Skip to main content

Автор: инфодеск

Светскиот виртуоз на виолина Џулијан Рахлин ќе го отвори 64-тото „Охридско лето“

Post Views: 80 Светски познатиот виолинист од Литванија Џулијан Рахлин, на 12 јули на Античкиот театар во Охрид ќе го отвори годинешното 64-то издание на фестивалот „Охридско лето“. Ова денеска на прес-конференција го најави директорката на НУ „Охридско лето“ , Наташа Поповиќ, објавувајќи ја фестивалската програма за ова издание.-Годинава за Свеченото отворање на Античкиот театар ви најавувам грандиозен концерт со светски познатиот виолинист од Литванија, Џулијан Рахлин, еден од највозбудливите и најпочитуваните виолинисти кој ја маѓепсува публиката низ целиот свет со...

Продолжи со читање

Клубот на млади на Црвен крст организира ораторска вечер

Post Views: 58 По повод Светскиот ден и Неделата на Црвениот крст и Црвената полумесечина кои се одбележуваа минатиот месец, волонтерите на Клубот на млади на Црвен крст Охрид организираат ораторска вечер, информираат од здружението на Црвен Крст. Настанот ќе се одржи во четврток (6.6.2024) со почеток во 19:30 во Shilla – coffee & bar.Од таму потенцираат дека сите волонтери и млади лица кои имаат желба да напишат дело во кое што ќе ја изразат својата желба, искуство или мотивација за волонтирање можат да учествуваат во акцијата.Сите заинтересирани за учество...

Продолжи со читање

Акција за подигнување кабаст и зелен отпад од улиците „Абас Емин” и „Железничка”

Post Views: 67 Ј.П.”Охридски Комуналец”-Охрид ги известува граѓаните на Општина Охрид дека на ден 06.06.2024 год. (четврток) ќе организира акција за подигнување кабаст и зелен отпад од улиците „Абас Емин“ и „Железничка“.Граѓаните кои живеат во споменатите делови од градот доколку имаат ваков отпад треба уредно да го депонираат најдоцна до 07.00 часот  на 06.06.2024 година  и претходно локацијата да ја пријават на дежурниот телефон 075-495-428, кој функционира секој ден во неделата во периодот 07.00 часот-21.00 часот.Отпадот треба да е уредно оставен до контејнерите или...

Продолжи со читање

Успешeн отворен спортски ден во организација на ЈП “Билјанини Извори” и учениците од СОСУ “Св. Кирил и Методиј”

Post Views: 70 Успешно завршен отворениот спортски ден во организација на ЈП “Билјанини Извори” и учениците од ОСУ “Кирил и Методиј”- Охрид кои беа дел од програмата за практична настава во нашето претпријатие.-Особено ни е мило што на овој преубав ден преовладуваше голем натпреварувачки дух и многу позитивна енергија, велат од јавното претпријатие.На отворениот спортски ден учествуваа повеќе од 100 ученици поделени на неколку дисциплини. Освоени места по дисциплина:Пикадо1место Стефан Матески2место Јована Шапкароска3место...

Продолжи со читање

Собрание

29 поранешни пратеници ќе земаат апанажа

Post Views: 48 На 29 пратеници од минатиот состав, собраниската Комисија за прашања на изборите и именувањата им го прифати барањето за апанажа. Единствено пратеникот на Левица, Борислав Крмов, гласаше против доделување на апанажите.Согласно законските одредби, апанажата е во висина на платата на пратениците и ја исплаќа Собранието односно организацијата во која лицето ја вршело функцијата.Од списокот на пратеници на кои им е одобрено барање за апанажа, може да се забележи дека најголемиот број од пратениците се од сега опозициската партија СДСМ, меѓу кои и...

Продолжи со читање

Охридски „Фер Плеј“ шампиони во ФФМ Детска Лига за сезона 2023-2024

Post Views: 104 Фудбалската школа „Фер плеј“ од Охрид стана државен првак на Македонија во детски фудбал за генерација 2015 година.Во период 01-03.06.2024 на ФФМ тренинг центарот се одигра финалниот турнир од ФФМ Детска Лига за сезона 2023-2024.Во учество на 96 екипи-регионални победници и повеќе од 1500 фудбалери од 7 до 13 год., беа одиграни 96 натпревари по што беа добиени шампионите во 6 натпреварувачки категории во детската лига. Охриѓанчињата од Фер Плеј се прваци во категоријата генерација 2015. Тие на завршниот турнир извојуваа победи над Парк сити,...

Продолжи со читање

„Храбро срце” со остра реакција за растурањето на тимот за срцеви трансплантации на Државна кардиохирургија

Post Views: 45 Националното здружение “Храбро срце”,  најостро ги осудува случувањата на државната клиника за кардиохирургија. Растурањето  на тимот, предвременото раскинување на договорот со националниот лидер ја става во колапс  целата програма за срцеви трансплантации во земјава.Со ваквите чести смени на министри, директори и останати кадри се прави ненадоместлива штета на пациентите, кои чекаат шанса за продолжување на животот.„Постојано се трудиме да дојдеме до она што за нас живот значи до трансплантација и одеднаш да видите дека некој само поради...

Продолжи со читање

Во петок ИПА ВЕЛО ЕКСПО, во сабота ИПА вело тура Охрид-Струга-Радожда

Post Views: 86 Со отворање на ИПА ВЕЛО ЕКСПО и ИПА ВЕЛО штанд на 07.06.2024 година (петок) во 19.30 часот на градското пристаниште во Охрид, Интернационалната полициска асоцијација (ИПА), регион Охрид,  го започнува годинешниот ИПА ВЕЛО ВИКЕНД „НА ТОЧАК, ОХРИД И СТРУГА ДА ВИДАМ”.Тука, пријавените учесници, ќе можат да си ги подигнат своите ИПА ВЕЛО сетови а во рамките на кампањата, на 08.06.2024 година (сабота) од 08 часот, отпочнува рекреативната велосипедска тура Охрид-Струга-Радожда. ИПА вело турата  Охрид – Струга – Радожда, постанува се поатрактивна...

Продолжи со читање