Skip to main content

Автор: инфодеск

Ти Си Твојот Град: Елитен туризам со елитни ноти

Post Views: 478 Извесен период, охриѓани и гостите во централното градско подрачје секојдневно се изложени на неконтролирано и постојано вклучување на аларм. Алармот се активира на 20-тина минути и истиот има иритантен и многу силен звук. Во текот на денот не е толку забележително, но во вечерните часови, а посебно утринските е страшно вознемирувачки.-Оставени сме без сон и пот постојана напнатост. Како да не се доволно музиките и неконтролираната галама, само уште алармов ни фалеше. Ве молам обратете се некаде да го исклучат, ова веќе не се трпи. Звукот доаѓа од околината...

Продолжи со читање

Светата великомаченичка Недела

Post Views: 122 Во времето на христоборните цареви Диоклецијан и Максимијан, во Анадолија живееја две побожни стари души, Доротеј и Евсевија. Беа побожни христијани, богати, но бездетни. Со непрестајна молитва испросија од Бога едно чедо, оваа света Недела. Таа од детството Му се посвети себеси на Бога, воздржувајќи се од сè што прават разузданите деца. Кога порасна, прекрасна во телото и во душата, навалија многубројни просци, но таа сите ги одбиваше, велејќи дека е вереница на Господ Христос и дека ништо не сака, освен да умре како девојка. Еден од одбиените ги обвини Недела и...

Продолжи со читање

Денес сончево и многу топло со мала до умерена облачност

Post Views: 130 Сончево и многу топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец. Попладне ќе има услови за изолирана појава на нестабилност со краткотраен пороен дожд и грмежи. Во Охрид температурите од 14 до 33 степени Целзиусови, УВ индексот повторно со вредност 9.Под влијание на топла воздушна маса од југ во текот на новата работна седмица времето ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена локална облачност. Дневната температура на повеќе места ќе надминува 35°C, а наместа и 40°C, информираат од УХМР.

Продолжи со читање

Полицијата и родителите во „Соседска патрола“, обиколка на местата на забава на младите

Post Views: 137 Секторот за внатрешни работи Охрид синоќа ја реализираше превентивната кампања „Соседска патрола“.Мешани патроли составени од полициски службеници од Одделението за превенција, родители, претставници од Советот на родители во училиштата, од Секторот за образование при локалната самоуправа, во рамките на оперативниот план „Безбедно лето 2025“, во Охрид, извршија превентивна обиколка на угостителските објекти, како и местата на отворен простор каде, во ноќните часови најчесто се собираат и задржуваат младите.– Целта на кампањата е, родителите да видат каде...

Продолжи со читање

Вечерва ќе бидат промовирани две нови книги од авторките Енис Хилми и Тина Иванова

Post Views: 117 Вечерва во 19:30 часот во Ликвид кафе, стариот дел на Охрид, во организација на издавачката куќа ТЕМПЛУМ, ќе се одржи промоција на две нови книги, низ средба на две македонски авторки.Пред охриѓани за прв пат ќе биде претставено второто, дополнето издание на збирката раскази „Берлин, градот што не го засакав на прва“ од Енис Хилми од Охрид, која за ова дело ја доби годишната награда „Новите“, за најдобар дебитантски прозен ракопис во 2024 година, што ја доделува Темплум. За награденото дело на Хилми, ќе зборуваат промоторите, Елизабета Шелева и Стефан...

Продолжи со читање

Етаблирани турски уметници вечерва настапуваат на фестивалот „Охридско лето“

Post Views: 120 Фестивалската програма на „Охридско лето“ вечерва продолжува со концерт на турскиот ансамбл „Реј“. Концертот ќе се одржи во црквата „Света Софија“ со почеток во 21 часот.Овој состав го сочинуваат мецосопранот Ирем Бурша Бајир, сопранот Шениз Ердинч, баритонот Артур Багдасароглу, тенорот Берк Озбек и пијанистот Алпер Акгул.Станува збор за етаблирани музичари кои се докажани на сцената и се истакнуваат не само со својот талент, туку со исклучителната способност да соработуваат меѓусебно и да воспостават уникатна поврзаност со публиката.Мецосопранистката...

