Skip to main content

Автор: инфодеск

Нови 56 случаи на ковид во земјава

Post Views: 292 Согласно податоците од Институтот за јавно здравје, Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа направени се 529 тестови, а регистрирани се 56 нови случаи на ковид во земјава.Скопје – 36, Куманово – 4, Прилеп и Охрид – по 3, Битола – 2, Кавадарци, Велес, Струмица, Штип, Неготино, Кратово, Крушево и Македонски Брод – по 1.Од вкупниот број на позитивни (56), регистрирани се 9 реинфекции.Регистрирани сe 69 оздравени пациенти од: Скопје – 51, Куманово и Прилеп – по 4, Штип – 3, Битола и Тетово – по 2, Велес, Кратово и Крива Паланка –...

Продолжи со читање

Земјотрес од 3 степени денес во Македонија

Post Views: 411 Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Македонија, со станици во Скопје, Валандово, Охрид, Штип и Пехчево, одржувана од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, денеска, 07.10.2022 година, регистрираше земјотрес 132 km југоисточно од Скопје кој потекнува од епицентралното подрачје Валандово.Според досегашните податоци со кои располага опсерваторијата земјотресот се случи во 14 часот и 19 минути со Рихтерова локална магнитуда ML3.1 и интензитет од 3 степени според Европската макросеизмичка скала, а беше почувствуван од...

Продолжи со читање

Приведен дилер на ул. Васил Стефоски

Post Views: 320 Денеска (07.10.2022) во 17:00 часот полициски службеници од СВР Охрид го лишија од слобода А.И.(30) од Охрид.При преглед извршен на улицата „Васил Стефоски“ во Охрид, полициските службеници кај него пронајдоа и одзедоа 15 пакувања со кафеава прашкаста материја. При претрес во неговиот дом, извршен по добиена судска наредба, дополнително се пронајдени и одземени 20 пакувања со бела прашкаста материја. По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава – информираат од МВР.

Продолжи со читање

Тепачка пред локал на кеј Македонија во Охрид

Post Views: 584 На 06.10.2022 во 13:35 часот пред угостителски објект лоциран на кеј „Македонија” во Охрид нарушен е јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу Ж.С. од Охрид и Д.П.(21) од селото Волино, општина Дебрца.По целосно документирање на настанот, ќе биде поднесена соодветна пријава, информираат од СВР Охрид.

Продолжи со читање

Струшките училишта бараат скратени часови

Post Views: 487 Струшките училишта бараат скратени часови. Наместо стандардни 45 минути, училишните часови да траат по 35. Целта е справување со енергетската криза и заштеда на нафта. На тој начин, училишниот ден ќе се скрати за околу час и половина, а со тоа ќе се намалат трошоците и нема да се губи од образовниот процес.До средината на декември планираме по нашите пресметки имаме нафта, греалките ги исклучивме целосно. Поднесовме барање до општина Струга за скратување на часовите од 45 на 35 минути. Втора смена да започнува од 13 часот, наместо од 13:30 со што порано...

Продолжи со читање

Резервоари за вода во Свиништа и Лакочереј

Post Views: 293 По налог на Општина Охрид започнаа градежните активности за реконструкција на резервоарот за вода и изградба на нов цевковод во с. Свињишта. Проектот се реализира со средства од буџетот на локалната самоуправа во вредност од 335 191 денари.Во моментов се работи и на реконструкција и санација на резервоарот за вода во с. Горно Лакочереј. Вредноста на проектот е 1 354 247 денари.Изведувач на градежните активности е фирмата „БОКОП“ од Струга.По овие активности се очекува подобрување на системот за водоснабдување и поквалитетно...

Продолжи со читање

Се реставрира фрескоживописот во црквата Св. Богородица

Post Views: 272 Во Охрид почнаа конзерватоско-реставраторските активности на фрескоживописот во црквата Света Богородица Болничка, што е дел од годишната програма на националната установа Завод и Музеј – Охрид.Директорката на институцијата Катерина Велкоска информира дека црквата, која се наоѓа во центарот на Охрид, во близина на Долна порта, датира од 14 век.Според неа, фрескоживописот се смета дека е насликан околу 1370 година, но низ вековите претрпел измени.За црквата Света Богородица Болничка значајни се двата слоја на фрескосликарството. Постариот од 14 век и...

Продолжи со читање

Сообраќаен режим од Песочани до Требеништа

Post Views: 285 На регионалниот пат Кичево–Охрид, секција Песочани-Требеништа од среда, 12 октомври ќе има времен сообраќаен режим, соопшти денеска компанијата изведувач на градежните работи „Синохидро корпорејшн лимитед“ – Пекинг, подружница Скопје.Според информацијата, времена измена на сообраќајот, ќе има секцијата Песочани–Требеништа на 0 километри до 2+300 и на 9 до 9+940 километри.Во текот на градежни работи, ќе се преземат потребни мерки за обезбедување и регулирање на сообраќајот согласно сообраќајното решение за времена измена на режимот на сообраќај. По...

Продолжи со читање

Избрани најдобрите литературни и ликовни творби

Post Views: 363 Жири комисијата ги разгледа пристигнатите литературни и ликовни творби и изврши избор на најдобрите литературни и ликовни трудови.Од пристигнатите литературни творби награди освоија :Прва награда во висина од 7.000,00 денари Ели Џајкоска, VII одделение од ПОУ„ Григор Прличев“ нас. Рача  ОхридВтора награда во висина од 5.000,00 денари, Симона Димитриеска IX одделение, од ОУ„ Кочо Рацин “ , Охрид  Трета награда во висина од 3.000,00 денари, Дарја Аполеска, VII  одделение, од ОУ„ Ванчо Николески“, с. Косел, Охрид...

Продолжи со читање

Тешко повредена жена на бул. Туристичка

Post Views: 574 На 06.10.2022 во 08:57 часот во СВР Охрид, пријавено е дека на булеварот „Туристичка”, патничко возило „рено” со охридски регистарски ознаки, управувано од Р.Н.(58) од Охрид, удрил во пешакот К.А.(82) од Охрид. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила К.А., констатирани во болницата „Св. Еразмо” во Охрид. Увид на местото на несреќата извршија полициски екипи – информираат од СВР Охрид.

Продолжи со читање

Ќе се реконструира нефрологија во Струга

Post Views: 603 Ќе се реконструрира Специјалната болница за нефрологија во Струга. Објектот е изграден во 1984, а изминативе 4 децении немало поголеми градежни зафати, реконструиран е само покривот. Потребни се поголеми инвестиции за подобрување на условите, за што се добиени 350 илјади евра од Швајцарската амбасада.Според проектот болницата ќе добие и фотоволтаици и централно снабдување со кислород.Го добивме проектот од Швајцарската амбасада и министерството за локална самоуправа на РСМ, околу 350 000 евра за реконструкција и комплетно реновирање на делот од Холидеј...

Продолжи со читање

Кочовски најави подобри услови во градинката

Post Views: 366 Во рамките на одбележувањето на „Неделата на детето“ под мотото „Ние децата имаме права и потреби“ денеска во посета на Општина Вевчани и градоначалникот Спасе Кочовски беа дечињата од детската градинка ЈОУДДГ „Планински цвет“ – Вевчани.Во периодот што следи следуваат низа активности со цел подобрување на условите за престој во градинката. Децата го заслужуваат тоа – напиша градоначалникот Кочовски на официјалниот фејбук профил.

Продолжи со читање