Автор: инфодеск
Post Views: 416 Музичката програма на фестивалот „Охридско лето“ продолжува вечерва од 21 часот на сцената „Долни Сарај“ со кабарето „Животот е…“ од Наташа Поплавска.По успешните мјузикли „Чикаго” и „Мама миа” во кои македонската публика уживаше изминатите години, а по двегодишна пауза во која светот застана, Наташа Поплавска на публиката повторно ќе и понуди музичко – сценско уживање во нова приказна напишана од Ристо Вртев, а режирана и сценски визуелизирана токму од Поплавска.Во ова патешествие им се придружуваат маестралните визуелни уметници, видео...
Колку пари исплатила на медиуми новата локална власт?!
Post Views: 2.093 Како што најави ТВМ пред 6 месеци, дека на јавноста ќе и презентира информација колкави трансфери и кон кои медиуми исплаќаат Локалната самоуправа од Охрид и Јавните претпријатија, денеска ги сумира податоците за првото тромесечие од годинава. Податоците редакцијата ги обезбеди според Законот за пристап до информации од јавен карактер.Од анализата на добиените податоците, може да се согледа дека во првиот квартал од годинава, вкупно кон медиуми исплатени се близу 1.350.000,00 денари, односно безмалку 22.000 евра.Општината и јавните претпријатија,...
Нова заштитна ограда на детското игралиште во Христо Узунов
Post Views: 194 Екипа на ЈП „Градски Пазар“ постави нова заштитна ограда на детското игралиште во населбата Христо Узунов.По ова следува и поставување на нови реквизити, со што ќе се добие уредена зона која најмладите ќе ја користат и во текот на летниот распуст – велат од ЈП „Градски Пазар“ Охрид.
Еко кампања за дестинации без отпад
Post Views: 342 Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот континуирано го поддржува развојот на еко туризмот и растот на одржливите форми на туризам, паралелно со зачувување на природата и животната средина.Во постојаната комуникација со туристичкиот сектор и локалната власт ја согледавме потребата од подигнување на јавната еколошка свест и придобивките од истата, во контекст на чисти туристички дестинации.Со цел да мотивира и инспирира, Агенцијата за туризам започнува Еко кампања за дестинации без отпад, во нашата држава.Истата ќе започне официјално денес, а...
Пожарот во беровско се става под контрола
Post Views: 311 Пожарот помеѓу беровските села Будинарци и Митрашинци се става под контрола. Се очекува најдоцна до утре целосно да биде изгаснат.Во гасењето на 50-ина хектари, освен пожарникарите од Берово учествуваа и екипи од неколку соседни градови. Од воздух, огнот со вода од беровско езеро се гасеше со полициски хеликоптер и со еден од ер тракторите на дирекцијата за заштита и спасување. Вториот пожар кај делчевското разловци од ноќеска е изгаснат. Таму беше опожарена површина од 40-ина хектари со сува трева, нискостеблеста, борова и дабова шума. Екипите се на...
Јавен повик за туристички инфо центар
Post Views: 329 Општина Охрид денеска објави Јавен повик за пројавување интерес за користење недвижен имот-туристички инфо центар.Повеќе информации на следниот линк
(Видео) Втора вечер Бич Филм Фестивал
Post Views: 326 Петтото издание на Бич Филм Фестивал во промоција на новата генерација филмски автори веќе го отвора третиот фестивалски ден.Во Лапидариумот денес ќе можете да ги погледнете филмовите од Официјалната селекција на кратки студентски филмови:20:30ч (ОС) Кратки студентски филмови– Alone, – Forever, – Liberty, – Hide and Seek, – Sucking Diesel, – I’m here, – Not Far out,- Vandal, – Neighbours, – Sisters.На Славија денес ќе гледате и слушате:20:30 Anaïs in Love22:30 DJ Anna Noodle...
Се асфалтира улицата 28 април
Post Views: 272 Градоначалникот Кирил Пецаков претпладнево направи увид на градежните работи на улица „28-ми април“ којашто денес се асфалтира.Асфалтен слој се поставува на должина од 550 метри и ширина од 6 метри.Претходно на улицата се гребеше стариот асфалт, просторот се тампонираше и се нивелираа шахтите. Асфалтирањето на улицата се очекува да заврши денес.Проектот е дел од Програмата за уредување на градежно земјиште на Општина Охрид и се реализира со средства од буџетот на локалната самоуправа.
Стефан Миленковиќ вечерва на Охридско лето
Post Views: 383 Светски познатиот виолинист, брилијантниот Стефан Миленковиќ, заедно со реномираниот Ансамбл „Камерата Нови Сад“, на Фестивалот Охридско Лето ќе го изведат уникатното дело „Кармина Бурана“ на сцената на Долни Сарај.Српската вечер на „Охридско лето“ е продолжување на традицијата на Фестивалот за соработка со Амбасадите во Република Северна Македонија со чија помош се реализираат настапи на истакнати и еминентни уметници.Вечерва во рамките на Српската вечер, фестивалот ќе понуди нешто ново, ексклузивно, многу атрактивно и наменето за пошироката публика. Ова...
Бурни овации за концертот на пијанистот Сермет
Post Views: 252 Впчечатлив драматизам и импресивен емотивен израз донесе вчеравечер на подиумот во црквата „Света Софија“ маркантниот пијанист од Турција, Хусеин Сермет.Концертот беше вистинско уживање за публиката. Турскиот виртуоз со повеќе од четиридецениска кариера, претставувајќи се со дела од Бах, Бетовен и Лист ги воодушеви посетителите кои го наградија со бурни овации и бисеви.Сермет во својот богат пијанистички стаж настапувал со македонски уметници, но годинава првпат е дел од музичката програма на „Охридско лето“.Да, ова е мојот прв концерт на „Охридско...
Пиштол и 22 куршуми пронајдени кај охриѓанец
Post Views: 530 СВР Охрид поднесе кривична пријава против З.Ј.(28) од Охрид, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „недозволено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материи”.На 16.07.2022 година, по претходно добиена судска наредба, извршен е претрес во неговиот дом, при што полициските службеници пронајдоа и одзедоа еден 1 пиштол „ASTRA” калибар 6,35милиметр и 22 куршуми различен калибар што нелегално ги поседувал – информира Стефан Димоски, портпарол на СВР Охрид.
Охриѓанец нападнал сограѓанин
Post Views: 525 На 21.07.2022 година во СВР Охрид пријавено е дека околу 10:30 часот, на булеварот „Туристичка” во Охрид, нарушен е јавниот ред и мир со викање и агресивно однесување извршено од А.Ф.(41) кон М.А.(37), двајцата од Охрид.По целосно документирање на настанот, СВР Охрид ќе поднесе соодветна пријава – информира портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски.