Skip to main content

Автор: инфодеск

Што поскоро прогласување на Јабланица за НП

Post Views: 565 Што поскоро да заврши постапката за прогласување на Јабланица за Национален парк. Екологистите сметаат дека на тој начин ќе престане девастацијата на шумите, узурпацијата на земјиштето и дивоградбите.Соголувањето на шумите и нелегалните градежни активности се клучните предизвици на планинскиот појас познат по ендемичната флора и фауна. За поголема заштита на природното богатство, еколозите бараат час поскоро да заврши постаката за заштита.Ставањето под контрола на овие процеси, прекинувањето на илегалните процеси само ќе биде во полза на населението кое...

Продолжи со читање

Владата со стипендија за Марко Пејчиновски

Post Views: 337 Премиерот Димитар Ковачевски денеска во својот кабинет го прими младиот пливач Марко Пејчиновски, придружуван од директорот на Агенција за млади и спорт, Наумче Мојсовски.Ковачевски срдечно му ги честиташе на Пејчиновски досегашните пливачки успеси и упати порака дека Владата преку Агенцијата за млади и спорт ќе продолжи да ги поддржува младите успешни спортисти кои се силни промотори на спортска култура во државата.Како знак на признание на Пејчиновски кој и покрај ретката болест постигнува извонредни спортски резултати, премиерот Ковачевски на младиот...

Продолжи со читање

Усвоен предлог законот за Студенчишко блато

Post Views: 347 На 85-тата Седница, Владата на Република Северна Македонија го усвои Нацртот на Законот за прогласување на Студенчишко Блато за заштитено подрачје во категорија IV – Парк на природа, по што истиот ќе се достави до Собранието на понатамошно постапување.Донесувањето на овој Закон, освен што значи исполнување на препораката на УНЕСКО, ќе овозможи зачувување на природната состојба на локалитетот преку заштита на природните и други вредности, спречување на дејствија што можат непосредно или посредно да предизвикаат нарушување на живеалиштата и...

Продолжи со читање

Во сообраќајка повредена 19-годишна девојка

Post Views: 658 На 27.09.2022 во 21:35 часот во СВР Охрид, пријавено е дека околу 19 часот на кружната крстосница од улиците „15-ти корпус”, „7-ми ноември”, „Железничка” и „Ристо Чадо” во Охрид, патничко моторно возило „шкода октавија”, управувано од Љ.С.(54) од Охрид, удрило во велосипед управуван од М.Џ.(19) од Охрид.Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила М.Џ. констатирани во Специјалната болница „Св. Еразмо” во Охрид. Извршен е увид од увидна екипа од СВР Охрид – информира Стефан Димоски, портпарол на СВР Охрид.

Продолжи со читање

Бесплатна посета на претставата Крик за љубов

Post Views: 245 Националната установа Центар за култура “Григор Прличев”- Охрид како организатор и незаобиколен фактор на културниот живот во Охрид и во неговата околина успешно развива бројни културни содржини што ги анимира граѓаните и особено младата генерација. За таа цел оваа Установа со почетокот на новата театарска сезона 2022/23 година почна со континуирано прикажување на театарски претстави.За успешен почеток на школската година нудиме бесплатна посета на театарската претстава „Крик за љубов” за сите средношколци од прва година од градот Охрид....

Продолжи со читање

Промоција на стихозбирката Позајмениот куфер

Post Views: 231 Утре со почеток во 12 часот во НУ Библиотека „Григор Прличев“ ќе биде промовирана стихозбирката „Позајмениот куфер“ од Наум Трајчески. Роднокраен автор и почесен член на охридската библиотека.За животот и творештвото на Трајчески ќе говори м-р Милчо Јованоски, директор на библиотеката. Пред присутните ќе биде прочитан и освртот на Билјана Петрова од Австралија. Наум Трајчески е роден во село Издеглавје, Охридско во 1952 година. Од 1977 година живее во Австралија. Основач е на Македонското Литературно Друштво ,,Ванчо Николески“ од Квинбијан Нов Јужен...

Продолжи со читање

Пет нови книги во Градската библиотека

Post Views: 231 НУ Библиотека „Григор Прличев“ од Охрид и оваа недела ви препорачува пет нови наслови кои од денеска можете да ги зајмите.„Големи лаги во мал град“ од Дијана Чејмберлен во издание на Култура.Чејмберлен, докажан раскажувач на неверојатни приказни, ги држи читателите во неизвесност со приказна што ги поврзува историјата и сегашноста со романса и мистерија.Северна Каролина 2018 година:Поради злосторството што не го сторила, животот на Морган Кристофер се менува целосно. Нејзиниот сон за уметничка кариера е ставен во мирување, додека еден мистериозен...

Продолжи со читање

Охридската липа со моќни биолошки вредности

Post Views: 383 Исклучителни резултати прикажуваат лабораториските истражувањата на Охридската самоникна липа.Mеѓународeн истражувачки тим составен од повеќе професори од универзитети од Македонија, Србија и Турција вршеле анализи и истражување и на липите од Охридски, Скопски и Струмички регион. Климатски услови, надморската висина, чист воздух езерската клима се условите на Охридскиот регион кои ја зголемуваат биолошката вредност на липата, вели Д-р Моника Стојанова дел од истражувачкиот тим.„ И навистина повторно истите резултати ги добивме каде Скопските и...

Продолжи со читање

Приведен дилер во Охрид, пронајдена дрога

Post Views: 341 Денеска, 27.09.2022 во СВР Охрид приведен е Г.В.(36) од Охрид.При претрес во неговиот дом, извршен по добиена судска наредба, полициските службеници од Одделението за недозволена трговија со дрога при СВР Охрид, пронајдоа и одзедоа кеса марихуана и саксија со засадени растенија канабис сатива. По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава – се вели во соопштението на СВР Охрид.

Продолжи со читање

Кривична за жител на Белчишта поради измама

Post Views: 303 СВР Охрид поднесе кривична пријава против С.Ѓ.(42) од селото Белчишта, општина Дебрца, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „измама”.Тој, на повозрасна жителка на Охрид, доведувајќи ја во заблуда и ветил дека ќе и овозможи престанок на должнички однос во една финансиска институција, која претходно и одобрила кредит. Притоа, од оштетената побарал и добил 24000 денари – информира Стефан Димоски, портпарол на СВР Охрид.

Продолжи со читање

Лабуништани најавуваат масовни протести

Post Views: 354 По две и пол годишна пауза, повторно се активира механизацијата на каменоломите во струшко Лабуништа. И покрај одземените концесии, се врши минирање, ископување и експлоатација.Со години еколозите бараат затворање на каменоломите, кои поради ископување предизвикуваат големи количини прав, кој го труе населението.Мештаните, бараат итно да прекинат со работа, во спротивно најавуваат масовни протести, бојкот на настава и блокади на патиштата.Ќе мораме да примениме радикални мерки со блокирање на патишта и уште полошо, населението бара бојкот на...

Продолжи со читање

Тепачка во спортска обложувалница

Post Views: 310 На 26.09.2022 година во 20:55 часот, во СВР Охрид пријавено е нарушување на јавен ред и мир во спортска обложувалница лоцирана на улицата „Кленоец” во Охрид.Извршен е физички напад од Г.М.(47) врз Т.Б.(33), двајцата од Охрид. Напаѓачот е приведен и против него ќе биде поднесена соодветна пријава – информираат од СВР Охрид.

Продолжи со читање