Skip to main content

Автор: инфодеск

Eдукативни посети на културното наследство во Стар Град и Музејот на вода

Post Views: 17 Здружението за заштита и одржлив развој на животната средина „Регионален зелен центар“ Охрид во рамки на проектот „Дигитализација и промоција на културното наследство во Охрид“ ги спроведе предвидените едукативни посети на културното наследство во Стар Град и Музејот на вода.Едукативните посети беа наменети за ученици од шест основни училишта од Охрид- ОУ „Ванчо Николески” – с. Лескоец, ОУ „Св. Климент Охридски”- Охрид, ОУ „Братство Единство”- Охрид, ОУ „Кочо Рацин”- Охрид, ОУ „Григор Прличев“ – Охрид, ОУ„Христо Узунов“ – Охрид. Учениците имаа можност да...

Продолжи со читање

Просечната нето-плата во август 36 390 денари

Post Views: 13 Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во земјава, во август година, изнесува 36 390 денари, што е за 14.2 отсто повеќе во однос на истиот месец лани, соопшти Државниот завод за статистика.Ваквото зголемување се должи, пред сѐ, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите: Административни и помошни услужни дејности (21. 6 %), Образование (17.5 %) и Градежништво (16. 5 %). Зголемување на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во однос на претходниот месец, е забележано во секторите: Рударство и...

Продолжи со читање

Марихуана

Приведени две лица на ул.,,7 Ноември“ кај кои била пронајдена марихуана

Post Views: 11 На 19.10.2023 во 16.40 часот на ул.,,7 Ноември“во Охрид, полициски службеници од СВР Охрид лишиле од слобода 24 годишно лице од с.Велгошти, охридско и 43 годишно лице од Охрид.– При преглед во возилото „фолксваген голф“ со охридски регистарски ознаки, кое го управувало лицето од Велгошти, била пронајдена и одземена марихуана. Исто така, марихуана била пронајдена и кај сопатникот од Охрид. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава, информираат од СВР Охрид.

Продолжи со читање

Јавен увид на урбанистички проект за изградба на фото напонски панели во Лескоец

Post Views: 17 Општина Охрид организра Јавен увид по урбанистички проект вон опфат на УП за изградба на фото напонски панели за производство на електрична енергија кои се градат на земјиште и пристапен пат на КП 333/2 и делови од КП 332 и КП 333/1, КО ЛЕСКОЕЦ, ОПШТИНА ОХРИД, со 185/22 изработен од РЕСУРС ЛТДИ д.о.о.е.л.Површината на проектниот опфат изнесува 2,111 ха. Урбанистичкиот проект вон опфат на УП за изградба на фото напонски панели за производство на електрична енергија кои се градат на земјиште и пристапен пат на КП 333/2 и делови од КП 332 и КП 333/1, КО...

Продолжи со читање

Започнува одбележувањето на 23ти Октомври, Денот на македонската револуционерна борба

Post Views: 17 Општина Охрид со низа настани и свечености ќе го одбележи 23-ти Октомври, Денот на македонската револуционерна борба и јубилејот 130 години од формирањето на Македонската револуционерна организација.Денеска, со почеток во 12 часот, во големата сала на Општина Охрид ќе се одржи промоција на книгата „За македонистиката отворено“ од проф. д-р Димитар Пандев и Свето Стаменов. Промотор ќе биде доц. д-р Бобан Карапејовски.Вечерва, од 19:00 часот, во големата сала на Општина Охрид ќе се одржи свеченост по повод 23-ти Октомври, во рамки на која обраќање ќе има...

Продолжи со читање

Сончево со температура до 25 степени

Post Views: 12 Денеска во Охрид времето ќе биде сончево со умерена облачност и потопло со умерен до засилен ветер од јужен правец. Максималната дневна температура ќе се искачи до 25 степени.Во Македонија следува период на променливо облачно време со сончеви периоди и потопло. Во сабота ќе дува засилен јужен ветер, а во текот на ноќта кон недела ќе има преодно дестабилизирање со локален пороен дожд.фото: Ѓоко Симјаноски

Продолжи со читање

Поради административни пречки може да пропадне проектот за Дневен центар во Охрид

Post Views: 17 Доколку до крајот на октомври не завршат сите административни процедури, ќе пропадне сонот за отворање на Дневен центар за децата со посебни потреби. Ќе пропаднат и обезбедените средства за негово опремување во просториите на поранешната касарна.Проектот е на општина Охрид и здружението Вопс , но настанаа административни проблеми околу просторот.  Општината го отстапи, но проблемот се јавил поради тоа што државата претходно го дала на користење просторот на општината.„Проектот ни беше одобрен и договор се потпиша во декември со министерството, меѓутоа...

Продолжи со читање

Поставени 10 контејнери за електричен отпад на територијата на Општина Охрид

Post Views: 23 Поставени 10 контејнери за електричен и електронски отпад и отпадни батерии на територијата на Општина Охрид. Општината во соработка со Друштвото за управување со отпад „Нула Отпад“ од Скопје започнува со собирање и селектирање на електричен и електронски отпад, како и на отпадни батерии.Оваа иницијатива претставува значаен чекор кон заштитата и одржливоста на животната средина, помагајќи во намалувањето на опасниот отпад на улиците и сузбивањето на создавање на диви депонии околу контејнерите. Исто така, селектирањето и правилното одлагање на отпадот,...

Продолжи со читање