Skip to main content

Автор: инфодеск

Акција за подигнување кабаст и зелен отпад од населба Бараки

Post Views: 88 Ј.П.”Охридски Комуналец”-Охрид ги известува граѓаните на Општина Охрид дека на ден 31.05.2024 год.(петок) ќе организира акција за подигнување кабаст и зелен отпад од  У.З.12 Гоце Делчев (населба Бараки).Граѓаните кои живеат во споменатите делови од градот доколку имаат ваков отпад треба уредно да го депонираат најдоцна до 07.00 часот  на 31.05.2024 година  и претходно локацијата да ја пријават на дежурниот телефон 075-495-428, кој функционира секој ден во неделата во периодот 07.00 часот-21.00 часот.Отпадот треба да е уредно оставен до...

Продолжи со читање

ОСУ Св Кирил и Методиј

Општина Охрид ќе овозможи реализација на практична обука и феријална пракса за учениците од СОСУ „Св.Кирил и Методиј”

Post Views: 50 Општина Охрид ќе овозможи реализација на практична обука и феријална пракса во просториите на општината за учениците од СОСУ „Св.Кирил и Методиј”, профил економски техничар.Оваа активност е предвидена во Меморандумот за соработка, кој Општина Охрид го склучи со ова училиште, со цел да го промовира и унапреди средното стручно образование, како атрактивен и привлечен избор на кариера. Исто така, практичната обука ќе значи и вложување во квалитетот на образованието, кое е важно за успешна иднина на учениците но и за градот и државата.Учениците од I, II и...

Продолжи со читање

Црвен крст Охрид организира обука за спасители на отворени води

Post Views: 55 Во рамки на подготовките за претстојната летна сезона, Црвен крст Охрид организира обука за спасители на отворени води која ќе се реализира во периодот од 21-ви до 28-ми јуни 2024 година.Обуката која ќе се изведува на Охридското езеро содржи теоретски и практичен дел, а ќе ја водат национални и меѓународни инструктори за безбедност на вода според стандардите на Меѓународната Федерација за безбедност на вода (ИЛСФ).Заинтересираните кандидати треба да ги задоволуваат следните услови и барања:– да се постари од 17 години (да достават соодветен доказ-лична...

Продолжи со читање

Ученици, наставници и невладини  во еко акција „Чиста животна средина за светла иднина”

Post Views: 51 Ученици, нставници и невладини во еко акција. На повеќе плажи се  собраа голем број вреќи најразличен отпад.  Еко-акциите  за чистење на крајбрежјето на Охридското езеро се реализираа  во рамките на проектот „ЧИСТА ЖИВОТНА СРЕДИНА ЗА СВЕТЛА ИДНИНА” ,  на иницијатива на ЗГ „Нова Порта”  со поддршка на Министерството за животна средина и просторно планирање.Целта на овој проект е  градење на еколошки свесна младина. Од Здружението на граѓани „Нова порта”...

Продолжи со читање

бродови

Само еден инспектор ќе ја контролира безбедноста во пловидбата на Oхридското езеро ова лето

Post Views: 84 На прагот на летната туристичка сезона состојбата со безбедноста на вода и состојбата со пловилата е задоволителна, рутински како што се очекува, вели Капетанот на Капетанија на пристаништа, Горан Устијаноски. Оваа година предизвикот е кадровски, во делот на инспекцискиот надзор на водниот сообраќај бидејќи по пензионирањето на еден од инспекторите, Капетанијата е со еден Инспектор за безбедност во внатрешната пловидба.„Неопходно е вработување најмалку уште на двајца инспектори кои ќе покриваат поголема акваторија. Веќе се шири работата во смисла на тоа...

Продолжи со читање

Завршени активностите за уредување на речното корито во центарот на село Белчишта

Post Views: 52 Градоначалникот на општина Дебрца, Зоран Ногачески на својот Фејсбук профил ги информира граѓаните дека завршени се активностите за уредување на речното корито во центарот на село Белчишта, во должина од 150 метри, при што се изврши расчистување на теренот од вегетација, поставување на сепариран дробен камен, поставување на арматурна мрежа, бетонирање на двото на каналот и санирање на оштетени делови од постоечкото корито.Вкупната вредност на работите изнесуваат 764.050 денари, а средствата се обезбедени од Буџетот на општината за 2024...

Продолжи со читање

Започна реконструкција на објект (поранешна продавница) во село Ботун

Post Views: 56 Со реконструкцијата е предвидено промена на кров,промена на стара дрвена дограма со нова ПВЦ дограма, изградба на санитарни чворови, промена на електрична и водоводна инсталација,поставување на ново осветлување во објектот, целосно уредување на внатрешни простории и подови.По завршување на реконструкцијата објектот се предвидува да биде издаден како деловен простор (за продавница) и дел од објектот ќе биде наменет за потребите на жителите на село Ботун за одржување на состаноци и собири.

Продолжи со читање

Уредена диорамата на мечката во музејот „Др Никола Незлобински“ во Струга

Post Views: 108 Се репарира диорамата на мечката во музејот „Др Никола Незлобински во Струга”.  Поставката од препарираната мечка стара речиси еден век., беше оштетена и со мувла, денес е обновена и уредена повторно достапна за посетителите.На уредувањето работеше единствениот препаратор во музејот.„По повод 89 годишнината од смртта на основоположникот на музејот Никола Незлобински и по повод мегународниот ден на музеите решивме да ја репарираме диорамата каде што се наоѓа најрепрезентативниот музејски експонат мечката да и дадеме еден нов лик и се...

Продолжи со читање