Skip to main content

Автор: инфодеск

Пронајдена марихуана кај Штипјанец во Охрид

Post Views: 236 На 01.0.2022 година во 22 часот, во граничната полиција на Регионален центар „Запад”, приведен е К.А.(22) од Штип.При преглед извршен врз него на улицата „Кленоец” во Охрид, полициските службеници пронајдоа и одзедоа марихуана. Против него ќе биде поднесена соодветна пријава – информира Стефан Димоски, портпарол на СВР Охрид.

Продолжи со читање

Жител на Лешани го нарушил јавниот ред и мир

Post Views: 314 На 01.08.2022 година во 23:50 часот, во СВР Охрид приведен е А.М.(35) од селото Лешани-општина Дебрца.Тој претходно, во близина на угостителски објект лоциран на улицата „Стив Наумов” во Охрид, го нарушил јавниот ред и мир со агресивно и недолично однесување кон гостите и случајните минувачи. Против него ќе биде поднесена соодветна пријава – информираат од СВР Охрид.

Продолжи со читање

Прогласени најдобрите на малиот маратон

Post Views: 401 Ивана Неделкоска во конкуренција жени и Кристијан Стојановски во конкуренција мажи, и двајцата од Пливачки клуб Скопје се победници на малиот пливачки маратон. Тие беа најдобри во конкуренција од 44 пливачи. Кристијан патеката долга 2.5 километри од плажата Горица до градскиот ја исплива со време од 31:38:74, а Ивана за 34:34:25. И двајцата учествувале повеќе пати на маратонот при што познати им се и патеката и условите.„Среќен сум што победив годинава, тоа ми е репер за понатаму да тренирам повеќе, имам поголеми цели и се спремам за подолги и поголеми...

Продолжи со читање

Охрид го чествува Илинден

Post Views: 311 Со полагање на свежо цвеќе пред спомен обележјата на хероите од двата Илиндена и со пригодна празнична програма, општина Охрид го одбележа 2 август – Денот на Републиката.Делегација на Општина Охрид, предводена од градоначалникот Кирил Пецаков и претседателот на Советот на Општина Охрид, Сашо Донев, се поклони пред спомен облежјата на Илинденците во Градскиот парк.Делегација на општината положи и свежо цвеќе пред спомен обележјето на Илинденците кај Прентов мост. Исто така, општинска делегација положи свежо цвеќе и на споменикот во село Плаќе, каде...

Продолжи со читање

САД воведоа нови санкции за компании

Post Views: 355 САД воведоа санкции за кинески и други компании кои велат дека се користени од еден од најголемите ирански петрохемиски посредници за продажба на ирански производи во вредност од десетици милиони долари во Источна Азија, додека Вашингтон продолжува да ја запре продажбата на иранска нафта во регионот, објави Ројтерс.Одделот за финансии на САД во соопштение ги обвини назначените компании дека се користени од иранската компанија за петрохемиска индустрија во Персискиот Залив за да се олесни продажбата на ирански нафтени и петрохемиски производи од Иран во...

Продолжи со читање

Чешко трио вечерва на Охридско лето

Post Views: 280 Чешкото трио „Инсендио“ ќе настапи вечерва во рамки на 62-то издание на фестивалот „Охридско лето“.Триото составено од пијанистката Каролина Франтишова, виолинистот Филип Зајков и виолончелистот Вилем Петрас е основано во 2016 година во Прага.Националната установа „Охридско лето“ соопшти дека се наградувани на повеќе национални и меѓународни натпревари за класична музика, меѓу кои „Џани Бергамо“ во Лугано, „Куп“ во Кремона, „Марчело Понтило“ во Фиренца, „Бацевич“ во Лоѓ, „Масимилијано Антонели“ во Латина…„Инсендио“ е дел од Европската академија за...

Продолжи со читање

Градоначалникот Пецаков го честита Илинден

Post Views: 286 Градоначалникот на Охрид, Кирил Пецаков, упати честитка до охриѓани и останатите граѓани на Република Македонија по повод 2 август – Илинден.Нека ни е честит најголемиот македонски  двоен празник. Двата Илиндена, 1903 и 1944, ја симболизираат нашата борба за сопствена држава, благодарение на што денес живееме во самостојна, демократска и независна Република Македонија.И денес гордо одиме по патот зацртан со Илинденското востание и Првото заседание на АСНОМ негувајќи ги идеалите за слободна, демократска и независна Република Македонија.Борбата на еден народ не...

Продолжи со читање

Чествувања на Илинден во Велгошти

Post Views: 341 Со положување на свежо цвеќе пред споменикот на илинденците и пригодна културно-уметничка програма, синоќа во Велгошти започнаа свеченостите за одбележување на најголемиот Македонски национален празник Илинден.Делегација на Општина Охрид предводена од градоначалникот Кирил Пецаков, претставници на политичките партиии ВМРО ДПМНЕ и СДСМ, Сојузот на борците и претставници од МЗ од Велгошти, се поклонија пред илинденските херои.Пред присутните граѓани се обрати градоначалникот Кирил Пецаков:Само да се биде на Илинден во Велгошти, е настан сам по...

Продолжи со читање

Македонија го слави Илинден

Post Views: 320 „Илинден – нашата сила за иднината“, е слоганот под кој годинава, се одбележува 2 aвгуст – Денот на Републиката. Традиционално, чествувањето на денот кога славиме 119 години од започнувањето на Илинденското востание, прогласувањето на Крушевската Република и денот кога пред 78 години е одржано Првото заседание на АСНОМ и воспоставувањето на нашата државност, започна синоќа со манифестацијата „Десет дена Крушевска Република“.На Манифестацијата која ги претставува културата, традицијата и историјата на Крушево, се обрати и претседателот на Владата...

Продолжи со читање

Убиен лидерот на Ал Каеда

Post Views: 336 Американскиот претседател Џо Бајден доцна синоќа објави дека првиот човек на Ал Каеда, Ајман ал Завахири е убиен во напад на американско беспилотно летало во Кабул.Тој рече дека операцијата донесе правда и се надева дека тоа е „уште една мерка за оддолжување“ на семејствата на жртвите од нападите врз Соединетите Американски Држави на 11 септември 2001 година.Бајден рече дека американските разузнавачи го следеле Ал Завахири во куќа во центарот на Кабул каде што се криел со своето семејство, во операцијата што ја одобрил во минатата недела и која е...

Продолжи со читање

Казни за пукање на семејни веселби

Post Views: 553 Пукање со пиштоли и пушки е честа појава на свадбените веселби во струшко. Во екот на летото голем број иселеници од дијаспората се враќаат во родниот крај и масовно организираат семејни веселби, свадби крштевки, сунети, родендени.Најкритично е во струшките села, каде забележително е неовластено користење оружје, пукотници и огномети, со што се нарушува јавниот ред и мир и се загрозува безбедноста на граѓаните.Од струшката полиција апелираат славениците да се воздржат од вакви активности. Најавуваат интензивни контроли на терен за превенција и...

Продолжи со читање

Поскапува дизелот

Post Views: 343 Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ) денеска донесе одлука за зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,40%.Притоа цената на дизелот се зголемува за 1,5 денари, додека цените на бензините не се менуваат.Од вечер на полноќ ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) ќе се продава по 95,5 денари/литар, а ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 остануваат по иста цена, односно 95,5 и 98 денари/литар.Малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се намалува за 0,50 ден/лит. и сега ќе чини 94 денари/литар, а...

Продолжи со читање