Автор: инфодеск
Post Views: 128 Ученици од ОЕМУЦ „Св. Наум Охридски“ повторно прваци на меѓународниот натпревар по роботика „Балкан јуниор 2024“, кој се одржа на 24.05.2024 година, на денот на сесловенските просветители Светите Кирил и Методиј, во Истанбул.На XI -тиот по ред меѓународен натпревар по роботика Балкан јуниор 2024 учествуваше тимот составен од учениците Кристијан Толески III -4, Горазд Јованоски III-3 од профилот – Електротехничар за компјутерска техника и автоматика и менторите м-р Љупчо Балески, м-р Сања Јованоска. Тие го освоија ПРВОТО место во силна конкуренција...
Граѓаните може да ги подигнат личните документи за кои поднеле барања од 15-ти март до 14-ти мај
Post Views: 54 Отсекот за управни работи при СВР Охрид, ги информира граѓаните кои во периодот од 15.03 до 14.05.2024 година, поднеле барања за замена на старите лични карти, патни исправи и возачки дозволи, со нови лични документи, дека истите можат да ги подигнат во просториите на одделението во Охрид, Струга, Кичево и Дебар. Тоа, можат да го направат секој работен ден од 07.30 до 19.30 часот.Отсекот за управни работи при СВР Охрид, секојдневно ги прима и навремено ги процесуира сите барања за вадење нови лични документи што ги доставуваат граѓаните со цел, забрзување на...
Во среда ќе се спроведе дезинсекција против комарци, пчеларите да преземат соодветни мерки
Post Views: 55 На 29.05.2024 год. (среда ) ќе се спроведе теристичка (од земја ) дезинсекција против комарци. Запрашувањето ќе се врши во период од 19 часот во среда до 06 часот во четврток.Со дезинсекцијата ќе биде опфатено Охридското крајбрежјето на потег од с. Подмолје до комплексот Св. Наум, територијата на град Охрид, потег на река Грашница, Коселска Река.Од локалната самоуправа апелираат до пчеларите и пчеларските задруги да ги превземат соодветните мерки за заштита на на пчелите. Исто така се молат и граѓаните во тој период да го намалат своето движење на...
Доделени награди на охридските ученици, кои оствариле високи резултати на државни и регионални натпревари
Post Views: 58 Во рамки на одбележувањето на 24-ти мај, Денот на сесловенските просветители, претпладнево пред споменикот на Кирил и Методиј на Охридскиот кеј се одржа пригодна свеченост на која беа доделени награди на охридските ученици, кои оствариле високи резултати на државни и регионални натпревари.Пред бројните ученици, родители, наставници и делегации, свое обраќање имаше градоначалникот Кирил Пецаков.На овој убав празничен ден ја имаме честа да оддадеме почит и благодарност на првите апостоли на Словените, кои ни го оставија најдрагоцениот подарок, а тоа е...
Со трибина „Светите Кирил и Методиј стожерот на нашето постоење“ на брегот на Охридското Езеро се одбележа Денот на сесловенските просветители
Post Views: 67 Браќата Кирил и Методиј пред еден милениум покажаа дека нема инфериорни култури и народи, дека нема нееднакви пред божјото слово и божјата правда, дека секоја неправда може да се порази со силната волја и посветеност, работа и труд. Нивниот аманет кој го оставиле е голем, исто како што е големо и нивното име, истакна лидерот на ВМРО ДПМНЕ Христијан Мицковски на трибината во калишкиот манастир.Тие се денес европски светители и заштитници и секој може да го слави нивното дело, но факт е дека пред повеќе од 1100 години нивните мисионерски чекори...
Изложба на фотографии и проекција на филм во чест на Свети Кирил и Методиј
Post Views: 61 Во рамки на свечената програма за одбележување на 24. Мај Денот на сесловенските просветители Кирил и Методиј вчеравечер во УИНТ „Св. Апостол Павле“ се одржаа два културни настани организирани од страна на Општина Охрид и Амбасадата на Република Словачка во Македонија. Беше отворена изложбата на фотографии „По трагите на Свети Кирил и Методиј“ и беше прикажан документарниот филм „Тајниот код на Константин“.На настаните во името на Локалната самоуправа присуствуваше заменик градоначалникот Перчо Божиновски и советници од Советот на Општина Охрид....
Книжарница на тркала во Охрид и Струга
Post Views: 41 За празникот на сесловенските просветители Кирил и Методиј во Охрид, книжарницата на тркала Зборче на плоштадот Крушевска Република од 10 до 20 часот.Книжаницата на тркала ќе ја посети и Струга на 25 мај од 10 до 20 часот на Градскиот плоштад.Охриѓани и стружани овие два дена ќе можат да се дружат со авторите Жарко Кујунџиски, Милчо Мисоски, Елена Божиноска, Јордан Коцевски и Дијана Петрова.
Волшебната претстава за деца „Црвенкапа” во недела во ЦК Григор Прличев – Охрид
Post Views: 50 Специјално само за најмладата публика во Охрид, на 26.05.2024 (недела) со почеток во 11:30 часот во големата сала во НУЦК Григор Прличев – Охрид ќе биде одиграна волшебната претстава за деца „Црвенкапа”.Станува збор за претстава која ги полни салите низ цела Македонија, и истата е надополнета и со неколку новокомпонирани детски музички песни кои се специјално создадени за оваа претстава, и истите пред публиката заедно со дечињата ќе ги отпеат нивните омилени театарски ликови од оваа волшебна сказна. На крајот од претставата дечињата ќе се сликаат со Црвенкапа...







