Skip to main content

Автор: инфодеск

Се одржа хуманитарниот турнир – Street Basket 3х3 „Од деца за деца“

Post Views: 53 На 8.06.2024 година во просториите на игралиштето на ОЕМУЦ „Св. Наум Охридски“ во Охрид се одржа Третиот хуманитарен турнир – Street Basket 3х3 „Од деца за деца“ Охрид 2024. Покровител на настанот е ОСМТХ Велик Приорат Македонија,  Командерија „Св.Наум Охридски“ – Охрид , во соработка со К.К „Колибри“ – Охрид, Здружение Енхелеус Лихнид, Лабино саунд и Црвен Крст – Охрид.„Oва е трет хуманитарен турнир – Street Basket 3х3 „Од деца за деца“ Охрид 2024 година, кој  прерасна во една убава традиција, турнирот е одлична можност за децата на...

Продолжи со читање

ЦУК апелира на внимателност при движење во природа поради честа појава на змии

Post Views: 58 Центарот за управување со кризи превентивно потсетува дека при прошетките во природа може граѓаните да имаат случај да се сретнат со змии, па, иако во ретки случаи, можат дури и да бидат гризнати од влекачите.Во таков случај и после прва самопомош, е корисно да се јават на 112 во ЦУК, при што ќе бидат поврзани со лекар, бидејќи ако змијата е отровна правилната прва самопомош е многу важна и времето за добивање лек е многу важно, а истовремено се можни алергиски и инфекциски реакции кај луѓето коишто се гризнати од животно, во конкретниот случај, од змија и...

Продолжи со читање

Топлотен бран

Денеска и утре топлотен бран, владата со препораки до работодавачите

Post Views: 48 Метеоролозите за денеска и утре најавуваат сончево и натпросечно топло време. До четврток ќе се задржи сончево и многу топло време, а најтопло ќе биде во среда кога дневната температура наместа ќе достигнува до 40 степени. Промена на времето со локален пороен дожд, грмежи и пад на температурата се очекува во петок, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи на Република Македонија (УХМР).Владата на барање на Министерството за здравство, на вонредна седница, поради најавите за топлотен бран во државава донесе соодветни препораки.Владата ги усвои...

Продолжи со читање

„Во езеро пливај, а отпадок рециклирај“ – акција на охридскиот младински клуб за артивизам

Post Views: 87 Денеска на Кеј Македонија охриѓани и гостите фотографираа скулптура направена од пластични отпадоци. Уметничката инсталација ја изработија активистите од охридскиот клуб за артивизам при Mладински центар Охрид во рамки на младинска акција „Во езеро пливај, а отпадок рециклирај“ за подигање на свеста кај заедницата, особено кај младите за заштита на Охридското Езеро и животната средина.„ Одлучивме да ја направиме оваа скулптура на која се покажани некои работи кои многу често се фрлаат во Охридското езеро и кои наместо да бидат таму би можеле да се...

Продолжи со читање

Промовирана книгата „Охридски писатели за деца и младинци“ од авторите Пандев и Ѓорѓо Димоски

Post Views: 48 Денеска во големата сала на Општина Охрид се одржа промоција на книгата „Охридски писатели за деца и младинци“ од авторите проф. д-р Димитар Пандев и Славе Ѓорѓо – Димоски.Станува збор за деветтата по ред книга којашто е дел од едицијата „Охридско книжевно наследство“ што ја издава градоначалникот Кирил Пецаков и Општина Охрид. За значењето на овој труд зборуваше заменик градоначалникот на Охрид, Перчо Божиноски.СЕ ВО ЕДНО -Вака некако со два збора  може да се опише најновиот труд на Пандев и Ѓорѓо –  Димоски затоа што многу умешно на 260...

Продолжи со читање

ИПА Охрид реализира уште една успешна велосипедска тура Охрид-Струга-Радожда

Post Views: 56 Викендов, Интернационалната полициска асоцијација Охрид,  во рамките на ИПА вело викендот „На точак Охрид и Струга да видам”, ја реализира велосипедската тура Охрид-Струга-Радожда. Годинава, учествуваа 120 велосипедисти од Македонија, Србија и Босна и Херцеговина.Рекреативното возење се одржа во саботата а ден пред тоа, беше отворен ИПА ЕКСПО ВЕЛО штандот на кој, учесниците ги поздрави и во името на Советот на општина Охрид им се обрати советничката Ана Крстеска. Таа го истакна значењето на иницијативата на ИПА Охрид за велосипедско поврзување на...

Продолжи со читање

Демне опасноста од епидемија на морбили во струшко

Post Views: 47 Демне опасноста од нова епидемија на морбили во струшко. Откако викендов беше откриен првиот потврден случај, шестгодишно момче од село Лабуништа, кое е хоспитализирано на Клиниката за детски болести во Скопје, ЦЈЗ  засилено работи на откривање на контактите.Откриени се пет невакцинирани деца во селото, но епидемиолозите велат немаат точен увид во списокот на имунизација , поради честите миграции на населението. Не се исклучува опасноста од проширување на болеста.„Постои можност за проширување, како што реков тоа е заболување со висок ризик...

Продолжи со читање

Свр охрид

СВР Билтен: Лице повредено со остар предмет, кривична за бесправно градење

Post Views: 79 Вчера вечер во СВР Охрид е пријавено дека лице од село Слатино бил примен во Општата болница во Охрид со повреди од остар предмет. Тој во близина на спортска обложувалница на улица „Гоце Делчев” во Охрид бил нападнат од две лица, кои со остар предмет му нанеле убодни рани. Се преземаат мерки за расчистување на настанот, по што, против напаѓачите ќе биде поднесена соодветна пријава, – информираат од СВР Охрид.Поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „бесправно градење”, СВР Охрид поднесе кривична пријава против 44 годишно...

Продолжи со читање