регистриран во Грција.Епицентарот на земјотресот бил на оддалеченост од 26 километри од градот Амфисас, главниот град на префектурата Фокис во Грција.Сè уште нема инфомации за евентуални повредени лица или направена материјална штета.
Нема задржувања на граничните премини
Post Views: 304 Сообраќајот на патиштата се одвива непречено, по суви коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен.На граничните премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата, соопшти Автомото сојузот.Од АМСМ препорачуваат прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово...
Младинската организација при ОЕМУЦ на предавање во НП Галичица
Post Views: 311 Членовите на младинската организација при ОЕМУЦ „Св Наум Охридски“ – Охрид утрово беа на едукативно предавање за НП Галичица. Средношколците од Ангела Тасеска, соработник за еколошка едукација во националниот парк, слушнаа за природните и културните вредности на Галичица.Од Младинската организација при ОЕМУЦ „Св Наум Охридски“ изразуваат благодарност до Ангела Тасеска, биолог по вокација, за исцрпното излагање како и благодарност за останатите двајца нејзини колеги – Александар и Катерина за гостопримството и објаснувањето.Потоа...
Ливерпул ќе биде домаќин на Евросонг 2023
Post Views: 572 Магичниот град Ливерпул ќе биде домаќин на Изборот за песна на Евровизија 2023 година.Ливерпул беше еден од 20-те градови кои се натпреваруваа за домаќин на Евровизија, што оваа година се одржува во Велика Британија. Глазгов остана на второ место во финалето.Тие немаат забави како ние. Домот на Битлси е подготвен да организира шоу за Украина, Велика Британија и Европа – рече градоначалничката на Ливерпул Џоан Андерсон за време на натпреварот.Обединетото Кралство претходно осум пати беше домаќин на натпреварот, четири пати во Лондон. Последен...
Казнети седум мотоциклисти во Охрид
Post Views: 272 На 06.10.2022 во периодот од 12:00 до 18:00 часот, извршени се сообраќајни контроли на подрачјето на СВР Охрид кон возачите на мотоцикли.Полициските службеници затекнале и санкционирале 10 мотоциклисти кои не носеле заштитен шлем-кацига (Охрид-07, Струга-02, Кичево-01) – информираат од МВР.
Србија засега не воведува санкции кон Русија
Post Views: 424 Српскиот претседател Александар Вучиќ на прес-конференција на 8 октомври рече дека Србија ќе остане на ставот да не воведува санкции кон Русија.Ќе го задржиме ставот до моментот додека штетата што ѝ е нанесена на Србија не биде толку поголема што ќе мора да прифатиме друга реалност. Можеби идната влада ќе донесе поинаква одлука – рече Вучиќ.Српскиот претседател повтори дека ќе постапува и ќе управува согласно интересите на Србија.Ова не го правиме само затоа што имаме корист од цената на гасот или затоа што (Русија) ќе не поддржи во Советот...
Нискоградба утврди неправилно приклучен објект
Post Views: 365 При обид за санирање на дефект на канализациона линија на ул. „7-ми ноември“ екипи на ЈП „Нискоградба“ утврдија неправилно приклучување на објект во мрежата за одведување на отпадни води.Од јавното претпријатие велат дека веднаш било пристапено кон градежна активност преприклучување на канализационата линија со изведба на ревизиона шахта, а при ископот е изваден отпад кој е неразградлив и претставува опасност за појава на дефект на канализационата мрежа.Во повеќе наврати како ЈП сме апелирале за правилно депонирање на отпадот кој се испушта во системот...
