Автор: инфодеск
Post Views: 87 ЈП Градски Пазар Охрид објави оглас за прибирање пријави за користење простор и продажен пункт-типизирана куќарка и станици за подвижна урбана опрема.Просторот и урбаната опрема, лоцирани на Кеј Македонија, се издава со намена продажба на храна и сувенири и станици за подвижна урбана опрема со намена продажба на храна.Просторот и урбаната опрема ќе се издава за времетраење од 15.06.2024 до 15.09.2024 година.Пријавата на унифициран образец, (Унифициранот образец може да се подигне во просториите на ЈП Градски Пазар Охрид или на веб страната на ЈП...
76 годишен охриѓанец загинал откако се превртел со трактор на локален пат во кочанско
Post Views: 43 На 23.05.2024 година во 13.29 часот во СВР Штип било пријавено дека на локалниот пат с.Зрновци–с.Мородвис, кочанско, на коловозот се превртел трактор управуван од 76 годишно лице од Охрид, а со престој во с. Мородвис.-Од здобиените повреди на местото на несреќата починал возачот. Од страна на лекар од Итната медицинска помош била констатирана смрт. По наредба на јавен обвинител телото на починатиот било предадено на обдукција, а увид извршила увидна екипа од ОВР Кочани, информираат од МВР.Фото: илустрација
Честитка на градоначалникот Пецаков за денот на сесловенските просветители
Post Views: 41 Градоначалникот на Охрид, Кирил Пецаков упати честитка по повод 24 мај, денот на сесловенските просветители Кирил и Методиј.– На сите просветни работници, ученици и на сите граѓани на Општина Охрид им го честитам 24 мај, Денот на сесловеснките просветители Светите браќа Кирил и Методиј.Благодарение на нивната извонредна просветителска дејност, денес го имаме најголемото духовно богатсво јазикот и идентитетот. Писменоста на еден народ е најголемата и најважната придобивка на...
Сончево со температура до 22 степени
Post Views: 43 Времето денеска ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од северозападен правец. Максималната температура во Охрид до 22 степени.Попладне ќе има изолирана појава на нестабилност со краткотраен пороен дожд и грмежи. Во деновите од викендот ќе преовладува променливо облачно време, наместа нестабилно со пороен дожд, грмежи и локална појава на невреме. Во понеделник се очекува преодно стабилизирање на времето, а од вторник во попладневните часови повторно ќе има изолирана појава на пороен дожд и грмежи,...
Голема Детска трка по трет пат во Охрид во организација на АК „Охрид ТрчаТ“
Post Views: 112 Oколу 500 првачиња од основните училишта од Охрид и Дебрца беа дел од големата Детска трка која се одржа денеска на стадионот „Билјанини извори“ во организација на АК „Охрид ТрчаТ“.Спортската манифестација која во ваков формат се организира по трет пат, има за цел е да ги промовира спортските навики кај најмладите и да ја подигне свеста за поголема физичка активност.Пред почетокот на трката, присутните ги поздрави градоначалникот на Општина Охрид, Кирил Пецаков.-На мое големо задоволство и радост, денеска сум овде заедно со вас, за да ги...
Водата во и околу мерни места ПАЗАР и ОРМАН небезбедна за пиење
Post Views: 36 ЈП ВОДОВОД Охрид ги известува корисниците кои живеат во и околу мерни места ПАЗАР и ОРМАН – СЕЛО – Охрид , дека при санирање на дефект настаната е контаминација на водата за пиење во и околу овие мерна места.– Од страна на ЈЗУ Центар за јавно здравје – Охрид земена е повторно вода за анализа од овие мерни места и се додека не се добијат официјални резултати од извршените анализи, се забранува за пиење водата во и околу мерни места ПАЗАР и ОРМАН – СЕЛО -Охрид, велат од јавното претпријатие.
Претрес во Охрид, пронајдена дрога кај 29-годишно лице од Куманово
Post Views: 42 На 22-ри мај 2024 година, во 21:20 часот во Охрид, полициски службеници од Одделението за недозволена трговија со дрога при СВР Охрид лишиле од слобода 29-годишно лице од Куманово.–При претрес во домот кој привремено го користел во Охрид, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени марихуана, бела прашкаста материја, грендер и дигитална вага. По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава, информираат од МВР.
Со богата програма Охрид достојно ќе го одбележи Денот на сесловенските просветители
Post Views: 63 Со богата програма, Охрид и годинава достојно ќе го одбележи Денот на сесловенските просветители, светите браќа Кирил и Методиј.Синоќа СОСУ „Св. Кирил и Методиј“ со пригодна свеченост во НУ Центарот за култура „Григор Прличев“ го одбележа патрониот празник.Вечерва, од 18:45 часот во УИНТ „Св. Апостол Павле“ ќе биде отворена изложбата на фотографии „По трагите на светите Кирил и Методиј“ – коорганизација на Општина Охрид и Амбасадата на Република Словачка. На истата локација од 19:00 часот ќе се одржи проекцијата на филмот „Тајниот код на Константин“, исто...







