Автор: инфодеск
Post Views: 302 Квартетот „Агат“ од Франција вечерва ќе настапи во рамки на традиционалната Француска вечер на фестивалот „Охридско лето“.Концертот ќе се одржи во катедралната црква „Света Софија“ со почеток во 21 часот.Во овој состав членуваат виолинистите Адриен Јуркович и Тома Декан, виолончелистот Симон Јашеме и Рафаел Пањон на виола.Квартетот „Агат“ е формиран е во 2016 година, а неговите членови студирале на високата школа за музика „Ханс Ajслер“ во Берлин, во класата на Еберхард Фелц и на Парискиот конзерваториум под менторство на...
Вечерва на Долни Сарај 5+ Фамилија
Post Views: 574 Музичко-сценски перформанс „Немаме резервна планета“ со 5+ Бенд и јунаците од 5+ Фамилија денеска ќе се одржи на сцената „Долни Сарај“ со почеток во 19 часот.Овој настан во продукција на ОХО наменет за најмладата публика е во режија на Сандра Ѓоргиева, а ќе се одигра во рамки на „Охридско лето“. Играат: Игор Ангелов, Ивана Павлаковиќ, Сара Климоска, Марија Кондовска, Чедомир Митевски, Дамјан Цветановски, Матеа Јанковска, Изабела Јакимова, Стефан Николовски.5+ БЕНД и јунаците од 5+ ФАМИЛИЈА преку нивниот музичко-сценски перформанс „Немаме резервна...
Земјотрес од 5,2 степени во Грција
Post Views: 461 Силен земјотрес е регистриран на грчко тло. Земјотрес со јачина од 5,2 степени денеска ја потресе Грција.Земјотресот е со епицентар 28 километри североисточно од градот Патра. Земјотрес денеска имало и во Егејското Море. Во Грција скоро секој ден има земјотреси. Потресите се честа појава на Крит.
Македонија во жолта ковид фаза
Post Views: 441 Во Македонија нема мајмунски сипаници, а земјата е пред пикот од четвртиот бран на Ковид 19. Комисијата за заразни болести заседаваше денес, но нови мерки и препораки нема. Бројките растат, но нема исполнување на болничките капацитети. Првиот човек на здравствениот систем вели дека состојбата со пандемијата засега е оптимистичка и нема пациенти на интензивна нега поради компликации од вирусот.Бројките не се страшни, меѓутоа сега е туристичка сезона многу наши граѓани одат во странство и странци доаѓаат во земјата и самото тоа по себе значи ризик од поголемо...
Засилени полициски контроли
Post Views: 322 Во пресрет на Илинденските празници засилени полициски контроли во охридско-струшкиот регион. Во шпицот на сезона голем број полициски службеници, од овој регион, но и од други градови, ќе се грижат за безбедноста на брегот на Охридското езеро.Огромен број туристи деновиве престојуваат во туристичките центри, токму затоа акцентот ќе биде ставен на одржувањето на јавниот ред и мир и спречување на нарушувања. Полициските службеници ќе бидат фокусирани на неколку сегменти од полициското работење со цел безбедносната состојба и понатаму да биде стабилна и...
Новата метачка како „мачката со опашката“
Post Views: 1.817 Наш сограѓанин ни испрати видео материјал за рубриката „Ти си твојот град“ од новите метачки кои што ЈП „Охридски Комуналец“ ги изнајмува од приватна фирма за чистење.Во текстот што ни го има пратено тој вели:Од видеото се гледа дека само го префрлаат ѓубрето од една на друга страна, но не го собираат. Дали позади метачките треба да оди и работник кој што ќе го собира ѓубрето или можеби се расипани?! Бидејќи метачката само го собира во една линија, а отпадот си останува и истиот не е подигнат.Погледнете го видеото во продолжение!
Одличен концерт на Музичката младина
Post Views: 479 Младешки дух, висок ентузијазам и професионалност го красеше синоќешниот концерт што го одржа камерниот оркестар на Музичката младина на Македонија „Саша Николовски-Ѓумар“ изведувајќи класична музика за публиката на фестивалот „Охридско лето“.Младите уметници приредија прекрасна вечер под диригентската палка на маестро Борјан Цанев, еден од најпрефинетите музичари на македонската сцена.Годинава, Музичката младина со својот камерен оркестар настапува по 36-ти пат во рамките на „Охридско лето“.Ова 36-ти пат како Камерниот оркестар на Музичката младина...
Црна Гора ги враќа заштитните маски
Post Views: 357 Во Црна Гора, поради влошување на епидемиската состојба предизвикана од коронавирусот, во следните 15 дена ќе биде задолжително носење заштитни маски, а здравствените власти уште еднаш апелираа до граѓаните да се вакцинираат против Ковид-19.Директорот на Институтот за јавно здравје Игор Галиќ изјави дека е воведено задолжително носење заштитни маски во сите институции на јавната администрација, продавници за храна, аптеки и бензински пумпи, поради зголемувањето на бројот на заболени и хоспитализирани лица.Галиќ додаде дека заштитните маски се задолжителни...
2 август неработен ден за сите граѓани
Post Views: 315 Денот на Републиката – 2 август (вторник) е неработен ден за сите граѓани на Република Македонија, соопшти денеска Министерството за труд и социјална политика.Од Министерството на сите граѓани им го честитаат празникот – Денот на Републиката.
Нова критична маса Струга
Post Views: 441 Денес во 18 часот во Струга ќе се одржи нова Критична маса, со почеток од градскиот плоштад во Струга. Спонтаната организација на велосипедисти ќе направи долг круг по градските улици славејќи, но истовремено протестирајќи за правата на велосипедистите.Целта на оваа активност е да се подигне свеста кај возачите, да се зголеми желбата на граѓаните за велосипедизмот и да бидеме пример за поеколошки град.Оваа еколошка иницијатива наречена „Critical Mass Struga“, ги собира велосипедистите на градскиот плоштад во Струга, и секој месец парадира по улиците на...
Италијанска вечер на Охридско лето
Post Views: 271 Традиционалната Италијанска вечер на фестивалот „Охридско лето“ вечерва од 21 часот во црквата „Света Софија“ ќе донесе концерт на сопранот Дариа Масиеро и пијанистот Андреа Кампора.Дариа Масиеро е една од најзнaчајните вокални уметници во Италија. Настапува со некои од најголемите оперски имиња на денешницата како Хозе Карерас, Пласидо Доминго, Лео Нучи, Ренато Брусон, под диригентските палки на Рикардо Мути, Антонио Папано, Мјунг -Вунг Чунг и многу други на некои од најпрестижните оперски сцени и на реномирани оперски фестивали. Масиеро настапува во...
Заврши На зајдисонце во Трпејца
Post Views: 332 По девет дена дружба со туристите и мештаните во Трпејца синоќа беше затворено 11-тото издание на културно – забавното лето „На зајдисонце“.Честа да ја затвори манифестацијата му припадна на композиторот и хармоникашот Гоце Џуклески. Тој заедно со пријателите – естрадниот уметник Мирко Вретоски и градскиот мешан хор Vox Lychnidos музички ја разубавија вечерта. Публиката слушна грст негови композиции кои се потпираат на чистата македонска музичка традиција.Инаку, манифестацијата и годинава вообичаено донесе десеттина настани од областа на...