Skip to main content

Автор: инфодеск

Променливо облачно со температура до 18 степени

Post Views: 20 Денеска во Охрид времето ќе биде променливо облачно со слаб до умерен ветер. Максималната дневна температура ќе се искачи до 18 степени. Кон крајот на денот и во текот на ноќта ќе има услови за локален дожд.До крајот на оваа седмица, во Македонија времето ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд. Од петок попладне и во сабота врнежите наместа ќе бидат обилни (над 20 л/м2) и проследени со грмежи. Во петок и во недела ќе дува засилен, повремено силен ветер од јужен правец (над 60 км/час).Фото: Ѓоко Симјаноски

Продолжи со читање

Општина Охрид: СДСМ не разликува санација на ударни дупки од реконструкција на улица

Post Views: 14 СДСМ Охрид не разликува санација на ударни дупки од комплетна реконструкција на улица, па затоа не е ни чудно што во минато, нивните инфраструктурни проекти беа со еден куп недостатоци, реагираат од Општина Охрид на соопштението на ОО на СДСМ Охрид во врска со градежните зафати на улицата 7-ми Ноември.Охриѓани се умни и знаат да направат разлика помеѓу санација на ударни дупки и комплетна реконструкција на улица, велат од локалната, но сепак за да не останеле должни кон граѓаните, а СДСМ да не биде во заблуда, во реакцијата даваат одговор на критиките.„На...

Продолжи со читање

СДСМ Охрид: Зошто улицата ,,7-ми Ноември” по втор пат се санира?

Post Views: 20 “Улицата ,,7-ми Ноември”  моментално e улица најнебезбедна за возила и за пешаци” – се коментарите од охриѓани по медиумите и социјалните мрежи, посочуваат од ОО на СДСМ Охрид.„Улицата 7-ми Ноември повторно раскопана. Не е прв пат да се санира коловозот, туку Градоначалникот Пецаков дал налог за работа на улицата и во јуни 2022 година. Зошто истата улица сега пак се санира? Зошто по втор пат? Некоја друга ,,математика” е или во недостиг на реални проекти и инфраструктурни активности, реши Локалната пак наново да ги прекопува...

Продолжи со читање

Удрил во машина на „7ми Ноември“, ги оставил возилото и повредениот сопатник и избегал

Post Views: 44 На 30.10.2023 година во 21 часот, на улицата „7 ноември” во Охрид, патнички автомобил „Рено” со охридски регистарски ознаки, удрил во паркирана мобилна работна машина марка „Јан-Мар”.„Возачот на првото возило избегал и го оставил на местото на незгодата, а екипа на Итната медицинска помош, покрај истото  го пронашла сопатникот А.Д.(39) од Охрид кој, веднаш е пренесен во болницата „Св.Еразмо” во Охрид. Поради констатирани тешки телесни повреди, тој е задржан на...

Продолжи со читање

Седниците на Совет на Општина Дебрца ќе се пренесуваат во живо на YouTube

Post Views: 27 Деновиве преку Програмата за развој на Обединетите Нации/ УНДП, а во рамките на проектот “Зајакнување на општинските совети” обезбедена е и монтирана опрема, со која ќе се обезбеди пренос во живо на седниците на советот на општина Дебрца.Останува да се инсталира софтверот и да се отвори YouTube канал, преку кој граѓаните во иднина ќе може да ги следат седниците на советот на општината.„Наша континуирана заложба е да обезбедиме отворена и транспарентна општина.“ – посочува градоначалникот на Општина Дебрца, Зоран Ногачески....

Продолжи со читање

Јавна анкета и презентација на ЛУПД за објекти за времено сместување во Трпејца

Post Views: 22 Oпштина Охрид организира Јавна анкета и Јавна презентација за Локална урбанистичка планска документација за ГП  бр. 1 со основна класа на намена А 4–времено сместување на КП 1544/1 во КО Трпејца, општина Охрид, со техн.број 01/19 од март 2023 год. изработена од Друштво за проектирање и градба “СНЕГАР Компани” дооел Охрид. Планскиот опфат за ЛУПД за ГП  бр. 1 со основна класа на намена А 4 – времено сместување на КП 1544/1 во КО Трпејца, општина Охрид, со површина од 122.01 м2, е во рамки на катастарската парцела КП бр. 1544/1 во...

Продолжи со читање

ЗП „Великамен“ заедно со здружение на глуви и наглуви лица организираше планинарска акција на Магаро

Post Views: 14 Изминатиот викенд, Здружението на планинари „Великамен“ заедно со заедно со здружението на глуви и наглуви организираше планинарска акција на врвот Магаро.По двете акции со децата со посебни потреби од здружението „Тајните на моето срце”, ЗП „Великамен“ продолжува со својата мисија за вклучување на специфични граѓански групи во своите редовни активности.„Ни претставува огромна чест и големо задоволство што сите наши досегашни акции од овој вид беа успешни и посетени. Остануваме отворени за соработка со други здруженија на граѓани“, велат водичите Бобан...

Продолжи со читање

Свети апостол и евангелист Лука

Post Views: 18 Според календарот на МПЦ (Јулијанскиот календар) денеска е 18 октомври, ден на Св. апостол и евангелист Лука, празник посветен на Светиот апостол и евангелист Лука Лекар и зограф, автор на првите рачно изработени икони. Како добар живописец светиот апостол и евангелист Лука ја насликал Богородица со Исус, а подоцна и светите апостоли Петар и Павле, и овие икони се сметаат за први рачно изработени икони.Светиот евангелист и апостол Лука е роден во Антиохија. Тој е еден од четворицата евангелисти. Според едни тој им припаѓал на 12-те Христови апостоли, а...

Продолжи со читање