Skip to main content

Автор: инфодеск

Сончево и топло до 31°C

Views: 153 Сончево и топло со мала до умерена облачност. Попладне ќе има локална појава на нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.Во Охрид минималните температури од 16, а максималните до 31 степен Целзиусов.Од четврток следува период на претежно стабилно и многу топло време. Во сабота наместа ќе има нестабилност проследена со засилен ветер, пороен дожд и грмежи. Во деновите од викендот дневната температура наместа се очекува да надмине 40 степени.

Продолжи со читање

Градоначалникот Пецаков се сретна со вршителката на должноста амбасадор на САД, Никол Варнс

Views: 171 Градоначалникот на Охрид, Кирил Пецаков, денеска остварил средба со вршителката на должноста амбасадор на Соединетите Американски Држави во Македонија, Никол Варнс.Како што информира Пецаков, на средбата било разговарано за приоритетните проекти поврзани со спроведувањето на препораките на УНЕСКО, како и за проектите насочени кон младите.„Ја запознав амбасадорката Варнс со финансиските политики на актуелната локална власт, кои обезбедија стабилност на општината, а разговаравме и за економската состојба на градот и развојот на туризмот“, објави Пецаков.Средбата се...

Продолжи со читање

Започна порибувањето на Охридското Езеро со охридска пастрмка

Views: 173 Денес започна процесот на порибување на Охридското Езеро со охридска пастрмка. Заменик министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Албрим Хоџа, заедно со претставници на Државниот инспекторат за земјоделство и ЈНУ Хидробиолошки завод Охрид, учествуваше во првата фаза од порибувањето на езерото.Согласно договорот помеѓу Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство и ЈНУ Хидробиолошки завод Охрид, во оваа фаза е предвидено порибување со 100 илјади единки охридска пастрмка, произведени од вештачкиот мрест во 2025 година.Подмладокот со кој се...

Продолжи со читање

Горива

Дизелот поскапува за 6,5 денари, а бензинот 4,5

Views: 190 Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) донесе одлука со која малопродажните цени на нафтените деривати во просек се зголемуваат за 4,85 отсто, во однос на претходната одлука од 10 август.Од 18 август во 00:01 часот, максималните цени ќе изнесуваат:Еуросупер БС-95 – 91,50 денари/литар, поскапување за 4,50 денари.Еуросупер БС-98 – 93,50 денари/литар, поскапување за 4,50 денари.Еуродизел БС (Д-Е V) – 98 денари/литар, поскапување за 6,50 денари.Екстра лесно масло (ЕЛ-1) – 98,50 денари/литар, поскапување за 6 денари.Мазут М-1 НС – 43,726 денари/килограм,...

Продолжи со читање

Еден состојка од кујната ги брка комарците подалеку од домот и градината

Views: 227 Летните вечери на балкон или тераса за многумина се најпријатниот дел од денот. Кога температурите конечно ќе се намалат, многумина уживаат во дружење на свеж воздух, но токму тогаш често започнува и борбата со комарците, кои за само неколку минути можат да ја расипат целата атмосфера. Овие инсекти се особено активни во топлите месеци, а нивното зуење и убодите се доволна причина за многумина да се откажат од престојот на тераса.Сепак, постои едноставен трик со кој можете да се обидете да ги држите подалеку, без потреба од скапи препарати. Потребно е само да погледнете во...

Продолжи со читање

Oхрид во знакот на спортовите на вода во рамки на програмата на Ohrid Water Festival

Views: 332 Во Охрид изминатиот викенд се одржаа низа спортски настани во рамки на програмата на Ohrid Water Festival 2026, со кои градот уште еднаш беше во знакот на спортовите на вода.Во водите на Охридското Езеро љубителите на водените спортови имаа можност да проследат повеќе атрактивни натпревари, меѓу кои Меѓународната кајак регата, Red Bull Педалинка, Меѓународниот ватерполо турнир, како и Меѓународната едриличарска регата „Охрид 2026“, која трае четири дена и завршува денеска.Во рамки на фестивалот се одржа и Меѓународниот едриличарски тренинг камп „Охрид 2026“....

Продолжи со читање

„Уна“- интимна, поетична и визуелно впечатлива театарска приказна за борбата на индивидуалецот и љубовта

Views: 255 Театарската претставата „Уна“ работена по текст на истоимениот роман на Момо Капор, во адаптација на Стеван Копривица, режија на Дејан Пројковски и во продукција на театарот „Звездара“ од Белград, вчеравечер беше вистински празник на драмскиот репертоар на 66. „Охридско лето“.Во време кога технологијата и социјалната пропаганда го преплавуваат секојдневниот живот, кога е тешко да се зачува искрена и длабока врска, оваа интроспективна и емотивна драма  потсети на важноста на зачувувањето на автентичноста и искреноста и собра громогласни аплаузи како награда од публиката...

Продолжи со читање

Од медовина до домашен леб, Долна Порта во знакот на охридските вкусови

Views: 178 Викендов Долна Порта во Охрид мирисаше на домашни производи, вино и лето. Се слушаше музика, се наздравуваше, се дегустираше, а охриѓани, домашни гости и туристи од различни краишта на светот уживаа во гастрономското патување што го понуди петтото издание на „Вкуси го Охрид – локално: Охридска медовина“.Настанот полека, но сигурно прераснува во еден од оние охридски летни настани кои не се само дел од програмата, туку стануваат дел од доживувањето на градот.Оваа година, приказната започна уште на влезот, на „портата на вкусовите“, каде две охриѓанки ги пречекуваа...

Продолжи со читање