Автор: инфодеск
Post Views: 63 НУ Библиотека „Григор Прличев“ од Охрид од понеделник 10 јуни ќе работи во една смена од 08:30 до 16:30 часот.Во терминот од 08:30 до 16.00 ч. Библиотеката е од отворен тип и ќе работи со читатели кои ќе можат да позајмат нови и да ги вратат веќе прочитаните книги.Читалната во одделот за издавање и читалната за дневен печат и периодика во Прличевата одаја со читатели ќе работат од 9:30 до 14.00 часот.Читалните ќе можат да ги користат само зачленети читатели.Во текот на летото во одделението за издавање на книги ќе можат да се зачленат и лица кои ќе...
Канонизација на светите Спасе и Спаса Вишенски
Post Views: 124 Викендов, во храмот „Свети Атанасиј“ во селото Вишни и во катедралната црква „Света Софија“ во Охрид, ќе се случи свечениот чин на канонизација на новите македонски светци Спаса и Спасе Вишенски. Со овој чин всушност ќе се стави крај на еден процес кој е започнат пред речиси еден век, со откривањето на моштите на света Спасица Вишенска, како што ја нарекуваат мештаните, во далечната 1927 година.Светите Спасе и Спаса се светители од отоманскиот период. Света Спаса има двоен венец, исповеднички и маченички, односно, како девственица му се предала на Христа...
Денес и утре СВР Охрид ќе спроведе боево гаѓање на стрелиштето „Бејбунар”
Post Views: 62 Полициски службеници – припадници на редовниот состав од полициската станица од општа надлежност, од полициската станица за безбедност во патниот сообраќај како и од криминалистичката полиција, денеска и утре (06 и 07.06.2024), на стрелиштето „Бејбунар” во Охрид ќе спроведат вежбовна активност за боево гаѓање со огнено оружје.Оваа активност се реализира со претходен договор и известување до стрелиштето, ловечкото друштво Охрид, ЈЗУ „Здравствен дом” Охрид и урбаната заедница „Билјанини извори”.„Пред почетокот на боевото гаѓање,...
Претставата „Види, летам“ гостува во Охрид
Post Views: 137 Вондерленд театар од Скопје во соработка со Младински Образовен форум (МОФ) и УНХЦР, Агенцијата на ОН за бегалци, ќе ја изведат претставата „Види, летам!“ во Охрид.„Види, летам!“ е претстава која е правена по вистински приказни на лица бегалци, баратели на азил и лица без државјанство. Овие луѓе на посебни работилници водени од тимот на претставата, храбро ги имаат споделено своите животни искуства со актерите, авторот и режисерот. Нивните идентитети во текот на целиот процес остануваат заштитени и анонимни. Раскажаните приказни, авторот на...
Во летниот период комуналниот отпад ќе се подига од 06:00 часот наутро
Post Views: 45 ЈП Охридски Комуналец ги информира граѓаните дека во летниот период, почнувајќи од месец јуни, собирањето, транспорт и депонирање на комуналниот отпад ќе го реализира од 06:00 часот.Овие активности се превземаат заради зголемениот обем на работа и потребите кои се наметнати во летниот период, посочуваат од претпријатието.
Инсталирани соларни панели во ЈЗУ „Нефрологија“ – Струга
Post Views: 52 Во насока на преземање на енергетски ефикасни мерки во ЈЗУ „Нефрологија“ – Струга инсталирани се соларни фотонапонски панели преку проектот „Реконструкција на ЈЗУ Нефрологија Струга и креирање на услови за здравствен туризам во ЈЗПР“ кој го реализира Центарот за развој на Југозападен плански регион.–Со ова активност ќе и се овозможи на оваа здравствена институција намалување на трошоците за електрична енергија, а истовремено и намалување на загадувањето на животната средина. Со проектот се поставени соларни панели на кровот на објектот, и тоа 72 панели...
Угостителските услуги во мај поскапи за 5.0 % во споредба со истиот месец лани
Post Views: 44 Цените на угостителските услуги во периодот јануари – мај година, во однос на истиот период лани, се зголемени за 5.9 %, а во однос на декември 2023 година, се повисоки за 1.8 %, соопшти Државниот завод за статистика.Во мај годинава, пак, во споредба со април, угостителските услуги поскапеле за 0.3 %. Споредено по групи на услуги, зголемување е забележано во групите: Храна за 0.4 %, Алкохолни пијалаци за 0.5 % и Безалкохолни пијалаци за 0.6 %.Во однос на мај минатата година, цените угостителските услуги се зголемени за 5.0 %.
Трет хуманитарен турнир Street Basket 3х3 „Од деца за деца“ Охрид 2024
Post Views: 36 На 8.06.2024 година во просториите на игралиштето на ОЕМУЦ „Св. Наум Охридски“ во Охрид ќе се одржи Третиот хуманитарен турнир – Street Basket 3х3 „Од деца за деца“ Охрид 2024. Покровител на настанот е ОСМТХ Командерија „Св. Наум Охридски“ – Охрид , во соработка со К.К „Колибри“ – Охрид, Здружението Енхелеус Лихнид и Лабино саунд.Се повикуваат сите деца на возраст од 9 до 15 години да се пријават, без никаков надомест да играат, да се забавуваат во духот на хуманоста, велат организаторите. Воедно ги повикуваат и сите заинтересирани фирми и граѓани со свои...