Продолжи со читање

УХМР: Сончево и топло со мала до умерена локална облачност

Post Views: 167 Сончево и топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северoзападен правец.Дневните температури во Охрид ќе бидат во интервал од 13 до 31 степен Целзиусов. УВ индексот ќе има вредност 9.Од денес следува период на сончево и многу топло време со мала до умерена облачност. Особено топло време се очекува во текот на следната работна седмица, кога дневната температура насекаде ќе биде над 30°C, на повеќе места ќе надминува 35°C, а наместа ќе биде и над 40°C, велат од УХМР.

Продолжи со читање

Јавна презентација по нацрт извештајот за влијанието на животната средина за измена и дополнување на ГУП за УЗ4

Post Views: 111 Врз основа на чл.69 од Законот за животна средина (Службен весник на Р.М. бр. 53/05, 81/05, 24/07, 159/08, 83/09, 48/10, 51/11, 123/12 и 93/13, 42/14, 44/15, 129/15, 39/16, 99/18, 89/22 и 171/22) и Уредбата за учество на јавноста во текот на изработка на прописи и други акти, како и планови и програми од областа на животната средина (Службен весник на Р.М. бр. 147/08), Градоначалникот на Општина ОхридО Р Г А Н И З И Р А ЈАВНА ПРЕЗЕНТАЦИЈА И ЈАВНА РАСПРАВА ПО НАЦРТ ИЗВЕШТАЈОТ ЗА СТРАТЕГИСКА ОЦЕНА НА ВЛИЈАНИЕТО НА ЖИВОТНАТА СРЕДИНА ЗА ИЗМЕНА И...

Продолжи со читање

„Охридско лето“ со пијано-концерт и изложба на литвански уметници

Post Views: 129 Со настап на дуото „Зубовас“ и ликовна изложба на репродукции од Микалојус Константинас Чиурлионис (1875-1911)  вечерва во црквата „Света Софија“ со почеток во 21 часот ќе одржи на Литванската вечер на фестивалот „Охридско лето“. Пијанистите Соната Девеикуте-Зубовиене и Рокас Зубовас започнуваат да настапуваат заедно во 1997 година. Обајцата се победници на меѓународни натпревари, а се образуваат на Литванската музичка академија, како и во Швајцарија (Институт „Хајнрих Нојхаус“, Цирих), и во САД (Универзитет „Де Пол“, Чикаго) каде студираат под...

Продолжи со читање

Во недела почнува манифестацијата „На зајдисонце“ во Трпејца

Post Views: 125 Од 20 до 28 јули, годинава по 14 пат во Трпејца ќе се одржи културно – забавната манифестација „На зајдисонце“. Организаторот  Здржението „За Трпејца со љубов“, ветува интересна програма за туристите и домаќините.На денот на отворањето во недела од 20.30 часот по поздравниот говор на претставник  на Општина Охрид под чие покровителство се одржува манифестацијата Фото клубот „Охрид“ ќе ја претстави најновата продукција на фотографии насловена „Убавината на дофат“. Вечерта со својот настап музички ќе ја „обои“ познатиот саксофонист Горан...

Продолжи со читање

Изгласани измените на Законот за возила со кои се олеснува процесот на регистрирање на возилата

Post Views: 202Пратениците вчера на продолжението на 59. седница без расправа со 64 гласа „за“ без воздржани и против го донесе Законот за изменување и дополнување на Законот за возила, по скратена постапка.Со законските измени се олеснува процесот на регистрирање на возилата, така што им се дава можност на станиците за технички преглед да даваат потврда за регистрирано возило, врз основа на претходно утврдени критериуми, која ќе се поистоветува со печатот во сообраќајната дозвола, како и тоа регистрацијата да се врши на цела територија на државата, а не како досега во...

Продолжи со читање

Превентивно-едукативните кампањи на СВР Охрид: „Паркирај совесно“ и „Заштити се од кражби на плажа“

Post Views: 127 Во насока на подобрување на јавната безбедност и подигнување на свеста и совеста кај возачите за користење на обележани паркинг простори како и во насока на намалување на кражби на плажи, отсекот за превенција при СВР Охрид, ги спроведува превентивно-едукативните кампањи „Паркирај совесно“ и „Заштити се од кражби на плажа“.-Притоа, полициски службеници вршеа обиколка низ паркинг просторите во градот како и кон плажите при што, остварија кратки контакти со граѓаните посочувајќи им ја неопходноста од исклучиво користење означени паркинг места и непаркирање на...

Продолжи со читање